Претпоставувам дека ова се примерите кои те замолив да ги наведеш за желбите кои верниците си ги потискаат. Ќе одам по ред:
1. „
Не пиј“- Христијанството не забранува пиење на алкохол, но поучува да не се опијануваме. Исус и апостолите пиеле алкохол (вино). Апостол Павле го советувал својот ученик Тимотеј да пие по малку вино заради проблемите што ги имал со неговиот стомак. (
1 Тимотеј 5:23, Библијата)
Што се однесува за опијанувањето, мислам дека како возрасна и зрела личност сигурно знаеш повеќе од една причина зошто да го воспитуваш твоето дете да не се опијанува.
2. „покриј го стомакот/рацете“ - Не знам што подразбираш под оваа желба/забрана. Веројатно мислиш на носењето кратки здолништа и голите секси стомачиња што девојките покажуваат летно време.
Прво, не гледам причина зошто некоја девојка би требало да си ги покрие рацете. Не сум сретнал некое машко што се пали (соблазнува) на голи раце
Околу голото стомаче, и општо за покажувањето на дел од градите (како што знаат обично од брадавиците па нагоре) и екстра мини здолништата, јас би ја советувал мојата ќерка да не ги провоцира машките, затоа што:
1. Тоа не е добро за нив, затоа што е голема веројатноста дека некои од нив ќе ги возбуди сексуално и потоа тие ќе бидат искушувани да извршат ментално блудство или прељуба со неа (значи во мислите, фантазирајќи на неа)
2. Таа со својот изглед и облека свесно или несвесно комуницира со околината и со тоа би привлекла машки кои нема да бидат привлечени од нејзиниот карактер и внатрешна убавина, туку машки што ќе сакаат да ја легнат. Познавам еден куп девојќи што едвај чекаат малку да се затопли за да се шетаат полуголи по дискотеките и ноќните клубови истите тие често пати ми се жалат со овие зборови: „Лилеее што баксуз суммм значи не ми се верува еј! Зошто мора секогаш мене да ми се закачи некој кретен? Зошто не можам јас да си фатам некој паметен и фин дечко, туку секогаш некој манијак?!“
Една поранешна пријателка која уживаше да се шета со минич, голо стомаче и широко отворено деколте, еднаш ја советував дека не мора да се носи така за да биде ценета, дека со облеката не комуницира добро со околината и дека нема да привлече добри дечки, таа ми рече дека ужива во тоа и дека таквата гардероба и ја подига самодовербата, дека така е попочитувана. Веројатно и повеќе комплименти добивала, а претпоставувам и годеле и скокотливите погледи што ги добивала од пазачите. Но зарем е тоа реална желба и уживање?
3. „седи во понизност“ - Нема никакво уживање во тоа да бидеш горделив, надуен или вообразен. Обично овие карактеристики ги даваме на луѓе кои што сакаме да ги опишеме како лоши нели? „Абе мани го тој види го колку е надуен и вообзраен.“ Велиме: „Егоиста, гордоста не му дава да се извини, да побара прошка“ и сл.
4. ,немај секс и покај се секогаш кога ќе го имаш во брак,, - Христијанството не забранува секс, но забранува блудство и сексуален неморал. Сексот во бракот е еден од првите благослови со кои што Бог ги благословил луѓето. Значи сексот не е грев, туку благослов, оттаму не гледам причина зошто некој би требало да се кае.
Вистина е дека одредени православни цркви поучуваат дека сексот смее да се практикува само за репродукција и дека ако се користи за уживање, тоа било грев. Но тоа не само што не е библиско учење, туку е и контра-блиблиско т.е. еретичко учење, кое што поттекнува од некои забегани монаси.
И на крај би завршил со следниов библиски стих кој вели:
„Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.“ (
1 Коринтјаните 6:12, Библијата)