Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

М

Мартин`

Гостин
Денес во 10:30 ќе почнеле да го местат споменикот ..

Општина Центар информира дека по вчерашната генерална проба за поставувањето на скулптурата „Воин на коњ“ на постаментот на плоштадот, грандиозниот споменик денес ќе биде кренат со што ќе се добие финалниот лик.




Се очекува работите околу кревањето на скулптурата да започнат околу 10 часот и 30 минути, брифираат од општина Центар, која е задолжена за поставување на овој споменик.
Вчерва беа извршени сите подготовки на теренот околу издигнувањето на скулптурата, а за тоа говорат и поставените кранови и сајли.
Неколку стотина граѓани вчерва на плоштадот со воодушевување го следае секој момент и нестрпливо очекуваа споменикот гордо да се исправи на постаментот.
Според нив, поставувањето на споменикот е момент кој не се пропушта и кој е многу значаен бидејќи е дело кое засекогаш ќе остане запишано во историјата, а истите имале можност да присуствуваат на неговото поставување.
Скулптурата висока 13 метри ќе стои на 10 – метарски постамент во чиј склоп ќе биде изградена и фонтана.
Споменикот беше излеан во италијанската леарница Фернандо Маринели, а истиот е идејно решение на авторката Валентина Стевановска.
 
V

Vollstandig

Гостин
И овој за некое време ќе позелени како и другите...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443



Вторник, 21 Јуни 2011 09:12

Сподели
3

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Во Битола, на плоштадот „Магнолија“ кај градскиот часовник утрово беше поставен споменикот на Филип Втори, основачот на Хераклеја Линкестис, градот претходник на Битола во 4 век пред нашата ера.


Споменикот на македонскиот крал Филип Втори е во свечена одора, качен на коњ, излиен во бронза во Нови Сад, заедно со постаментот е висок 8,5 метри, и е идејно решение на Ангел Коруновски, скулптор од Велес.
Во непосредна близина на споменикот локалната самоуправа изгради и фонтана со штитови, која во вечерните часови функционира низ синхронизирана музика и светлосни ефекти, со што привлекува дополнително внимание на Широк сокак.
Цел комплекс на споменикот и фонтаната со урбаното уредување на плоштадот „Магнолија“ е на површина од 600 квадратни метри, посочија стручните лице кои утрово го поставија споменикот на Филип Втори во Битола.
http://www.kurir.mk/republika/opstini/33641-Postaven-spomenikot-Filip-Vtori-vo-Bitola
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Добро барем коњов има патлак.


Кој ќе ја слушаше опозицијата да му го бара патлакот - како со лавовите.

Само да не утнат при склопување (со оглед колку се способни нашиве) па место "воинот на коњ"
ќе биде "воинот на к.."

 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Денеска се поставени и спомениците на Филип Втори а.к.а Таткото на воинот на коњ во Битола и во Автокоманда.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339


Утрово во скопската населба Автокоманда почна поставувањето на споменикот на Филип Втори, таткото на Александар.

Веќе е поставен на постамент висок 3,5 метри, а самиот споменик е околу 5 метри висок.. Сеуште се работи на стабилизација на споменикот.
Споменикот е излеан во леарницата „Јеремиќ„ во Србија, а изведувач на градежните работи е скопски „Бетон“.
Во следните неколку денови треба да бидат поставени релјефите на самиот постамент.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=38272
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Споменикот на Филип во Битола



Претпоставувам споменикот на Филип во Автокоманда којшто исто така денес е поставен



А ќе има и трет од другата страна на камениот мост.
 
М

Мартин`

Гостин
Филип II во Битола ..



А еве и од Александар Македонски во Скопје некои слики ..




Мислам само дека можеби и подобро беше на Александар споменикот во Скопје доколку постаментот се направеше поголем па дури и да може искачување до него.. поголема атракција би била пред се за странците да се сликаат.. да видат одблиску итн. Сепак и вака е супер! ;)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Бев против.:)
е хехехе и шо ти текна да се премислиш?
--- надополнето: Jun 21, 2011 11:55 AM ---
Филип II во Битола ..



А еве и од Александар Македонски во Скопје некои слики ..




Мислам само дека можеби и подобро беше на Александар споменикот во Скопје доколку постаментот се направеше поголем па дури и да може искачување до него.. поголема атракција би била пред се за странците да се сликаат.. да видат одблиску итн. Сепак и вака е супер! ;)
не бе другар он и вака е многу голем уште поголем постамент да ставеа немаше да личи на ништо. ја мислам дека требаше понизок постамент да му направат за да можеш од поблиску да сликаш комплетно споменик со се постамент !
 
М

Мартин`

Гостин
е хехехе и шо ти текна да се премислиш?
--- надополнето: Jun 21, 2011 11:55 AM ---

не бе другар он и вака е многу голем уште поголем постамент да ставеа немаше да личи на ништо. ја мислам дека требаше понизок постамент да му направат за да можеш од поблиску да сликаш комплетно споменик со се постамент !
Добро и ваков да биде постаментот ама да има пристапност за луѓето.. да можат пример спомен да имаат да се сликаат за странците мислам.
Вака тешко е да го сликаат само споменикот, а не пак да се сликаат они со него :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom