Очигледно FIAT-от ќе почека да биде продаден, што поради неажурноста на купувачите, што и за цената која ми ја нудат
се двоумам меѓу овие четири автомобили, пред се заради цената на одржување.
Имам мерак за BMW 5 E39 ама што големата потрошувачка особено кај дизелите (бензинот може и на плин да се направи) ме плаши и цената на деловите, па мислам дека VAG се подобри во тоа поле, а и претходно имав VW и бев презадоволен од квалитетот.
Е сега, сум слушал 300 муабети дека Голфот/А3 се далеку попоефтини за одржување само заради подвозјето. Не знам слушам цени дека 500 евра било кај А4/Пасат да смениш предница, други ми викаат дека 150 евра било (читај: багатела) итн.
Епа некој со искуство да кажи ценовно како одат серивисите за овие коли
Што се однесува за потрошувачка и оддржување на мотор се двоумам меѓу овие три
1.6 - 101 КС (Плин)
1.8 - 125 КС (Плин)
1.9 - 90/110КС (Дизел)
Епа бујрум...