Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
ФЕИТ или ФИНКИ или ПМФ? Каде е најдобро?

Зависи кон што сакаш да се насочиш. Физика, математика, енергетика, програмирање, телекомуникации, хардвер, софтвер?
 
Ако си за компјутерските науки и програмирање, летај на ФИНКИ, не му ја мисли
 
Зависи кон што сакаш да се насочиш. Физика, математика, енергетика, програмирање, телекомуникации, хардвер, софтвер?
Може да ми објасни некој подетално за разликите?
 
Може да ми објасни некој подетално за разликите?

Ако одиш на ФЕИТ, ќе треба да избереш некој од следните смерови:

4 годишни студии
» Електроенергетика
~ ЕЕС(електроеенргетски системи)
~ ЕЕиУ(електроенергетика и управување)
» Применета електротехника и автоматизација
~ ЕЕУ(електроенергетски уреди)
~ КИЕЕ(конверзија и искористување на електрична енергија)
» Електроника и телекомуникации
~ ТК(телекомуникации)
~ ЕРПС(електроника, радиотехника и процесирање на сигнали)
» Компјутерска техника информатика и автоматика
~ КСИА(компјутерско системско инженерство и автоматика)

Ики и инфо иако ќе постојат оваа година, не би ги препорачал да се слушаат на ФЕИТ, бидејќи едноставно сеуште нема кадар.

Прва година се учат на секој смер истите предмети, после втора се насочуваат веќе. Повеќе за тоа што каде се учи и што се постигнува можеш да прочиташ тука.

Ако одиш на ФИНКИ ќе се насочиш кон софтверско инженерство воглавно. Таму од прва година мислам дека се изфрлени физиката и електротехниката, предмети кои повеќе одговараат на смеровите на ФЕИТ, а главно факултетот е насочен кон програмирање. За тамошните смерови, што се студира и што се постигнува, можеш да прочиташ тука.

Да напоменам само дека цел Институт за информатика од ПМФ и Институт за компјутерска техника и информатика од ФЕИТ се селат на новот факултет ФИНКИ, така да ако програмирањето ти е мило, ти оди, сакаш математика, не сакаш физика, тогаш оди на ФИНКИ. Ако не....
 
абе да ве прашам некој добар професор за математика 1 што ќе ме спреми топ ?
 
ми има останато зошо ?

Не, онака, зашто 2-3ца матуранти што сега ќе се запишат се преплашени од математика 1, бараат уште сега задачи, ова, она, а реално гледано математика 1 е во голема мера поминување на матријалот од средно + некои финти, не е нешто ултимејт, па мислев дека си и ти во тие па да те посоветувам;)

За професор некој друг нека одговори...
 
Материјалот не е ултимејт, професорите се.
 
Може ли некој да ми каже што може да работи дипломиран инженер по телекомуникации? (Што и каде?)
 
Може ли некој да ми каже што може да работи дипломиран инженер по телекомуникации? (Што и каде?)

Во некој од операториве.
 
И која е поентата на факултетот ако ни ставаат печати место стварно да идеме на пракса и да видиме како функционираат стварите у некоја фирма? Независно дали вариме кафе, купуваме бурек или слично, самото тоа што си таму и се моташ таму е друго...
Факултетот ти става печат на барањето (молбата) за пракса, не ти става печат на документот за реализирана пракса. Значи со тој документ (шо имаш печат ) одиш во фирма да бараш да те примат на пракса, а после праксата фирмата ти издава документ кој треба да го вратиш на факултет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom