У реди, ствар укуса е тоа...
--- надополнето: Jun 21, 2011 3:28 PM ---
Појма неам шо е тоа „објективност„ оти и ја го поставив истово прашање на форимов, ама никој нејчи да ми одговорит.
--- надополнето: Jun 21, 2011 3:29 PM ---
Се согласувам во Тебе: ја су увек субјективен, чак и мојта вера кога е у питање.
--- надополнето: Jun 21, 2011 3:30 PM ---
А по шо разлукваш „секта„ од „не-секта„?
--- надополнето: Jun 21, 2011 3:31 PM ---
Хе-хе, Ти велам ја...
Ти го постави прашањето, јас и Атеист ти одговоривме, ако тебе не ти се допаѓа одговорот, не е до нас. До тебе е.
Ти си субјективен заради ТВОЈАТА вера. Зошто јас НЕ ВЕРУВАМ ниту во твојот Бог, ниту во Чарлс Дарвин, ниту во ничиј бог или религија, тоа ме прави ОБЈЕКТИВНА.
Сектата не е нужно да биде девијантна, сосема е доволно да штети врз секојдневниот живот на моето дете (и потенцирав пример, суецидни секти, каде што масовно се самоубиваат луѓе, си веруваат во некои култови итн.) и ако моето дете реши да стане некаков радикален верник и поради тоа да не може нормално да живее (на пример, да се самокамшикува) тогаш би пробала да го спречам. Ама ако одлучи да оди во црква, да пости, да се клања во џамија, да стане Јеховин сведок, реално, не би ни пробала да му застанам на пат.
И исто како што ти мислиш дека мојот е грешен, и јас мислам дека е твојот грешен пат. Исто како што ти ќе мислиш дека твоето дете ако е неверник, греши, и јас ќе мислам дека греши ако е верник.
И 1000 пати кажав, имам против религиозноста, но нема да му пречам на моето дете да биде религиозно ако тоа го сака.
Не знам што не ти е јасно, ама дефинитивно, не е поврзано со мене твоето неразјаснето.
--- надополнето: Jun 21, 2011 9:28 PM ---
А што е тоа „световност„?
--- надополнето: Jun 21, 2011 3:34 PM ---
Нема „поважно„ воспитување од религиозното. Последиците од нерелигиозното (не)воспитување, се мерливи и за социлогијата и за Црквата!
--- надополнето: Jun 21, 2011 3:35 PM ---
Да сачекаме малце, се надевам дека форумџиката ќе не удостои сос квалитетен, содржаен и сеопфатен социолошки коментар...
Каква социологија, човеку. Јас на почетокот, во првиот пост, напишав дека моите колеги, психолози се поделени во мислењата околу религиозното воспитување, некои се за, некои против, но НИКОЈ не му дава ПРИОРИТЕТ (нема поважно од таквото) на тоа воспитување. Ама БАШ никој, освен Црквата, Џамијата, и останатите нерелевантни фактори.
Световност, таква, од типот ,,тебе ништо не ти е свето,,. Токму така, ништо не ми е свето, не постои поимот ,,свето,, во мојот свет. Ти спомна дека ние очекуваме традиционална световност од нашите деца (демек, сите во црква за Велигден, па и јас) но јас самата не го правам тоа, зошто би го очекувала од моето дете?