Дај посочи ми ти мене стих каде се вели дека знаела! Затоа што не ме интересира твое мислење и толкување, факт е дека во битие никаде не се вели дека змијата знаела како ќе реагира бог! Ако не е така повели и демантирај ме!
Со задоволство ќе ти посочам стих и ќе те демантирам. Еве го стихот од каде што јасно се гледа дека змијата знаела:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го,
за да не умрете!'“ (
Битие 3:2-3, Библијата)
Како што можеш да видиш од овој стих, Ева и кажала на змијата дека Бог им рекол дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Змијата убаво ја слушнала Ева кога и го кажала ова и затоа знаела.
Доказ дека змијата убаво ја слушнала и разбрала Ева кога и го кажала ова е реакцијата на змијата: „Не, вие нема да умрете!“. Оттука гледаме дека змијата немала тампони на ушите и дека убаво ја слушнала Ева кога и го кажала тоа, така што е јасно дека знаела.
Таа ги знаела особините на дрвото, но не и што им кажал бог во врска со него!
Кога им рекла дека нема да умрат од дрвото, им ја кажала вистината!
Арно ама Адам и Ева умреле, така што не им ја кажала вистината, туку лагата.
И како може змијата да не знаела што Бог им кажал во врска со дрвото, кога Ева тоа убаво и го кажала на змијата, цитирам:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го,
за да не умрете!'“ (
Битие 3:2-3, Библијата)
Значи Ева убаво и кажала на змијата што Бог кажал во врска со дрвото, така што таа убаво знаела.
Последиците кои ги претрпиле Адам и Ева не биле од дрвото, туку од гневот на бог.
Без шпекулации молам! Повели цитирај стих каде што Бог ги фатил за гуша или со меч расекол откако јаделе од дрвото?
Змијата ја дознала забраната од Ева, и им кажала дека нема да умрат од дрвото, дека ќе им се отворат очите и дека ќе осознаат добро и зло! Тоа и се случило!
Арно ама тие најсполе и умреле. Смртта се случила токму онака како што им кажал Бог, наспроти лагата на змијата.
Патем, каде змијата им кажала дека нема да умрат од дрвото? Змијата не им рекла: „Не, вие нема да умрете од дрвото!“, туку само им рекла: „Не, вие нема да умрете!“ (
Битие 3:4, Библијата)
Стварно незнам зошто треба како папагал да ти повторувам дека змијата не е сезнаен карактер, и поради тоа неможе да ги знае постапките и мислите на бог однапред!
И јас не знам зошто треба како папагал да ти повторувам дека сезнајност не е потребна за некој да излаже. За да се излаже доволно е да се каже лага. Змијата многу добро знаела што кажал Бог за дрвото, затоа што Ева убаво и го кажала тоа, цитирам:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го,
за да не умрете!'“ (
Битие 3:2-3, Библијата)
Не е ни важно дали змијата го знаела ова предходно или не. Важно е дека во овој момент сигурно го знаела и знаејќи го тоа ги излажала дека нема да умрат.
Таа знаела дека дрвото не е е причина за да умре некој, и тоа им го кажала! Тоа е вистината, а ти упорно го претставуваш тоа како лага!
Тоа не е вистината. Дрвото било причината за смртта на Адам и Ева. Бог им рекол да не јадат од тоа дрво, зашто ако јадат - ќе умрат. Тие јаделе и умреле. Прочитај го 3-то поглавје од книгата Битие и ќе видиш дека тоа е вистината.
Со можеби ништо не правиме! Ако шпекулациите се критериум, тогаш можеби козата и рекла на змијата дека бог ги забранил сите растенија, затоа што ги сакала за себе! Можеш да го оспориш ова?
Нема можеби, ако тврдиш нешто подкрепи го со текст од библијата!
Во ред. Ајде нека биде по твое. Да претпоставиме дека козата и рекла на змијата дека Бог ги забранил сите растенија, затоа што ги сакала за себе. Змијата со тоа сознание доаѓа кај Ева и и го вели тоа. На ова Ева и одговара:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го,
за да не умрете!'“ (
Битие 3:2-3, Библијата)
Значи после овој момент, змијата ја дознава вистината, дека не им се забранети сите дрва, туку само едно дрво и дека ако јадат од тоа дрво, ќе умрат. Но сепак одлучува да го излаже велејќи им дека нема да умрат ако јадат од забранетото дрво. Адам и Ева јаделе и умреле. Се случило токму онака како што им кажал Бог. Очигледно змијата ги излажала!
Змијата ги знаела својствата на дрвото, кога ја дознала забраната видела дека се работи за лага и и го кажала тоа на Ева. За ова тврдење има аргументи - текст од битие кој го потврдува. Кога бог констатира дека Адам станал како него, знаејќи добро и зло. За твоето тврдење нема таково нешто, има само шпекулации од типот - можеби ова, можеби она!
Змијата им ги кажала само половичните својства на дрвото. Таа не им кажала дека ако јадат од тоа дрво дека ќе умрат. Напротив, таа им го кажала обратното - дека нема да умрат. Адам и Ева јаделе и умреле. Значи змијата ги излажала.
Повторно истото! Посочи ми текст каде се вели дека змијата знаела дека ќе умрат! Лични толкувања не ме интересираат, да видиме текст од битие каде се вели дека змијата знаела што ќе се случи.
По не знам кој пат ќе ти го посочам истиот текст. Еве го стихот од каде што јасно се гледа дека змијата знаела:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го,
за да не умрете!'“ (
Битие 3:2-3, Библијата)
Како што можеш да видиш од овој стих, Ева и кажала на змијата дека Бог им рекол дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Змијата убаво ја слушнала Ева кога и го кажала ова и затоа знаела.
Доказ дека змијата убаво ја слушнала и разбрала Ева кога и го кажала ова е реакцијата на змијата: „Не, вие нема да умрете!“. Оттука гледаме дека змијата немала тампони на ушите и дека убаво ја слушнала Ева кога и го кажала тоа, така што е јасно дека знаела.
Одговорност може да постои само ако постои и сознание за добро и зло! Кога во судница обвинуваат некого, првото прашање кое му го поставуваат е дали го разбира обвинението? (дали има сознание за добро и зло). А во овој случај, токму тоа сознание било забрането и тоа од истиот тој кој ги товарел за одговорност.
Адам и Ева не умреле затоа што немале спознани за добро и зло. Адам и Ева умреле затоа што јаделе од дрвото за кое што Бог јасно им кажа дека ако јадат ќе умрат. Значи во нашиов случај, судијата би ја прашал Ева:
Судијата: Дали знаеше дека не треба да јадеш од тоа дрво?
Ева: Да, Бог тоа јасно ни го кажа.
Судијата: Дали знаеше дека ќе умреш ако јадеш од тоа дрво.
Ева: Да, Бог тоа јасно ни го кажа.
Заклучок: Адам и Ева го разбрале обвинението, биле јасно предупредени за тоа, на своја лична одлука и одговорност јаделе од дрвото и затоа се обвинети и праведно казнети.