Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • Креатор на темата Креатор на темата Almala
  • Време на започнување Време на започнување

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91
Јас дури не го ни паметам.Дома со моите се расправам премногу бидејки тие се верници а јас атеист.Им велам за џабе сте ме крштевале.А тие упорно, не , крстена си, православна христијанка си..

Со тоа што си крстена, со тоа само си станала потенцијален член во Црквата, .т.е во телото Христово. Доколку Ти лично не ја исповедаш довербата и верата во Христа, ни оддалеку не си православна христијанка, туку си лик кој не Го прифаќа Христа, Неговото учење и Неговата крсна жртва. Верата е личносна категорија, која не е генерациски пренослива, ниту се стекнува по автоматизам. Верата се исповеда лично.
--- надополнето: Jul 1, 2011 8:46 AM ---
Јас не сум крстен, носам во себе легион демони...

Бу !!
Аааааа, и уопште не си плачел, така? :D
 
кога веќе го воспитуваш со сите вери,воспитувај го со сите можни сексуални ориентации,па самото дете нека си одбере...

иначе затоа ништо не треба да се воспиутува , се во свое време ќе си дојде , и самото ќе си одлучи.

Постарата знае што е хомосексуалност и хетеросексуалност. Кога е детето експонирано од надворешноста и прашува, сигурно ќе му кажам и нема да го држам во темница.....него што ти беше поентава со ова нафрлање тебе?

Ништо да не се воспитува? Се гледа дека не си родител.
 
Со тоа што си крстена, со тоа само си станала потенцијален член во Црквата, .т.е во телото Христово. Доколку Ти лично не ја исповедаш довербата и верата во Христа, ни оддалеку не си православна христијанка, туку си лик кој не Го прифаќа Христа, Неговото учење и Неговата крсна жртва. Верата е личносна категорија, која не е генерациски пренослива, ниту се стекнува по автоматизам. Верата се исповеда лично.
--- надополнето: Jul 1, 2011 8:46 AM ---

Аааааа, и уопште не си плачел, така? :D

Да, но јас сум на пример децата да се крстат тие ако сакаат.Како што е кај Јеховините сведоци.А вака, тие ми ја наметнале нивната религија без да сум јас всушност способна да размислувам и да кажам дали сакам да сум крстена или не.
 
Да бе, ево, ја сите бебиња шо ги иам глеано при крштевање, сите паѓаат у несвест од „трауматизираност„...:ROFLMAO:
--- надополнето: Jul 1, 2011 8:02 AM ---

Или поточно кажано, Ти ми се смееш....Ама ај, ќе Ти простам, оти и ионака не знаеш шо зборуеш...:D

И јас ти се смеам а верувам и многу други. Дури и Чорбаџија веројатно ти се смее на глупоста што ја кажа.
--- надополнето: Jul 1, 2011 10:15 AM ---
Јас дури не го ни паметам.Дома со моите се расправам премногу бидејки тие се верници а јас атеист.Им велам за џабе сте ме крштевале.А тие упорно, не , крстена си, православна христијанка си..

И мене ме крстиле, јака му*а. Лудачка работа. Да си го малтретирам детето за глупости. Иначе дечко ми е верник (не некој потресен ама си верува човекот), а до ден денес не е крстен.... Е ај сега :)
 
Со тоа што си крстена, со тоа само си станала потенцијален член во Црквата, .т.е во телото Христово. Доколку Ти лично не ја исповедаш довербата и верата во Христа, ни оддалеку не си православна христијанка, туку си лик кој не Го прифаќа Христа, Неговото учење и Неговата крсна жртва. Верата е личносна категорија, која не е генерациски пренослива, ниту се стекнува по автоматизам. Верата се исповеда лично.

Разликата меѓу потенцијалниот член на црквата (бебекрстениот) и некрстениот? И двајцата немаат лично исповедано вера во Христос, и двајцата не се ни оддалеку православни христијани, и двајцата се ликови кои не го прифаќаат Христа, Неговото учење и Неговата крсна жртва? Тогаш чуму ти е тоа вонредно бањање на бебето и пари фрлање по попови?
 
Разликата меѓу потенцијалниот член на црквата (бебекрстениот) и некрстениот? И двајцата немаат лично исповедано вера во Христос, и двајцата не се ни оддалеку православни христијани, и двајцата се ликови кои не го прифаќаат Христа, Неговото учење и Неговата крсна жртва?

....објаснето милион пати по форуми...
--- надополнето: Jul 1, 2011 11:06 AM ---
Тогаш чуму ти е тоа вонредно бањање на бебето и пари фрлање по попови?

...ка да е напишано од „световњак„ кој нит Црква нит Христа може да ги смисли.
--- надополнето: Jul 1, 2011 11:09 AM ---
И јас ти се смеам а верувам и многу други. Дури и Чорбаџија веројатно ти се смее на глупоста што ја кажа.

За да не останам „по кусо„, и ја се смеам на туѓу глупости, кои ги читам по форумов...Само штета што форумов нема аудио-можност, за да се слушне моето смеење. :D
 
....објаснето милион пати по форуми...
--- надополнето: Jul 1, 2011 11:06 AM ---

...ка да е напишано од „световњак„ кој нит Црква нит Христа може да ги смисли.
--- надополнето: Jul 1, 2011 11:09 AM ---

За да не останам „по кусо„, и ја се смеам на туѓу глупости, кои ги читам по форумов...Само штета што форумов нема аудио-можност, за да се слушне моето смеење. :D

Иако реално немам добро мислење за верниците, ниту за религиите, мислам дека Чорбаџија има мозок и можам да дискутирам со него.
Ти си брат стотка забеган.
 
Иако реално немам добро мислење за верниците, .

Не мораш да признаеш дека не трпиш верници, оти за тоа Те „читам„, од овде, зад мониторов...
 
Со тоа што си крстена, со тоа само си станала потенцијален член во Црквата, .т.е во телото Христово. Доколку Ти лично не ја исповедаш довербата и верата во Христа, ни оддалеку не си православна христијанка, туку си лик кој не Го прифаќа Христа, Неговото учење и Неговата крсна жртва. Верата е личносна категорија, која не е генерациски пренослива, ниту се стекнува по автоматизам. Верата се исповеда лично.

Да земеме еден пример од Библијата:

„А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?” А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.” И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти.“ (Дела на постолите 8:36-38, Библијата)

Зошто апостол Филип не му рекол на етиопјанецот: „Слободно крсти се. Со тоа ќе станеш потенцијален член на Црквата, па има време понатака ако лично поверуваш ќе бидеш спасен и ќе станеш дел од Црквата“ :)
Зошто апостол Филип му поставил услов на етиопјанецот: „Ако веруваш, тогаш можеш да се крстиш“?
И дали овој услов можат да ги исполнат бебињата?
 
мислам дека Чорбаџија има мозок и можам да дискутирам со него.

Во Црквата велиме: „..Дух со дух се препознава...„ па така, слобндо лафеј со Чорбаџијата, оти се чини дека „световњаштвото„ Ви е заедничка особина па така полесно се разбирате. :D
--- надополнето: Jul 1, 2011 11:19 AM ---
Ти си брат стотка забеган.

Точно, и ја иам „високо„ мислење за Тебе...:D
 
Во Црквата велиме: „..Дух со дух се препознава...„ па така, слобндо лафеј со Чорбаџијата, оти се чини дека „световњаштвото„ Ви е заедничка особина па така полесно се разбирате. :D

А не, имаме сосема различни (анти)религиозни погледи.
Само што тој не смета дека корупцијата на црквата и тарифите нејзини се нормални, за разлика од тебе.
 
Да земеме еден пример од Библијата:

„А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?” А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.” И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти.“ (Дела на постолите 8:36-38, Библијата)

Зошто апостол Филип не му рекол на етиопјанецот: „Слободно крсти се. Со тоа ќе станеш потенцијален член на Црквата, па има време понатака ако лично поверуваш ќе бидеш спасен и ќе станеш дел од Црквата“ :)
Зошто апостол Филип му поставил услов на етиопјанецот: „Ако веруваш, тогаш можеш да се крстиш“?
И дали овој услов можат да ги исполнат бебињата?

Користејќи ја оваа логика, еве, и ја да прашам:

1. Зашто Христос воопшто беше крстен? (Имаше ли Он потреба од крштевање?)
2. Дали Христос, пред да се крсти, било каде во евангелијата кажал дека Он веќе
(по)верува(л) во Неговиот Отец, бидејќи, нели, според Твоево мудрување, само оној кој ќе поверува, може да се крсти?
--- надополнето: Jul 1, 2011 11:24 AM ---
А не, имаме сосема различни (анти)религиозни погледи.

А ја велам дека имате сосема исти погледи-овосветовни, па затоа и не можете да се „одлепите„ од Вашата световност.
 
Користејќи ја оваа логика, еве, и ја да прашам:

1. Зашто Христос воопшто беше крстен? (Имаше ли Он потреба од крштевање?)
2. Дали Христос, пред да се крсти, било каде во евангелијата кажал дека Он веќе
(по)верува(л) во Неговиот Отец, бидејќи, нели, според Твоево мудрување, само оној кој ќе поверува, може да се крсти?

Зошто упорно фаќаш кривини?
Сакаш да кажеш дека Исус не верувал во Својот Отец? Има стотици докази во евангелијата дека Исус верувал во Својот Отец! Значи Тој верувал, па се крстил, за разлика од бебињата кои не веруваат, а сепак МПЦ ги крштева се разбира за добра цена.
Не знам со кој памет го премести фокусот кон Исус, кога и самиот знаеш дека Исус ем бил возрасен кога се крштевал, ем верувал во Својот Отец пред да се крсти - тотално спротивен пример од бебињата :)
 
Користејќи ја оваа логика, еве, и ја да прашам:

1. Зашто Христос воопшто беше крстен? (Имаше ли Он потреба од крштевање?)
2. Дали Христос, пред да се крсти, било каде во евангелијата кажал дека Он веќе
(по)верува(л) во Неговиот Отец, бидејќи, нели, според Твоево мудрување, само оној кој ќе поверува, може да се крсти?
--- надополнето: Jul 1, 2011 11:24 AM ---

А ја велам дека имате сосема исти погледи-овосветовни, па затоа и не можете да се „одлепите„ од Вашата световност.

Абе и јас велам дека си будала, ама кој ме слуша....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom