GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

laceso

Zoomj †
Член од
17 мај 2011
Мислења
422
Поени од реакции
318
ај стајте го Primer за дискусија, овде има материјал.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Саундтракот на Труман Шоу е еден од оние што ме има наежено. Самиот филм е прејак, али музиката - EPIC.

(y)
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.901
Поени од реакции
11.238

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Шест. Се надевам има некој од вас што целосно го сфатил, бидејќи сликава некако не пробувам да ја сфатам :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Aло ја бев меѓу првите! Со години наназад го форсиравме со членот боби2008! :D
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ке почне некој дискусија ако воопшто може да се има за Трумен? За што ке дискутиарте? “Што ако вас ви се случи тоа“, хм? :D

А Primer освен со преведувани работи, никој нема свое мислење за филмот, све е тоа собрано од многу други објаснувања низ интернетов.

Инсепшн бепе добар, исто и серијава ЛОСТ може, фајла може исто. Трумен шоу не може.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ке почне некој дискусија ако воопшто може да се има за Трумен? За што ке дискутиарте? “Што ако вас ви се случи тоа“, хм? :D

А Primer освен со преведувани работи, никој нема свое мислење за филмот, све е тоа собрано од многу други објаснувања низ интернетов.

Инсепшн бепе добар, исто и серијава ЛОСТ може, фајла може исто. Трумен шоу не може.
Колку е лошо чувството кога можеш само да мрчиш, а ништо да не можеш да направиш :rolleyes:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Колку е лошо чувството кога можеш само да мрчиш, а ништо да не можеш да направиш :rolleyes:
Chill. Никој тебе ништо не ти рече, ако мислиш дека не сум во право, дај почни тема околу филмот, не ми изигравај тука “im so smart, my boobs are small".

Еве ИоСоно уште од недела пиша: “покасно подетално“, еве се изнапрочитавме.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Chill. Никој тебе ништо не ти рече, ако мислиш дека не сум во право, дај почни тема околу филмот, не ми изигравај тука “im so smart, my boobs are small".

Еве ИоСоно уште од недела пиша: “покасно подетално“, еве се изнапрочитавме.
Извини мистер муптиплекс персоналити ака ја тепам и Рубин Ред со никови, на кого тоа нешто ти му рече. Ехо во празно...
Иосоно може што сака да пише. Ти ако не можеш да пишеш нешто свое тоа е твој проблем.
И да оф топици бришам после мојов пост. Иди жали се во управа ако сакаш.
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Збор два за The Truman Show :)
Еден од најомилени филмови ми е ( или барем спаѓа во оние кои што најмногу пати ги имам изгледано), а не сум пишал ништо тука (shame on me).
Филм кој излегува токму во периодот на почетоците на reality shows, и се поголемата популарност која што ја стекнуваат.
Во тој период го имав и мислењето дека токму овој филм бил инспирација за риалити тв, ама подоцна дознав дека фактите биле малку поинакви, nevertheless, филмот има огромно значење за нив.
Тешко дека некој може да остане рамнодушен на сатиричниот начин на кој е прикажано влијанието кое едно вакво шоу би го имало врз светската популација.
Изведбата на Џим Кери е нешто извонредно, kudos to him! Интересно е тоа што за оваа улога има добиено златен глобус, додека пак не ни бил номиниран за оскар (имало јака конкуренција да, ама според мене дефинитивно ја има заслужено барем номинацијата).
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ветувам дека Primer ќе биде ставен веднаш после овој филм за дискусија..:)
А сега ајде да продискутираме филм на Дејвид Линч - еден од оние режисери кој ги прави веројатно најтешките филмови.
Бидејќи Мулнхолд Драјв сме го спомнувале доста често во подфорумов, ќе му дадеме шанса на Lost Highway.


Линч како Линч, нема да најдете просто проширена приказна, туку комплетено замрсен тек.
Значи да се обидеме да најдеме некои одговори за филмов, зависно од вашата интепретација.
1. Дали мистериозниот човек се обидува да му помогне на Фред т.е дали неговото шизофрено алтер его се обидува да го разбуди пред да биде доцна?
2. Дали приказната со младиот Пит е целосен производ на Фред? Ако е така, тогаш како тоа Енди е убиен откако Фред ќе биде затворен за убиство?
3. Слободно отворете некое друго прашање за филмов..:)

 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Супер филм за дискутирање, и така планирав рецензија да напишам. Ретко кој филм на овој начин ме импресионирал, веќе три пати го изгледав. Па ајде да почнеме и со прашањата, на нет одговорите во однос на првото прашање варираат од тоа дека Mystery man е самиот ѓавол до тоа дека се работи за љубомората на Фред олицетворена во Mystery Man. Јас лично сум приврзаник на вториот одговор а ќе објаснам и зошто понатаму. Второто клучно прашање би требало да биде поврзано со Dick Laurеnt, односно смртта на Dick Laurеnt. Тоа би гласело: Кое е објаснувањето за тоа што Фред сам на себе си кажува дека Dick Laurent е мртов? На почетокот на филмот знаеме дека некој заѕвонува на домофонот и му кажува на Фред дека извесен Dick Laurent е мртов. Според мене тоа е моментот на индуцирањето на љубомората или повикувањето на Mystery man. Љубомората е насочена кон сопругата Рене која му е неверна и Дик Лорант со кој го изневерува сопругата. На забавата на Енди, Фред се сретнува со Mystery Man, т.е Mystery Man му приоѓа и му кажува дека се познаваат од некаде, на што Фред одговара дека не верува дека се запознале до сега и го прашува - Каде сме се запознале? На тоа, Mystery Man одговара дека нивното познанство се случило во куќата на Фред и дека токму тој го поканил, по што му го дава телефонот на Фред и го замолува да се јави кај него дома за да се увери дека тој, Mystery Man, е сеуште кај него дома. Значи во првата сцена во која непознат глас му соопштува на Фред дека Дик Лорант е мртов тоа е внатрешниот глас на Фред кој посакува Дик Лорант да умре, додека крајната сцена во која Фред бега од полицијата и заѕвонува на домофонот од својата куќа за да си каже на самиот себе дека Дик Лорант е мртов тоа е веќе сцена одкако се случило убиството над Дик Лорант и Фред е веќе свесен за убиството кое го извршил. Во однос на прашањето за Пит и Алис, ова го сметам како еден вид имагинација или внатрешно копнеење на Фред да биде млад и посакуван, и како таков да се сретне со девојка по име Алис која неодоливо подсетува на неговата сопруга Рене. Токму во тие свои фантазирања Фред ќе ја освои девојката која наликува на неговата жена и која воедно му е девојка на Дик Лорант, ова најдобро говори за љубомората на Фред. Во тие свои соништа двајцата ќе планираат да го ограбат Дик Лорант и да побегнат заедно. Но што се случува? Во сцената кај колибата, Пит и Алис имаат секс (јас сценава морам пак да ја ставам затоа што до сега немам видено поромантична еротска сцена и дур ја гледам буквално доживувам емоционални оргазми. Совршена сцена од аспект на музика, кинематографија и глума)


Во оваа сцена Пит обземен во страст и кажува на Алис колку ја посакува. Гледаме дека буквално се зрачи со нежност и чиста љубов, се додека музиката од нежна балада не се смени во музика која дава чувство на страв, нестабилност и т.н. Тоа е моментот во кој Алис му шепнува на Пит - "You will never have me". Што може да заклучиме од оваа сцена? Фред колку и да ја посакува својата жена, колку и да е голема неговата љубов кон неа, сепак длабоко во себе е свесен за нејзиното предавство односно преголема е неговата огорченост. Тоа ќе биде клучно за Фред да донесе финална одлука за убиство на својата жена. Уште еднаш ќе кажам генијален филм, од мене 10 од 10.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Од овие варијантиве што ги спомна околу мистериозниот човек, јас сепак мислам дека е тоа алтер егото на Фред:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom