I
Intex
Гостин
Те сфаќам шо сакаш да кажиш. Во ред е, то е твое мислење, а и на одредена група луѓе кои шо по „миграцијата“ на Флојд од психоделија кон прогресија не му се свиѓат последните албуми.
Јас во никој случај не би се согласил дека албумите му звучеле исто како пола бендој од таја ера, поготово не Division Bell. Мислам, High hopes во секој случај би го вброил меѓу топ 10 песни кои кога било биле напраени од нивна страна.
Али пак ќе речам, све е ствар на вкус.
Btw, ако гледаме од нивна страна, самите тие за голем дел од нивните песни до Meddle сметат дека се катастрофа. Рецимо, Atom Heart Mother, за цел албум мислат дека е катастрофа, имат даено изјави за то, па мноооооогу луѓе не би се согласиле со нив.
Фан сум на психоделичната ера на Пинк Флојд (Барет и Вотерс), зошто мора да се признае и дека кога правеа прогресив, психоделијата е пак тука, барем во солажите. Се до Фајнл Кат. Мхм, и таму го има тој стил. Во последните 2 албуми не го слушам. Исто ми е ко да слушам рандом прогресив рок бенд од тој период.Јоан, не знам дали алудираш на тоа, но барем мене така ми изгледа дека ти си фан на Сидовата ера во ПФ, еве јас сум уште еден на кој повеќе му се допаѓа Гилмуровата ера на ПФ, наместо Беретовата. Точно дека е Берет на почетокот и подоцна Вотерс е таа креативна сила на бендот и Гилмур по заминувањето на Сид само го бруса дијамантот да светни, нормално со Рик заедно, но ако треба да бирам помеѓу Сид и Дејв во бендот тогаш нема никакво двоумење за мене тоа е Дејв во секој случај.
Јас би ги фрлил сите Сидови албуми во корпа за Дивижн Бел.
Виндфакер, Дејвид не измисли топла вода, тераше нешто кое му беше диктирано од Роџер Вотерс. Значи, обичен пион во бендот. Јесте, мајстор за гитара, факт, ама немаше свои идеи, сите албуми се правени под закрила на Роџер. Додека Сид измисли топла вода, о да, психоделијата е негова, и тек после тоа ја тераат еден куп бендови инспирирано од Сидовиот Пинк Флојд.
Дури и идеите на последните 2 албуми се минливи и бледи. Се може да се реши со комуникација и разбирање, ниски ударци против Вотерс.
Му ебеш, човекот кој беше 20 години моторот на еден бенд и кој сите ве направи милионери го напаѓате? Шо кој курац стварно?
Посакал да направи албум за татко му, овие се спротивставиле на идејата. Вложил во Wall шоуата многу, па пошто бендот останал без пари, направиле продолжение a.k.a. The Final Cut.