Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Треба да се помирам со тоа дека за деценија или две нема да можам да играм баскет, дека за две до три децении нема да можам да имам секс, дека за една деценија убавите жени нема повеќе да ме приметуваат, дека оптимистички гледано, за три до четири децении целокупниот мој Универзум ќе исчезне?
Нејќам да ти кршам филм, ама еве, од лично искуство: подготви се на сето ова. За баскет и другово се праи гајрет, ама ова со убавите (млади) жени веќе ми се дешава. Кај постариве се`уште добро сум рангиран.;)

А сега малку посериозно: мудроста и знаењето не се доволни. Потребна е укрепа, надеж, утеха. Не од страв, туку од потреба, барем за мене. Каде ќе ги најдеш овие последниве три е на тебе да одговориш.

Знам, звучи малце као „види синко...“ ама не ми е тоа целта. Сети се на она шо ти пишав за бунтовниците. А види го DBack, одма хедонистичко-предаторски одговор...:)
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Смртта е природна кога се однесува на се друго околу мене, но не е природна кога се однесува на Мене. Јас сум Едниот од книгата на Штирнер, и си ги сакам своите права. Најважното од тие права е да траам, ако не вечно, еве барем колку Сонцето. Не ме плаши смртта, повеќе ме вреѓа, како симбол на мојата конечност...

Мислам, ме извлекле од ништавилото, ми било дадено шанса да го засакам животот пред да почнам да размислувам за него, и сега треба да се помирам дека моето враќање во ништавилото е природно? Треба да се помирам со тоа дека за деценија или две нема да можам да играм баскет, дека за две до три децении нема да можам да имам секс, дека за една деценија убавите жени нема повеќе да ме приметуваат, дека оптимистички гледано, за три до четири децении целокупниот мој Универзум ќе исчезне?

Тоа не може да биде природно, на за Мене. Природно за мравките, природно за луѓето мравки, не за мене...

Но од друга страна не можам да си го лажам умот со бесмислените учења за задгробниот живот, како и со бедата на метамопсихозата...

Чаре?
Дрога и алкохол. Кога си high you just dont give a fuck.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А сега малку посериозно: мудроста и знаењето не се доволни. Потребна е укрепа, надеж, утеха. Не од страв, туку од потреба, барем за мене. Каде ќе ги најдеш овие последниве три е на тебе да одговориш.

Знам, звучи малце као „види синко...“ ама не ми е тоа целта. Сети се на она шо ти пишав за бунтовниците. А види го DBack, одма хедонистичко-предаторски одговор...:)
Надеж и утеха, се разбира дека се потребни. Но во однос на религиозната надеж и утеха, повторно со зборовите на Иван, прескапа е влезницата за мојот џеб, и со мои зборови, препатетично ми е шоуто за да учествувам.

Метафизичкиот бунт е еднократен и парадоксален чин. Еднаш остварен, исчезнува објектот против кој бунтот се спроведува, и со самото тоа исчезнува и потребата за бунт.
Не сакам да бидам Богоборец, тоа и добиена битка. Потребно е да се направи чекор натаму, но поим немам во кој правец...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Потребно е да се направи чекор натаму, но поим немам во кој правец...
Така е Ставрогин, така е! Затоа Христос и вели: „..Без Мене не можете на направите ништо...„
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Го прочитав: постот Ти е егзистенционалистичка класика..Со лош крај, разбира се! Без Бог, нормално...
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Надеж и утеха, се разбира дека се потребни. Но во однос на религиозната надеж и утеха, повторно со зборовите на Иван, прескапа е влезницата за мојот џеб, и со мои зборови, препатетично ми е шоуто за да учествувам.

Метафизичкиот бунт е еднократен и парадоксален чин. Еднаш остварен, исчезнува објектот против кој бунтот се спроведува, и со самото тоа исчезнува и потребата за бунт.
Не сакам да бидам Богоборец, тоа и добиена битка. Потребно е да се направи чекор натаму, но поим немам во кој правец...
Пријави се и учествувај во Монгол рели, 2-3 месеци по Азијските беспаќа, сигурно ќе ти дојде некоја идеја. :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Надеж и утеха, се разбира дека се потребни. Но во однос на религиозната надеж и утеха, повторно со зборовите на Иван, прескапа е влезницата за мојот џеб, и со мои зборови, препатетично ми е шоуто за да учествувам.

Метафизичкиот бунт е еднократен и парадоксален чин. Еднаш остварен, исчезнува објектот против кој бунтот се спроведува, и со самото тоа исчезнува и потребата за бунт.
Не сакам да бидам Богоборец, тоа и добиена битка. Потребно е да се направи чекор натаму, но поим немам во кој правец...
Не зборував за религиозна надеж и утеха. Зборував за надеж и утеха како психолошки потреби. Во што и каде ќе ги најдеш е твој избор.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Смртта е природна кога се однесува на се друго околу мене, но не е природна кога се однесува на Мене. Јас сум Едниот од книгата на Штирнер, и си ги сакам своите права. Најважното од тие права е да траам, ако не вечно, еве барем колку Сонцето. Не ме плаши смртта, повеќе ме вреѓа, како симбол на мојата конечност...

Мислам, ме извлекле од ништавилото, ми било дадено шанса да го засакам животот пред да почнам да размислувам за него, и сега треба да се помирам дека моето враќање во ништавилото е природно? Треба да се помирам со тоа дека за деценија или две нема да можам да играм баскет, дека за две до три децении нема да можам да имам секс, дека за една деценија убавите жени нема повеќе да ме приметуваат, дека оптимистички гледано, за три до четири децении целокупниот мој Универзум ќе исчезне?

Тоа не може да биде природно, на за Мене. Природно за мравките, природно за луѓето мравки, не за мене...

Но од друга страна не можам да си го лажам умот со бесмислените учења за задгробниот живот, како и со бедата на метамопсихозата...

Чаре?
Science will find the way.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Хахаххах го утеши
Во ладните води на Лета, ќе се сеќаваме дека Земјата во нашите очи вредеше колку илјада раеви.

Така пишуваше еден Руски поет...

Замисли Игорче бесмртност, тука на Земјата, и потоа сите натропани глупости за душата, за рајот, за реинкарнацијата стануваат застарени...

Каде после со Ошо бе Игорче бе?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Во ладните води на Лета, ќе се сеќаваме дека Земјата во нашите очи вредеше колку илјада рајеви.

Така пишуваше еден Руски поет...

Замисли Игорче бесмртност, тука на Земјата, и потоа сите натропани глупости за душата, за рајот, за реинкарнацијата стануваат застарени...

Каде после со Ошо бе Игорче бе?
Бесмртност(или скоро бесмртност) на земјава имало на времето кога боговите владееле во раската градина само не без последици.
Инаку бесмртност тука на земјава е како вечен затвор за душата.
Не верувам дека би го посакал тоа, иако феномен е да го засакаш местото кај што си затворен.
Реинкарнацијата е глупост одкако ќе станеш свесен за неа, каде после?
Незнам и неможам да знам од оваа димензија на набљудување.
Toa што сум сигурен е дека не е ова крај, и дека нема крај се додека јас несакам да го има.
--- надополнето: Jun 25, 2011 1:05 PM ---
А што со Ошо?
Зарем знаеш нешто за него штом го спомна?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom