Баш поради ова, ниедна мома не сака да седи на ќошот од маса, немало да ја сака свекрвата

Во принцип, целата работа зависи од личностите, ако си најдат заеднички јазик, ако си го сфатат своето место во заедницата и се додека не го напињаат мажот на еден начин да бира меѓу жената и мајката, се би било топ.
Мислам дека и самото место на живеење( со или без родители, како што некој спомнал), придонесува за имањето или немањето на тензија.
Жената треба да сфати, дека без разлика што и да се случи, таа му е мајка, го воспитала го израснала и човекот во кој таа е заљубена е фактички производ на мајката.
Мајката треба да сфати дека, синот нејзин ја избрал таа особа за жена од сигурно добри причини и наоѓањето на маани, би требало да се сведе на минимум, бидејќи секоја мајка го сака најдоброто за своето дете а тоа е да биде среќен.Така да , ако човекот е среќен со момата, мајката не треба да го сфати како загрозување на нејзин дел од територијата, преземање на нејзините права и не знам си уште што.
Компромиси the key of success
