Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Ах море си треба и физичка активност, кој како сака нека вика. Со вежбање повеќе се зацврстува телото. Зимава качив некое килце плус и држев диета да се вратам во нормала, 5-6кг беа во прашање. Започнав со диета ама не вежбав, симнав 3-4кг и се откажав. Потоа се префрлив на вежбање, вежбав на орбитрек и ставав појас околу стомакот, помага го топи вишокот. Јадев нормално само го избегнував благото кое искрено ми е слаба точка, туку зборот ми беше дека со вежбањето имаше повеќе резултати од со диетата. Помага во обликување и зацврстување на телото а вежбав некое време и тае бо, ама лоша навика имам што не сум постојана.Значи тоа е лекот храни се здраво,не се прејадувај и секако физичка активност и ќе се одржува тежината додека со диетата е поинаку, се враќаат килограмите по престанувањето.
Chocolate and diamonds are girls best friends :)
 
Јас секој ден возев точак од Капиштец до Катланово по стариот пат. Единствен проблем ми беше водата. Не можеш да носиш многу вода а конзумираш многу. Така морав да идам и до локалните ниви и од луѓето да барам вода. За 1 месец 20 кг. До 64 кила стигнав. Пошто тоа не е орбитек да кажеш а доста е се симнувам. Овде ако застанеш ќе си останеш кај што си. :) Единствено правев 30 мин одмор во колонијата идризово и после од почеток.
 
Јас секој ден возев точак од Капиштец до Катланово по стариот пат. Единствен проблем ми беше водата. Не можеш да носиш многу вода а конзумираш многу. Така морав да идам и до локалните ниви и од луѓето да барам вода. За 1 месец 20 кг. До 64 кила стигнав. Пошто тоа не е орбитек да кажеш а доста е се симнувам. Овде ако застанеш ќе си останеш кај што си. :)
За 1 месец 20 килограми ослабе? А провери крвна слика?
Баш ме интересира во каква здравстена состојба си сега.
Секоја чест ако се е во ред со тебе.
 
За 1 месец 20 килограми ослабе? А провери крвна слика?
Баш ме интересира во каква здравстена состојба си сега.
Секоја чест ако се е во ред со тебе.
Не проверив крвна слика а не сум ни бил на доктор. Не осекав билокакви потешкотии. Сега сум во очајна состојба околу 100-тче сум:(. Тоа беше пред 2 години и супер се чувствував. Кога почнав со работа ете ти беља. Немаш можност за такви активности. Единствено ми останува диета сега. Нема кафани веќе...
 
1 оброк 50 гр мусли(корнфлекс,овесни снегулки) со 300 мл млеко
2 оброк 300 гр месо(пилешко или риба) со салата
3 оброк 300 гр ориз или шпагети со 5 белки
4 оброк 300 гр месо со салата
5 оброк пред легнување млеко 500 мл
Ако ми речете ова е многу калкулирано е 2000 калории што е доволно за дневните потреби
План за вежбање
1 ден грб+ 20 мин кардио
2 ден кардио(одмор)
3 ден нозе + 20 мин кардио
4 ден гради + 20 мин кардио
5 ден рамо + 20 мин кардио
6 ден раце + 20 мин кардио
7 ден јадеш што сакаш :)
 
Голема грешка е тоа јадеш што сакаш.. Нека има 1 оброк да јаде што сака.. Може во тој ден целата напорна работа да му замине ако јаде леб,благо пие алкохол и сл.
 
Денот за себе е денот кога се релаксираш и баш ти е гајле за друго.Не треба скроз да се опуштиш,но да се релаксираш еден ден во неделата е екстра и препорачувам на сите,затоа што ќе се чувстувате со повеќе енергија и со повеќе сила за утре :)
 
тоа да али кој како ќе си го свати.. :)
 
Некој да ја има диетата од Жан Митрев за А група и да е склон да ја сподели по ПП?

Имам за 0 група, и веројатно не е преголема разликата, ама сепак. И некој ако имал искуство да каже што како.
 
Ај ако сака некој нека споедли некоја добро организирана исхрана..
деновиве почнав со возење велоспиед и трчање па сакам да намалам и со исхрана за да симнам едно 7-8 кила..
 
Ај ако сака некој нека споедли некоја добро организирана исхрана..
деновиве почнав со возење велоспиед и трчање па сакам да намалам и со исхрана за да симнам едно 7-8 кила..
Не поеќе од 200гр јагленохидрати на ден, што поеќе протеини, салати и вода. Благо, брза храна и остали заебанции заборави... со практикување кардио тренинг бар 3 пати неделно и плус тежински тренинг у теретана ако додадеш уште подобро, уште по првите 2 недели ќе осетиш разлика.
 
Јас сум повеќе од убеден дека цела недела исхрана базирана на салата, во неограничени количини за 7 дена носи сигурно 5 килограми помалце на вашето тело.

Секако физичката активност е потребна, но не е задолжителна.
 
Ај ако сака некој нека споедли некоја добро организирана исхрана..
деновиве почнав со возење велоспиед и трчање па сакам да намалам и со исхрана за да симнам едно 7-8 кила..
според мене и мој совет е да го смениш целиот начин на исхрана тоа значи да внесуваш повеќе зеленчук и овошје, избегнувај го благото, пржени работи поготово ако е со многу зејтин, наутро како оброк нека ти биде чаша јогурт со овес, пиј јаболков оцет со сок или млака вода. јас така ослабев 7 кила за еден месец. јас не верувам во диетите што се со дефинирано што да се јаде прв ден наутро овошје на ручек 200 гр месо и такви ствари. вака ќе го смениш начинот на исхрана ке ослабеш и ке ти биде многу поубаво, а да и биди физички активна/ен колку што можеш повеќе
 
Мојве нешто зеле дома точак за вежбање па да си прашам колку е ефикасен точакот, колку време да се вежба и тако даље :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom