Премолчено е најбитното во одговорите - фактот што Адам и Ева биле без сознаниеза добро и зло! Без тоа сознание неможе да разликуваш исправно од погрешно, секој разумен ќе ти го потврди тоа.
Библијата не тврди дека без тоа сознание не можеш да разликуваш исправно од погрешно. Тоа ти го тврдиш, но ти не си никаков репер. Ти самиот своеглаво си толкуваш што значи тоа „познавање на доброто и злото“ и потоа твоето (погрешно) толкување го земаш како темел за да противречиш на постапките на Бог во Библијата. Но тоа не значи дека Бог си противречи на Себе, туку само дека твоето (погрешно) толкување противречи на постапките на Бог.
Факт е дека во Библијата воопшто не е објаснето за какво познавање на доброто и злото се работи. Има десетици претпоставки, но само претпоставки. Јас не зборувам за претпоставки и не се дрзнувам да зборувам таму каде што Библијата молчи. Јас само ги изнесувам фактите, а фактите се дека Бог на Адам и Ева кристално јасно и концизно им заповедал да не јадат од тоа дрво и дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Точка. Крај на фактите, а почеток на претпоставките и квази-толкувањата.
Во твојов пример си го изоставил деталот каде возачот незнае дали влетување во провалија е добро или зло!
Како што кажав, ние не знаеме какво „познавање на добро и зло“ давало дрвото. Адам и Ева знаеле дека не смеат да јадат од дрвото и дека ако јадат ќе умрат. Тоа било доволна причина за да не јадат. Но тие одлучиле да му бидат непослушни на Бог, послушни на ѓаволот и да му веруваат на ѓаволот, а да не Му веруваат на нивниот Создател.