THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.736
- Поени од реакции
- 1.343
Прошетките со брод или кајче по водите на Охридското Езеро атрактивни за туристите. Покрај организираните тури, оваа сезона воведени се и редовни линии за Свети Наум, велат бродарите.
Најинтересни за гостите кои престојуваат во нашиот туристички центар Охрид се крстарењата до манастирскиот комплекс Свети Наум и Канео, но секако доста барани и привлечни се и ноќните возења кои особено се барани од страна на странските туристи.
Туристите кои моментално престојуваат во Охрид воодушевени од природните убавини, Охридското Езеро и културно историските знаменитости.
Охрид наликува на вистински туристички центар, велат туристичките водичи. Покрај посетителите од Балканот за прв пат после долги години изобилува и со туристи од Холандија, Финска, Германија и од другите европски држави.
Туристичките работници и сите останати инволвирани во туризмот се оптимисти со оглед на тоа дека уште пред почетокот на летната сезона хотелите на охридската ривиера се исполнети со туристи од странство што се потврдува и од страна на Државниот завод за статистика според кој во првите 4 месеци од годинава Македонија ја посетиле скоро 72.000 странски туристи што е за дури 20,5 проценти повеќе од лани.
Тие велат дека намалените цени од страна на хотелиерите, нивото на сместување и воведените директни чартер летови вродија со плод, па поради тоа Охрид во шпицот на сезоната ќе „врие“ од странци.
Останува само на надлежните да се искористи овој момент Охрид како туристички центар и неговата околина да се презентира во вистинско светло за идната година туристите да ги има во што поголем број.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zgolemen-brojot-na-stranski-turisti-vo-ohrid-za-20-procenti