Факултет за Електротехника и информациски технологии

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Некој од ИКИ да ми каже нешто повеќе за предметот Софтверско инженерство, што се учи, кој го предава, интересен ли е?
 
Член од
1 август 2007
Мислења
89
Поени од реакции
5
^ Како што знам го држи Ѓорѓевиќ и Томче Делев . Се учат STL контењери. На пример како што беа листите во Алгоритми предметот . Само што тука се готови таквите структури(не треба да ги куцаш како во алгоритми) и ги повикуваш, манипулација со нив и тн...

btw
Совет за Математика 2 кај Бучковска? Од каде се учи, скрипта , тетратка... што се паѓа ?
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.265

Математика 2 усното што се паѓа кај Бучковска е од тетратка, ако и одиш на предавања таа точно ќе каже која лекција ќе се падне на усно, но усното кај неа не е проблем, се учи, не е тешко, и не се бодува.
За писменото има едни листови кои ни ги даде асистентката со некои си 100+ задачи + конечни точни решенија и сите од таму решаваат и плус задачите штио ги решава асинтенката на час(значи и од тетратака).

Книга Математика 2 ретко кој има. Мислам дека одевме по книга од Пиперевски или Петрушевски Боро, не знам како се презиваше, но во цела група 10тина студенти само ја имаат книгата, едноставно немаш време и потреба да седнеш да читаш од неа.
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Да не знае некој кога се пријавуваат испити за августовската испитна сесија? На ФЕИТ страната пишува дека првиот рок е од 20 до 24 Јуни. Меѓутоа исто така пишува дека и јунската испитна сесија е од 23.05 до 10.06, а всушност траеше до 18ти некаде. Па незнам колку им се точни датумиве.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.251
Поени од реакции
1.756
Едно прашање кратко и јасно:
Дали студентите запишани во 2008 год треба да одат на пракса ?
Фала однапред.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.265

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Едно прашање кратко и јасно:
Дали студентите запишани во 2008 год треба да одат на пракса ?
Фала однапред.
Краток и јасен одговор: студентите запишани во учебната 2008 година треба да одат на задолжителна пракса во времетраење од 1 месец* во текот на нивните студии (само еднаш, не три пати). Ќе одиш горе на студентски, ќе си земеш лист за пракса, правец у деканат за потпис и печат, па го носиш листот таму кај што ќе одиш на пракса за да ти дадат печат и потврда дека си бил на пракса. Исто така ти треба и направен календар на активности, за да видат што си правел додека си бил на пракса

*Или може да одиш кај некој што го знаеш и да ти даде само потврда и печат, па праксата да ти трае 5 минути.
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809

И која е поентата на факултетот ако ни ставаат печати место стварно да идеме на пракса и да видиме како функционираат стварите у некоја фирма? Независно дали вариме кафе, купуваме бурек или слично, самото тоа што си таму и се моташ таму е друго...
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
И која е поентата на факултетот ако ни ставаат печати место стварно да идеме на пракса и да видиме како функционираат стварите у некоја фирма? Независно дали вариме кафе, купуваме бурек или слично, самото тоа што си таму и се моташ таму е друго...
Знаџи се па живи се вика тоа:) Не функционира се како што треба во државава, па ни на факултет. Неколку фирми имаа пуштено огласи за пракса, до крај на мај беше рокот за аплицирање, ако си ги испуштил ќе почекаш до наредно лето. Никој нема да доаѓа и да не моли за пракса... треба малце сам да се снајдеш. Друга работа е ако имаш некој познат, па да те бутне во некоја фирма на пракса... али во глобала ако сакаш пракса, можеш да најдеш. Поентата ми е никој нема да дојде и да те моли, туку ти треба да замолиш и да ги пратиш конкурсите кои мислам дека се веќе поминати.

И се разбира ова е ако сакаш да осетиш работна атмосфера (безразлика дали е вистинска или варење кафе како што кажа:)), додека ако ти е само за печат... сигурен сум дека ќе се снајдеш:)
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.265
Краток и јасен одговор: студентите запишани во учебната 2008 година треба да одат на задолжителна пракса во времетраење од 1 месец* во текот на нивните студии (само еднаш, не три пати). Ќе одиш горе на студентски, ќе си земеш лист за пракса, правец у деканат за потпис и печат, па го носиш листот таму кај што ќе одиш на пракса за да ти дадат печат и потврда дека си бил на пракса. Исто така ти треба и направен календар на активности, за да видат што си правел додека си бил на пракса

*Или може да одиш кај некој што го знаеш и да ти даде само потврда и печат, па праксата да ти трае 5 минути.
За ова, што е само еднаш во текот на студиите, не ми е јасно. На пример не сакам да одржам пракса после завршена 2ра година, сакам да одам после 3та година на пракса. А пишува дека услов за запишување на зимски семестар е реализирана практична настава, освен за студентите од 1ва година на кои им важи потписот за изработени лабораториски по ОЕТ. Како тогаш јас ќе запишам зимски семестар од 3та година ако немам изработено пракса после завршена 2ра година?
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
794
Поени од реакции
330
Мене на студентски ми рекоа дека можам да одам кога сакам во текот на студиите 1 месец на пракса.
 
A

apidrone

Гостин
Една од ретките работи кои ми се свиѓаат кај приватните факултети е тоа шо факултетот сам ти наоѓа пракса.
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9
ФЕИТ или ФИНКИ или ПМФ? Каде е најдобро?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom