Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Верниците се луѓе кои што го живеат овој живот за да одат во наредниот, а јас сакам моето дете да го живее овој живот таков каков што е...
За христијанските верници животот започнува овде на Земјата, во моментот кога ќе го прифатат Исус за свој личен Господар и личен Спасител од гревот. Христијаните не мора да чекаат до „наредниот“ за да го живеат животот.

„Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во полнота.“ (Исус, ев. Јован 10:10, Библијата)

Тоа што христијанските верници не си допуштаат или барем се трудат да не живеат себично, промискуитетно, во блудство, разврат, неморал, пијанки и други пороци тоа воопшто не им одзема од „животот“, туку напротив, им додава здравје, мир, среќа, радост, чистота и сл.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222

Ама Чорбаџија, не зезај сега.
Сакаш да кажеш дека не сум здрава, немам мир, не сум среќна и не сум радносна, па уште и не сум чиста?
Дај не зезај.
Верниците си ги потискаат своите желби по секоја цена за да одат во рајот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
.
Сакаш да кажеш дека не сум здрава, немам мир, не сум среќна и не сум радносна, па уште и не сум чиста?
Не го реков тоа. Само реков дека на христијанските верници им се додаваат тие работи. Ако на некој му додадеш радост, не значи нужно и дека тој немал радост, но значи дека сега има повеќе.

.
Верниците си ги потискаат своите желби по секоја цена за да одат во рајот.
Кои тоа желби верниците си ги потискаат за да одат во рајот? Те молам наведи некој пример.
Патем, влезот на христијанинот во рајот, воопшто не зависи од потиснувањето или остварувањето на некоја „желба“.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Oд што зависи?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не го реков тоа. Само реков дека на христијанските верници им се додаваат тие работи. Ако на некој му додадеш радост, не значи нужно и дека тој немал радост, но значи дека сега има повеќе.

Кои тоа желби верниците си ги потискаат за да одат во рајот? Те молам наведи некој пример.
Патем, влезот на христијанинот во рајот, воопшто не зависи од потиснувањето или остварувањето на некоја „желба“.
Христијанските правила во голема мера не се соодветни за човекот како биолошко суштество.
Тоа што христијанството го сфаќа како блуд - реално не е блуд.
Каде што нема исполнување на субјективни потреби и желби - нема ниту среќа, ниту радост. Има фрустрација.

Исусовите учења во поглед на простувањето, помагањето, солидарноста и хуманоста - најсоодветен пример ми е Марија Магдалена, или ете, кога нееврејската жена го моли да и помогне на ќерка и а тој и помага - се нешто што се труди да се имплементира во секоја нова човечка единка на светов, независно од религиозните погледи, ако воопшто ги има.
Но задоволувањето на различните потреби, кои не кршат демократски закон, се правилни и треба да се исполнуваат и почитуваат. А христијанството и останатите религии го узурпираат тој простор.

За да влезеш во рајот, треба да почнеме од себелишувањето, а тоа на никаков начин, не е поволно за една смртна личност.

Што е животот во рајот?
Ако во овој живот се лишиме од сите ,,ниски, овоземски страсти,, што ќе добиеме во наредниот?

Тебе како и на сите верници ви е целта да стигнете до рајот. Што има во него?

Дај ми добра 1 причина, зошто на моето дете да му речам ,,не пиј,, , ,,покриј го стомакот/рацете,, , ,,седи во понизност,, , ,,немај секс и покај се секогаш кога ќе го имаш во брак,, ........ за тоа каква награда ќе добие?
 
Дефинирај го демократскиот закон :)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Мислам дека се достапни сите закони на РМ и останатите демократски земји на интернет.
Ме разочара.......законик репер за човечко битие?
Било је некада давно, Мојсие кога го давал на луѓето.
Умрено е тоа време веќе само што изгледа многу луѓе не го гледаат.
Времето за суперчовекот е дојдено, чека пред врата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дај ми добра 1 причина, зошто на моето дете да му речам ,,не пиј,, , ,,покриј го стомакот/рацете,, , ,,седи во понизност,, , ,,немај секс и покај се секогаш кога ќе го имаш во брак,, ........ за тоа каква награда ќе добие?
Претпоставувам дека ова се примерите кои те замолив да ги наведеш за желбите кои верниците си ги потискаат. Ќе одам по ред:

1.Не пиј“- Христијанството не забранува пиење на алкохол, но поучува да не се опијануваме. Исус и апостолите пиеле алкохол (вино). Апостол Павле го советувал својот ученик Тимотеј да пие по малку вино заради проблемите што ги имал со неговиот стомак. (1 Тимотеј 5:23, Библијата)
Што се однесува за опијанувањето, мислам дека како возрасна и зрела личност сигурно знаеш повеќе од една причина зошто да го воспитуваш твоето дете да не се опијанува.

2. „покриј го стомакот/рацете“ - Не знам што подразбираш под оваа желба/забрана. Веројатно мислиш на носењето кратки здолништа и голите секси стомачиња што девојките покажуваат летно време.
Прво, не гледам причина зошто некоја девојка би требало да си ги покрие рацете. Не сум сретнал некое машко што се пали (соблазнува) на голи раце :)
Околу голото стомаче, и општо за покажувањето на дел од градите (како што знаат обично од брадавиците па нагоре) и екстра мини здолништата, јас би ја советувал мојата ќерка да не ги провоцира машките, затоа што:
1. Тоа не е добро за нив, затоа што е голема веројатноста дека некои од нив ќе ги возбуди сексуално и потоа тие ќе бидат искушувани да извршат ментално блудство или прељуба со неа (значи во мислите, фантазирајќи на неа)
2. Таа со својот изглед и облека свесно или несвесно комуницира со околината и со тоа би привлекла машки кои нема да бидат привлечени од нејзиниот карактер и внатрешна убавина, туку машки што ќе сакаат да ја легнат. Познавам еден куп девојќи што едвај чекаат малку да се затопли за да се шетаат полуголи по дискотеките и ноќните клубови истите тие често пати ми се жалат со овие зборови: „Лилеее што баксуз суммм значи не ми се верува еј! Зошто мора секогаш мене да ми се закачи некој кретен? Зошто не можам јас да си фатам некој паметен и фин дечко, туку секогаш некој манијак?!“
Една поранешна пријателка која уживаше да се шета со минич, голо стомаче и широко отворено деколте, еднаш ја советував дека не мора да се носи така за да биде ценета, дека со облеката не комуницира добро со околината и дека нема да привлече добри дечки, таа ми рече дека ужива во тоа и дека таквата гардероба и ја подига самодовербата, дека така е попочитувана. Веројатно и повеќе комплименти добивала, а претпоставувам и годеле и скокотливите погледи што ги добивала од пазачите. Но зарем е тоа реална желба и уживање?

3. „седи во понизност“ - Нема никакво уживање во тоа да бидеш горделив, надуен или вообразен. Обично овие карактеристики ги даваме на луѓе кои што сакаме да ги опишеме како лоши нели? „Абе мани го тој види го колку е надуен и вообзраен.“ Велиме: „Егоиста, гордоста не му дава да се извини, да побара прошка“ и сл.

4. ,немај секс и покај се секогаш кога ќе го имаш во брак,, - Христијанството не забранува секс, но забранува блудство и сексуален неморал. Сексот во бракот е еден од првите благослови со кои што Бог ги благословил луѓето. Значи сексот не е грев, туку благослов, оттаму не гледам причина зошто некој би требало да се кае.
Вистина е дека одредени православни цркви поучуваат дека сексот смее да се практикува само за репродукција и дека ако се користи за уживање, тоа било грев. Но тоа не само што не е библиско учење, туку е и контра-блиблиско т.е. еретичко учење, кое што поттекнува од некои забегани монаси.

И на крај би завршил со следниов библиски стих кој вели:
„Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.“ (1 Коринтјаните 6:12, Библијата)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ме разочара.......законик репер за човечко битие?
Било је некада давно, Мојсие кога го давал на луѓето.
Умрено е тоа време веќе само што изгледа многу луѓе не го гледаат.
Времето за суперчовекот е дојдено, чека пред врата.
Мислам дека сум многу јасна.
Со закон е регулирано убиството како забранета категорија, исто и со Библијата, Куранот...
Со закон е одобрено полово општење без брачна заедница (т.е. не е регулирано), за разлика од Куран, Библија................
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Oд што зависи?
Од искрената вера во Исус Христос. Потенцирам „искрената“, затоа што некој може под „вера“ да подразбере онака само декларативна вера, вера само на уста, вера од празник на празник, или пак само вера дека Исус постои, дека е Господ и Спасител.
Под искрена вера се подразбира вера во Неговото учење. Штом некој верува дека тоа е добро, ќе го спроведе во пракса. Во спротивно воопшто и не верувал искрено дека тоа е добро за него. Понатаму вера дека Тој е Божјиот Син, наш личен Господ (Господар) и Спасител кој заради нас луѓето и нашите гревови беше распнат на крст и со тоа ја плати казната за сите оние што вистински ќе поверуваат во Него. Вера дека Неговата застапничка смрт беше наша смрт и дека преку неа, ние имаме вечен живот.
Човек кој го иксрено и вистински поверува во ова ќе биде спасен, ќе му бидат простени гревовите и ќе биде поштеден од осудата на гревот и ќе добие вечен живот. Таквиот човек ќе биде духовно нановороден и од неговата вера ќе произлезат и соодветни дела (плодови).
 
A ти го почитуваш законот заради.........што?
Па законот е донесен за да те направи од човек овца.
Не шири позитивни вибрации за такво зло наречено законик.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Претпоставувам дека ова се примерите кои те замолив да ги наведеш за желбите кои верниците си ги потискаат. Ќе одам по ред:

1.Не пиј“- Христијанството не забранува пиење на алкохол, но поучува да не се опијануваме. Исус и апостолите пиеле алкохол (вино). Апостол Павле го советувал својот ученик Тимотеј да пие по малку вино заради проблемите што ги имал со неговиот стомак. (1 Тимотеј 5:23, Библијата)
Што се однесува за опијанувањето, мислам дека како возрасна и зрела личност сигурно знаеш повеќе од една причина зошто да го воспитуваш твоето дете да не се опијанува.

2. „покриј го стомакот/рацете“ - Не знам што подразбираш под оваа желба/забрана. Веројатно мислиш на носењето кратки здолништа и голите секси стомачиња што девојките покажуваат летно време.
Прво, не гледам причина зошто некоја девојка би требало да си ги покрие рацете. Не сум сретнал некое машко што се пали (соблазнува) на голи раце :)
Околу голото стомаче, и општо за покажувањето на дел од градите (како што знаат обично од брадавиците па нагоре) и екстра мини здолништата, јас би ја советувал мојата ќерка да не ги провоцира машките, затоа што:
1. Тоа не е добро за нив, затоа што е голема веројатноста дека некои од нив ќе ги возбуди сексуално и потоа тие ќе бидат искушувани да извршат ментално блудство или прељуба со неа (значи во мислите, фантазирајќи на неа)
2. Таа со својот изглед и облека свесно или несвесно комуницира со околината и со тоа би привлекла машки кои нема да бидат привлечени од нејзиниот карактер и внатрешна убавина, туку машки што ќе сакаат да ја легнат. Познавам еден куп девојќи што едвај чекаат малку да се затопли за да се шетаат полуголи по дискотеките и ноќните клубови истите тие често пати ми се жалат со овие зборови: „Лилеее што баксуз суммм значи не ми се верува еј! Зошто мора секогаш мене да ми се закачи некој кретен? Зошто не можам јас да си фатам некој паметен и фин дечко, туку секогаш некој манијак?!“
Една поранешна пријателка која уживаше да се шета со минич, голо стомаче и широко отворено деколте, еднаш ја советував дека не мора да се носи така за да биде ценета, дека со облеката не комуницира добро со околината и дека нема да привлече добри дечки, таа ми рече дека ужива во тоа и дека таквата гардероба и ја подига самодовербата, дека така е попочитувана. Веројатно и повеќе комплименти добивала, а претпоставувам и годеле и скокотливите погледи што ги добивала од пазачите. Но зарем е тоа реална желба и уживање?

3. „седи во понизност“ - Нема никакво уживање во тоа да бидеш горделив, надуен или вообразен. Обично овие карактеристики ги даваме на луѓе кои што сакаме да ги опишеме како лоши нели? „Абе мани го тој види го колку е надуен и вообзраен.“ Велиме: „Егоиста, гордоста не му дава да се извини, да побара прошка“ и сл.

4. ,немај секс и покај се секогаш кога ќе го имаш во брак,, - Христијанството не забранува секс, но забранува блудство и сексуален неморал. Сексот во бракот е еден од првите благослови со кои што Бог ги благословил луѓето. Значи сексот не е грев, туку благослов, оттаму не гледам причина зошто некој би требало да се кае.
Вистина е дека одредени православни цркви поучуваат дека сексот смее да се практикува само за репродукција и дека ако се користи за уживање, тоа било грев. Но тоа не само што не е библиско учење, туку е и контра-блиблиско т.е. еретичко учење, кое што поттекнува од некои забегани монаси.

И на крај би завршил со следниов библиски стих кој вели:
„Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.“ (1 Коринтјаните 6:12, Библијата)
Мислам дека бев доволно јасна дека сето тоа треба да се прави во умерени граници.
Не гледам ништо погрешно во опијанувањето (секако не онесвестувањето) при прослави, и слично. Седи во понизност се однесуваше на сопругата према сопрругот (јас не знам зошто пред некого би седела во понизност). Понизност и не-надуеност не е исто. Нема потреба пред никого да бидам понизна. Облекувањето, дефинитивно немам позитивни или негативни критики за нечие облекување, со тоа што кога одам во манастир (а одам, како посетител) ме облекуваат во широко здолниште, морам да ја соберам косата, да носам ракави и слично. Ако зборуваме веќе за Библија, и самиот знаеш дека жената треба да ја покрива косата - тоа го правела и Марија. Јас сепак, сметам дека тоа не треба да се почитува и убавината е нешто за гледање, а не за криење.
Сексот се потенцираше за кој зборува, сексот пред брак, кој е забранет во секое христијанско учење. Не гледам зошто некој би чекал брак. Всушност, сметам дека е тоа погрешно.

И не гледам што не е полезно во опијанување со мерка на прослава, имање свој став и не понизување пред никого, облекување според свој вкус, и имање секс без брачна заедница.
И не ми е се дозволено. Не смеам да убивам, не смеам да крадам, не смеам сексуално никого да злоставувам, па дури и да го сакам тоа.
--- надополнето: Jun 25, 2011 5:15 PM ---
Од искрената вера во Исус Христос. Потенцирам „искрената“, затоа што некој може под „вера“ да подразбере онака само декларативна вера, вера само на уста, вера од празник на празник, или пак само вера дека Исус постои, дека е Господ и Спасител.
Под искрена вера се подразбира вера во Неговото учење. Штом некој верува дека тоа е добро, ќе го спроведе во пракса. Во спротивно воопшто и не верувал искрено дека тоа е добро за него. Понатаму вера дека Тој е Божјиот Син, наш личен Господ (Господар) и Спасител кој заради нас луѓето и нашите гревови беше распнат на крст и со тоа ја плати казната за сите оние што вистински ќе поверуваат во Него. Вера дека Неговата застапничка смрт беше наша смрт и дека преку неа, ние имаме вечен живот.
Човек кој го иксрено и вистински поверува во ова ќе биде спасен, ќе му бидат простени гревовите и ќе биде поштеден од осудата на гревот и ќе добие вечен живот. Таквиот човек ќе биде духовно нановороден и од неговата вера ќе произлезат и соодветни дела (плодови).
Кажи ми што има во рајот.
--- надополнето: Jun 25, 2011 5:16 PM ---
A ти го почитуваш законот заради.........што?
Па законот е донесен за да те направи од човек овца.
Не шири позитивни вибрации за такво зло наречено законик.
Го почитувам законот затоа што е фер.
Не зборувам колку другите го почитуваат и се придржуваат до него.
Фер е. Демократски е. Секој живее како што сака без да штети на другиот.
Позитивен е. Ако беа законски каноните, немаше да имам убав живот.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Од искрената вера во Исус Христос. Потенцирам „искрената“, затоа што некој може под „вера“ да подразбере онака само декларативна вера, вера само на уста, вера од празник на празник, или пак само вера дека Исус постои, дека е Господ и Спасител.
Под искрена вера се подразбира вера во Неговото учење. Штом некој верува дека тоа е добро, ќе го спроведе во пракса. Во спротивно воопшто и не верувал искрено дека тоа е добро за него. Понатаму вера дека Тој е Божјиот Син, наш личен Господ (Господар) и Спасител кој заради нас луѓето и нашите гревови беше распнат на крст и со тоа ја плати казната за сите оние што вистински ќе поверуваат во Него. Вера дека Неговата застапничка смрт беше наша смрт и дека преку неа, ние имаме вечен живот.
Човек кој го иксрено и вистински поверува во ова ќе биде спасен, ќе му бидат простени гревовите и ќе биде поштеден од осудата на гревот и ќе добие вечен живот. Таквиот човек ќе биде духовно нановороден и од неговата вера ќе произлезат и соодветни дела (плодови).
А мислиш дека можеш да влијаеш на верата?
Kako можам да знам дека Исус е се тоа што го кажа?
Да беше сега пред мене и да си полафевме малку тогаш ок.
Вака не ми останува ништо друго освен ставот дека незнам што бил.
Ако станува збор за тоа дали осеќам сочуство према него можам да кажам да.
Дали морал да страда за да ми се простат "гревовите"......не.
Сакам на мои плешки да си ги носам, и не заради некои мои лични болни потреби.
Јас не верувам во верување...не ми е доволно.
Знам за празнотијата која ја носи, за лицемерието кое ја носи.
Jok не е доволно.
Toa во што јас верувам е срцето, и немора да си чул за Исус за да го имаш.
Ako постои пасош до рајот тогаш тоа е срцето.
--- надополнето: Jun 25, 2011 5:29 PM ---
Го почитувам законот затоа што е фер.
Не зборувам колку другите го почитуваат и се придржуваат до него.
Фер е. Демократски е. Секој живее како што сака без да штети на другиот.
Позитивен е. Ако беа законски каноните, немаше да имам убав живот.
А што да кажеме за илјадниците кои секој ден умираат заради законот?
Teбе те боли за другите, важно ти да уживаш.
Aма не се секирај ке те стигне казна за подржувањето на законот сакала ти или не.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не гледам ништо погрешно во опијанувањето (секако не онесвестувањето) при прослави, и слично
Значи ќе повторам уште еднаш дека умереното пиење алкохол не е забрането во Библијата и дека тоа го правеле Исус и апостолите.
Сепак не би го воспитувал детето да се опијанува дури ни на прослави. Човек може да се развесели и без алкохол. Ако алкохолот ни е потребен за добро расположение, тогаш сме зависни од него. Претпоставувам дека не си била на прослава каде што пијаните роднини се степуваат и ја уништуваат целата свадба заради една обична нарачка на песна.
Кога човек е пијан кажува непромислени зборови, повредува, започнува караници, донесува лоши одлуки и сл.
Пијанството е порок, создава зависност, уништува семејства., уништува животи.
Кога сме трезни знаеме колку ни е доста. Ама има многу луѓе што откако ќе започнат често ја надминуваат црвената линија што самите си ја поставиле и потоа прават глупости.

Ако зборуваме веќе за Библија, и самиот знаеш дека жената треба да ја покрива косата - тоа го правела и Марија. Јас сепак, сметам дека тоа не треба да се почитува и убавината е нешто за гледање, а не за криење.
Покривањето на главата тогаш било дел од културата, дел од кодексот на облекувањето. И тоа не само тогаш, туку се до времето на нашите баби или прабаби. Жените што се шетале без шамија обично биле развратничките и проституките. Во Библијата има заповед до жените тогаш да не се молат со непокриена глава, што денес во нашата култура би значело да не се молат во мини здолниште, со голо стомаче или широко отворено деколте.

Сексот се потенцираше за кој зборува, сексот пред брак, кој е забранет во секое христијанско учење. Не гледам зошто некој би чекал брак. Всушност, сметам дека е тоа погрешно.
Зошто верникот би чекал до брак?

1. Затоа што знае дека сексот е интимност резервирана за во брак. Тоа е соединување на телата, и физичко и емотивно. Тоа е нешто што сака да го даде на една личност и да го добие од една личност. Христијанскиот брак значи соединување на две тела во едно. Сексот има свој удел во тоа соединување.

2. Сексуално преносливи болести. Можеби не сида, ама HPV често се фаќа во нашите простори.

3. Ниту еден презерватив не гарантира 100% заштита од непланирана бременост. Дали е вистинска љубов ако заради моето (или нејзиното) невоздржување ја затруднам мојата девојка, го прекратам или нарушам нејзиното образование и кариера?

4. Две селотејпчиња најдобро се лепат ако предходно не се користени. Ако земеш две селотејпчиња и почнеш да ги лепиш по масата, по бирото, по фрижидерот итн. тие ќе попримат многу прашина и потоа кога ќе сакаш да ги залепиш, лепакот меѓу нив нема да држи многу цврсто. Така е и со сите оние кои имале многу интемни врски и сексуални односи пред бракот. Кога ќе влезат, тие носат со себе голем багаж на фрустрации, скршени емоции, очекувања наметнати од предходните врски, ментални слики од предходните сексуални и емотивни искуства итн. Тоа доведува до судир, до неразбирање, до повторни фрустрации, неисполнети очекувања, караници.

5. Партнерите кои не биле верни пред брак, тешко дека ќе бидат верни и во брак. Едноставно сексот со еден партнер не им е навика, не ги возбудува. Па така многу полесно се впуштаат во секс авантури со други партнери. Потоа следи откривање, развод итн.

Доста се за сега. Немам време за повеќе, морам да излегувам :)

Кажи ми што има во рајот.
Не знам.
„Што окото не видело, што увото не слушнало, што во човечкото срце не дошло, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат“ (1 Коринтјаните 2:9, Библијата)
--- надополнето: Jun 25, 2011 6:14 PM ---
А мислиш дека можеш да влијаеш на верата?
Kako можам да знам дека Исус е се тоа што го кажа?
Истражувај, истражи ја веродостојноста на евангелијата. Побарај литература на таа тема. Побарај Бог да ти се открие, да ти ја открие вистината за Него. А има и друг фактор:

Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. “ (Исус Христос, ев. Јован 10:27, Библијата)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom