Го направивме мислам најдобриот избор, лапнавме млад и перспективен тренер, и секако пак бутнавме рекорд и во доведување на тренери, плативме 15к, али нека е за добро само.
Се надевам дека АВБ е свесен за притисок под кој ќе работи во Челзи, за неизбалансираноста на тимот, и его-манијаците кои се присутни во тимот.
Тој мора да направи коренити реформи во тимот, од калибар:
Да се воведе дисциплина во тимот, да се има правила, а не секој што сака да прави.
Да се знае во тимот кој е тренер, кој е играч, односно секој да си ја знае своја улогата.
Мора АВБ да ротира со младите играчи и да им дава шанса да се испукаат и да стекнат искуство во дресот на Челзи, тоа е многу битно.
Мора да го избалансира тимот и изгради да игра тимски и секој во секој момент да биде спремен да влезе да игра и да не се почуствува отсуство на првотимец или класа фудбалер, муабетот ми е да не зависиме од поединци како што бевме минатава сезона.
За тоа кој би сакал да го видам во пакет со Боаш е Гуарин, друг никој, немаме потреба од напаѓачи, а нели најверојатно Лукаку ќе дојде, и Стариџ се враќа веќе имаме добри замени за Анелка и Дрогба.
За Дрогба највеќе ми е криво, но годините му одминаа, мислам дека е редно да се врати во Марсеј и да поигра уште некоја година па да дојде во Челзи ко некој директор.
Али за тимов и за трансфери не би коментирал ништо сега за сега, затоа што од ден во ден се нови и нови шпекулации произлегуваат, а од кои најчесто она спротивното излезе.