Супер филм за дискутирање, и така планирав рецензија да напишам. Ретко кој филм на овој начин ме импресионирал, веќе три пати го изгледав. Па ајде да почнеме и со прашањата, на нет одговорите во однос на првото прашање варираат од тоа дека Mystery man е самиот ѓавол до тоа дека се работи за љубомората на Фред олицетворена во Mystery Man. Јас лично сум приврзаник на вториот одговор а ќе објаснам и зошто понатаму. Второто клучно прашање би требало да биде поврзано со Dick Laurеnt, односно смртта на Dick Laurеnt. Тоа би гласело: Кое е објаснувањето за тоа што Фред сам на себе си кажува дека Dick Laurent е мртов? На почетокот на филмот знаеме дека некој заѕвонува на домофонот и му кажува на Фред дека извесен Dick Laurent е мртов. Според мене тоа е моментот на индуцирањето на љубомората или повикувањето на Mystery man. Љубомората е насочена кон сопругата Рене која му е неверна и Дик Лорант со кој го изневерува сопругата. На забавата на Енди, Фред се сретнува со Mystery Man, т.е Mystery Man му приоѓа и му кажува дека се познаваат од некаде, на што Фред одговара дека не верува дека се запознале до сега и го прашува - Каде сме се запознале? На тоа, Mystery Man одговара дека нивното познанство се случило во куќата на Фред и дека токму тој го поканил, по што му го дава телефонот на Фред и го замолува да се јави кај него дома за да се увери дека тој, Mystery Man, е сеуште кај него дома. Значи во првата сцена во која непознат глас му соопштува на Фред дека Дик Лорант е мртов тоа е внатрешниот глас на Фред кој посакува Дик Лорант да умре, додека крајната сцена во која Фред бега од полицијата и заѕвонува на домофонот од својата куќа за да си каже на самиот себе дека Дик Лорант е мртов тоа е веќе сцена одкако се случило убиството над Дик Лорант и Фред е веќе свесен за убиството кое го извршил. Во однос на прашањето за Пит и Алис, ова го сметам како еден вид имагинација или внатрешно копнеење на Фред да биде млад и посакуван, и како таков да се сретне со девојка по име Алис која неодоливо подсетува на неговата сопруга Рене. Токму во тие свои фантазирања Фред ќе ја освои девојката која наликува на неговата жена и која воедно му е девојка на Дик Лорант, ова најдобро говори за љубомората на Фред. Во тие свои соништа двајцата ќе планираат да го ограбат Дик Лорант и да побегнат заедно. Но што се случува? Во сцената кај колибата, Пит и Алис имаат секс (јас сценава морам пак да ја ставам затоа што до сега немам видено поромантична еротска сцена и дур ја гледам буквално доживувам емоционални оргазми. Совршена сцена од аспект на музика, кинематографија и глума)
Во оваа сцена Пит обземен во страст и кажува на Алис колку ја посакува. Гледаме дека буквално се зрачи со нежност и чиста љубов, се додека музиката од нежна балада не се смени во музика која дава чувство на страв, нестабилност и т.н. Тоа е моментот во кој Алис му шепнува на Пит - "You will never have me". Што може да заклучиме од оваа сцена? Фред колку и да ја посакува својата жена, колку и да е голема неговата љубов кон неа, сепак длабоко во себе е свесен за нејзиното предавство односно преголема е неговата огорченост. Тоа ќе биде клучно за Фред да донесе финална одлука за убиство на својата жена. Уште еднаш ќе кажам генијален филм, од мене 10 од 10.