Тоа е гностички текст, пронајден во Египет, напишан на коптски јазик некаде на крајот од 3 от век т.е. околу 250 години по смртта на Исус и апостолот Јуда. Значи не е ни временски ни локациски блиску до Јуда, а камо ли па да е напишан од него. Тоа е очигледен фалсификат. Нема ни структура на евангелие, туку се работи за колекција на гностички мудрости. Прилепен му е називот „Евангелие по Јуда“ како обид да добие кредибилитет кај верниците, но тој фалсификат е разобличен уште во времето на неговото промовирање. Гностичката содржина во него ја издава и намерата на писателот: да си го прилагоди Исус согласно своите гностички убедувања. Според гностиците, материјалното тело е зло и затоа, во тоа „евангелие“, Исус му ја дава таа привилегирана задача на просветлениот Јуда да го ослободи Исус од неговото грешно тело. Значи во овој текст Јуда не е предавник, туку херој
Многу лесно. Ако од текстот наречен „евангелие по Јуда“ се најдени само 2 ракописи, од канонските евангелија се најдени околу 24.600 ракописи (5300 грчки, 10.000 латински, и најмалку 9.300 други рани преводи). Сите овие се најдени на три различни континенти (Европа, Азија, Африка), од 1ви па се до 4ти век - во времето кога црквата не била институционализирана и хиерархиски организирана. А дури и да била таква, невозможно е толку ракописи расфрлани низ 3 континенти да ги собереш на едно место, да ги „синхронизираш“ и пак да ги вратиш без никој да забележи
Тоа е мишн импасибл.
Друг добар аргумент е тоа што сите тие се цитирани од ранохристијанските писатели (ткн. „црковни отци“ како што се Иринеј, Поликарп, Игнатиј, Ориген, Клемент од Александрија и сл.) уште во вториот век.
На пример
кога Иринеј станал епископ во Лион (Галија), идејата за четворното евангелие станала толку аксиоматска во христијанските заедници, што тој можел да се однесува кон него како кон установен и признаен факт, очигледен како што се очигледни четирите страни на светот или пак четирите ветрови....
„Зашто, како што постојат четири страни на светот во кој живееме и четири општи ветрови, и како што Црквата е распространета низ целата земја, евангелието е столб и основа на Црквата и здив на животот, природно е да има четири столбови кои зрачат бесмртност, будејќи ги луѓето. Според тоа, очигледно е дека Словото, Создателот на сите нешта, Кој седи над херувимите и сите нешта ги држи соединети и Кој му се покажал на човештвото, ни го дал евангелието во четворна форма, но споени заедно во еден Дух.“
(Иринеј, Против ересите 3:8)
Некој ќе праша: Но од каде знаеме дека се работи за канонските евангелија? Можеби се работи за „евангелијата“ по Тома, Петар, Јуда и Марија Магдалена
Епа со мала историска истрага лесно е да се дознае.
Прво, ранохристијанските писатели воопшто не ги ни спомнуваат овие подоцна напишани евангелија.
Второ, ранохристијанските писатели ги спомнуваат и цитираат 4те канонски евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован)
Муратовиот канон и листа од канонските книги напишана околу 142-157 година. Почетокот и крајот на овој антички документ недостасуваат. Таа листа започнува со евангелито по Марко, потоа евангелието по Лука го нарекува 3то евангелие, а потоа евангелието по Јован го нарекува 4то евангелие. Евангелието по Матеј недостасува затоа што недостасува почетокот на таа листа.
Јустин маченикот исто така околу 165 година ги спомнува сите четири евангелија. Овој е наречен „маченик“ затоа што маченички бил убиен заради својата вера во воскреснатиот Христос. На таков човек може да му се верува. (Од сите дванаесет, десет апостоли биле маченички убиени)
Тоа се докажува на ист начин како што се докажуваат и датирањата на сите останати историски документи:
- Прво се применува Јаглеродната старосна метода (затоа што манускриптите биле од органски материјал). Секако заради непрецизноста на оваа метода, не се останува само на неа.
- Потоа се прави внатрешен тест: што текстот кажува за своето датирање. Дали спомнува некои познати историски личности (императори, владетели) чие датирање е познато. Дали спомнува некои случки (пописи, војни) чие датирање исто така е познато и сл. Дали говори во сегашно, блиско минато или далечно минато за нив.
- Текстуален критизам: се проверува јазикот и дијалектот, бидејќи тие се динамички катеогории и се менуваат со годините. (пр. ние и нашите баби и дедовци не збориме ист дијалект така?)
- Надворешен тест: Кога дотичниот текст за прв пат е цитиран од други писатели.
За пример ќе го земам надворешниот тест. Доколку ткн. „евангелие по Јуда“ со својата радикална и револуционерна содржина било во циркулација во 1-от или 2-от век, тоа сигурно ќе било цитирано и критикувано од ранохристијанските писатели од 2-ри и почетокот на 3-ти век.
Од друга страна пак канонските евангелија по Матеј, Марко, Лука и Јован се широко цитирани од скоро сите познати ранохристијански писатели од 2-ри и 3ти век.
Се надевам дека е доволно. Се изморив од пишување.