Гробниците на Македонските владетели

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
На колку Македонски владетели до сега се познати (откриени) гробовите и каде се наоѓаат истите?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ти ли бе блгарче што за 100 евра поевтина кола си го продаваш идентитетот најде тема да отвораш за Македонски владетели..смешен си немој
 

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
Ти ли бе блгарче што за 100 евра поевтина кола си го продаваш идентитетот најде тема да отвораш за Македонски владетели..смешен си немој
што не ја отвори ти како "поголем" Македонец?
--- надополнето: Jun 19, 2011 4:15 PM ---
во Ајга се пронајдени 12 тумули при што во т.н. Голем тумулус се ископани три гробови.


Гроб 1.

Во него најдена е циста од камени плочи со коски од тело на маж, жена и бебе. На трите ѕида од оваа гробница има фрески со претстава на грабнувањето на Персепона.


Гроб2.

Во овој гроб се пронајдени траги од кремација и инхумација. Се работи за коски од машки и женски тела. Гробницата е типично македонска, засводена со претсобје и соба во која е закопан главниот покојник. Фасадата на гробницата е во дорски стил со претстава на лов со коњаници, пешаци, кучиња, диви свињи, мечки и лавови.

Во гробот најдени се бронзен и железен шлем, штит и дијадема, а пак, во собата на покојникот, е пронајден златен шлем, бројни сребрени и бакарни садови и оружје, како и портрети изработени во слонова коска.

Во претсобјето најдени се кремирани коски на млада жена на возраст од 20 - 30 години, а на вратата имало закачени бронзени и позлатени кнемиди (штитници за нозе), троножец (столче со три ногарки) и торбичка во која се носеле стрели.


ГробЗ.

Овој гроб бил составен од претсобје и соба. Во собата се најдени коски од 16 - 17 годишно момче, а од погребните артефакти еден сребрен сад во кои се ставени неколку копја и оклоп, како и стригилус (еден вид на сечиво со кое се чистело маслото од телото на борачите)


Идентификации

Во науката постојат воглавно две претпоставки во врска со идентификацијата на гробовите. Според едната се работи за Филип III Аридај и Евридика, а пак според другата, многу поверојатна, станува збор за Филип II и некоја од неговите сопруги.


Неколку показатели ја прават поверодостојна претпоставката дека работи за гробот на Филип II. Прво, со анализата на пронајдениот машки череп е утврдено дека истиот има дупка над левата аркада што упатува на претпоставката дека човекот бил слеп на левото око. Токму ова се поврзува со Филип II за кого од изворите се знае дека при опсадата на Метоне во 354 г. бил ранет во главата по што го изгубил видот на едното око.

Второ, една од четирите пара кнемиди (штитници за нозе), пронајдени во гробот, е покуса од другите и има поинаков облик. Ова упатува на претпоставката дека човекот бил куц на едната нога. Токму ова е уште еден силен аргумент дека се работи за Филип II. Имено, се знае дека во една битка со Трибалите, Филип бил ранет во ногата по што останал куц.

Како трет аргумент кој оди во прилог на претпоставката дека во гробницата бил погребан Филип II се пронајдените мини портрети кои најверојатно служеле како украс на креветите. Пет од нив се идентификувани и тоа портретите на Филип II, Олимпијада, Александар Македонски, Аминта III и Евридике.


Полемика единствено се води околу идентификацијата на женскиот скелет пронајден во гробницата. Според едни, женската особа е Клеопатра, последната жена на Филип, а пак, според други се работи за Меда, другата жена на Филип која била од скитско потекло. Сепак, за поверојатна изгледа втората претпоставка. На ова упатува фактот што во гробот е најдена торбичка за стрели која е од скитско потекло.


Што се однесува пак до гробот бр.З научниците сметаат дека во истиот бил погребан Александар IV, синот на Александар Македонски и Роксана.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Идентификации

Во науката постојат воглавно две претпоставки во врска со идентификацијата на гробовите. Според едната се работи за Филип III Аридај и Евридика, а пак според другата, многу поверојатна, станува збор за Филип II и некоја од неговите сопруги.

Неколку показатели ја прават поверодостојна претпоставката дека работи за гробот на Филип II. Прво, со анализата на пронајдениот машки череп е утврдено дека истиот има дупка над левата аркада што упатува на претпоставката дека човекот бил слеп на левото око. Токму ова се поврзува со Филип II за кого од изворите се знае дека при опсадата на Метоне во 354 г. бил ранет во главата по што го изгубил видот на едното око.

Второ, една од четирите пара кнемиди (штитници за нозе), пронајдени во гробот, е покуса од другите и има поинаков облик. Ова упатува на претпоставката дека човекот бил куц на едната нога. Токму ова е уште еден силен аргумент дека се работи за Филип II. Имено, се знае дека во една битка со Трибалите, Филип бил ранет во ногата по што останал куц.

Како трет аргумент кој оди во прилог на претпоставката дека во гробницата бил погребан Филип II се пронајдените мини портрети кои најверојатно служеле како украс на креветите. Пет од нив се идентификувани и тоа портретите на Филип II, Олимпијада, Александар Македонски, Аминта III и Евридике.
.


Not Philip II of Macedon April 20, 2000

by Angela M.H. Schuster

http://www.archaeology.org/online/features/macedon/
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....дај бе погледнете напред....оставете ги мртвите да почиваат на мир
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
На колку Македонски владетели до сега се познати (откриени) гробовите и каде се наоѓаат истите?
абе црв, место да дремеш на форум да идеше на часови историја
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
....дај бе погледнете напред....оставете ги мртвите да почиваат на мир
Ова е форум “Историја“. Како да погледнеме напред - напред нема историја?! А мртвите и нивните постапки и дела се темел на историската наука...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
А мртвите и нивните постапки и дела се темел на историската наука...
Токму така....поради таа историја (далеку од наука, бидејќи науката треба да биде објективна, а историјата е секогаш субјективна)...ние денес си гивадиме очите...за кавгите на нашите прадедовци
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ти ли бе блгарче што за 100 евра поевтина кола си го продаваш идентитетот најде тема да отвораш за Македонски владетели..смешен си немој
Те цитирам тебе како иницијатор на целата офтопик нота и воедно им упатувам предупредување и на сите останати кои подлегнуваат на вакви провокации, дека ќе бидете испратени на летен одмор (3 месеци) без никакво дополнително предупредување отсега натаму.

Се уморивме од повторување на правилата на членови кои имаат веќе долга историја на форумов и кои треба да бидат пример за останатите и да ги почитуваат правилата, наместо да бидат иницијатори на неред и невкусни коментари.

Доколку имате желба и знаење за да ривализирате со аргументи на темава и форумов, повелете и водете ја дискусијата, без потреба некој да ви биде постојана дадилка.

Има веќе слични теми на форумов кои треба да ги побарате и најдобро би било кога во своите исложувања би користеле некаква литература, референци, линкови на кои се повикувате, за да биде поверодостојно она што го застапувате.

Од мене толку засега и очекувам дека без приговор ќе ја прифатите мојата забелешка.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
што не ја отвори ти како "поголем" Македонец?
Фасадата на гробницата е во дорски стил ..
ајде бе бегај...

It has of late become an acknowledged scandal that the Dorians, archaeologically speaking, do not exist. That is, there is no cultural trait surviving in the material record for the two centuries or so after 1200 which can be regarded as a peculiarly Dorian hallmark. Robbed of their patents for Geometric pottery, cremation burial, iron-working and, the unkindest prick of all, the humble straight pin, the hapless Dorians stand naked before their creator - or, some would say, inventor.
Cartledge, Paul (2002). Sparta and Lakonia: A Regional History, 1300-362. Routledge. pp. 68
 

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
ајде бе бегај...

It has of late become an acknowledged scandal that the Dorians, archaeologically speaking, do not exist. That is, there is no cultural trait surviving in the material record for the two centuries or so after 1200 which can be regarded as a peculiarly Dorian hallmark. Robbed of their patents for Geometric pottery, cremation burial, iron-working and, the unkindest prick of all, the humble straight pin, the hapless Dorians stand naked before their creator - or, some would say, inventor.
Cartledge, Paul (2002). Sparta and Lakonia: A Regional History, 1300-362. Routledge. pp. 68
Целиот тој пост е копиран и залепен од друга страна, не го пишував јас. Ако има некој грешки бунете се кај авторот на текстот. :)
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Целиот тој пост е копиран и залепен од друга страна, не го пишував јас. Ако има некој грешки бунете се кај авторот на текстот. :)
а зашто не го линкуваш текстот т.е. изворот?
секој нормален дискутант би го правил тоа, твојата тема е од почетокот утната.
Прво прашуваш, па постираш „факти“ без извор.
кога ти посочив контра аргумент, никаква реакција...

според мене ФЕЈЛ! БИГ ФЕЈЛ!
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Обично се криеле владетелите после смртта..т.е. нивниот гроб. Или грешам?
 

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
а зашто не го линкуваш текстот т.е. изворот?
секој нормален дискутант би го правил тоа, твојата тема е од почетокот утната.
Прво прашуваш, па постираш „факти“ без извор.
кога ти посочив контра аргумент, никаква реакција...

според мене ФЕЈЛ! БИГ ФЕЈЛ!
постот го ставив како водилка во темата затоа што имаше и такви коментари кои сега гледам се избришани а кој прашуваа кој биле македонски владетели ...Како прво не сум јас историчар, а претпоставувам дека не си ни ти за да дискутирам со факти. Фактите стојат во музеите или во гробниците, а се друго се мислења од историчарите или новинарите кои ги пренесуваат нивните изјави, така да и ова твоево незначи дека е факт. Контра аргумет од моја страна нема да добие никој (па ни ти) се додека постира текстови кои се на пишани на некој странски јазик.

И ако ти значи толку линкот, тогаш еве го и него. http://istoricar.blogspot.com/2006/02/ii.html
--- надополнето: Jun 23, 2011 12:10 PM ---
Обично се криеле владетелите после смртта..т.е. нивниот гроб. Или грешам?
сигурно не грешиш заради фактот што денес се знае за многу малце гробници
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Обично се криеле владетелите после смртта..т.е. нивниот гроб. Или грешам?
Не е задолжително да са на владетели гробниците.
Да, гробниците са били криени наjчесто като са били затрупвани со земja и се образуват мали брда.Многу често и са били криени во тежко достапни места.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom