Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Филтер за полн се вика, инаку најефтини филтри и такви работи за Опел имаш пред железничка од страната кај кафичот авенија, има за санитарија дуќан итн и таму имаш мало дуќанче за опел ... еве ти телефон 02-2460-145 или моб 070-673-015

А дека од Битола сум ??? некој да не знае каде?
 
Оди кај Ѓоре, карши средната стокова, кај Ајчо.
Има се шо ти душа сака и воопшто не е скап.

Продавницата се вика „Екстрапод“. Има иста кај Ат Пазар ама Ѓоре (газдата) е кај Ајчо и повеќе се разбира.
 
Ако не таму, кај Живко авто деловите на селска... чоекот има огромен магацин, за Мерцедесот од таму на лагер има делој. Не прајме муабет за новите. Дури мислам и дека Екстра под (Кастрол) од таму зема делови.
 
Океј Фала ви на двајцата, ќе поминам деновиве и ќе земам еден....Голема благодарност ... позз :D
 
Добар сервисер за рено во скопје е НИКО1 дечките се супер и работат чесно без крадење на оригинални делови (зошто постојат и такви ќе му однесеш еден дел ќе ти стаи друг) и имаат Clip дијагностика. ја ја носам мојава таму откако ми заврши гаранцијата и сум презадоволен
еве ти број ако сакаш да се јавиш:02 321 4444 и моб: 075205476
Не оди у стрит ауто аматери се учат на твојата кола
Кај не отидов денес, ама бев и во стрит ауто и сега потполно те сфаќам зашто ми викаше да неодам таму, стрит ауто се добри само за промена на гуми изгледа, за друго за к.р не ги бива. Мајсторчината не ни ме разбраа што им кажувам и каков проблем имам ме убедуваа дека се е во ред со колата и дека вртежите што паѓаат и под 500 е нормална работа и нетреба да се крева паника. :ROFLMAO: Боже сачувај какви ли не офчари имаа лиценца дека се „официјални сервисери“.
 
Audi-And-Vw.jpg

Очигледно FIAT-от ќе почека да биде продаден, што поради неажурноста на купувачите, што и за цената која ми ја нудат
10.gif
се двоумам меѓу овие четири автомобили, пред се заради цената на одржување.

Имам мерак за BMW 5 E39 ама што големата потрошувачка особено кај дизелите (бензинот може и на плин да се направи) ме плаши и цената на деловите, па мислам дека VAG се подобри во тоа поле, а и претходно имав VW и бев презадоволен од квалитетот.

Е сега, сум слушал 300 муабети дека Голфот/А3 се далеку попоефтини за одржување само заради подвозјето. Не знам слушам цени дека 500 евра било кај А4/Пасат да смениш предница, други ми викаат дека 150 евра било (читај: багатела) итн.

Епа некој со искуство да кажи ценовно како одат серивисите за овие коли :)

Што се однесува за потрошувачка и оддржување на мотор се двоумам меѓу овие три

1.6 - 101 КС (Плин)
1.8 - 125 КС (Плин)
1.9 - 90/110КС (Дизел)

Епа бујрум...
 
А беше ли кај овој другиот шо ти кажував или го среди проблемот? А шо проблеми имаш и за шо рено се работи
 
Немирна работа во лер, паѓаат обртаите. Кај тој другиот не бев, пошто колата денес ме зезаше, ја однесов на тестер кај едни фини дечи во злочуќани а оваа ко за беља денес работеше како швајцарски сат, а проблемов ме мачеше месец дена. А чим нејавува проблем неможе да се види на дијагностика што мака има, така да ќе видам како ќе биде деновиве ако прави проблем ја носам одма. Моја претпоставка е дека ме зеза степер моторот, но сакамда видам што ќе кажи дијагностиката. Колата е меган сценик.
 
И ја го делам истото мислење со тебе ваљда е степерот. да се навратам на мороните од стрит ауто немојте ни да помислите да одите таму јас еднаш бев таму да мењам сијаличка на преден фар (знаете колку е заебано на мегане 2) типот се трудеше да ја намести пола саат ама стварно пола саат и на крај дојде еден као тој им бил врвот у аутомотив груп и они им го земале и ја намести за неполна пола минута. Сакам да кажам немојте морони да се учат на вачите коли, поарно одете кај некој прочуен мајстор него ли кај некој аматери.
 
Na pezo 405 mi rikna step motorot za ler. Niz gradov se sto najdov e polovno nema nikade nov vo Cilaz mi rekoa deka od jugo EFI e istiot pa da ne znaete kaj da pobaram od jugo nov? ili mozebi i poloven valjda poevtin bi bil?
 
Немирна работа во лер, паѓаат обртаите. Кај тој другиот не бев, пошто колата денес ме зезаше, ја однесов на тестер кај едни фини дечи во злочуќани а оваа ко за беља денес работеше како швајцарски сат, а проблемов ме мачеше месец дена. А чим нејавува проблем неможе да се види на дијагностика што мака има, така да ќе видам како ќе биде деновиве ако прави проблем ја носам одма. Моја претпоставка е дека ме зеза степер моторот, но сакамда видам што ќе кажи дијагностиката. Колата е меган сценик.

На пријател со иста таква работа,му паѓаа и качуваа обртаите.Му испадна некое црево скинато го смени и сега е супер.Се работи за Рено Меган 1.4 2001 год
 
Проверив цревата се ок, кај мене не се качуваат туку само паѓаат кога прикочувам но сега за сега се случува периодично а и не гасни моторот така да име време да ја испитам.
 
Audi-And-Vw.jpg

Очигледно FIAT-от ќе почека да биде продаден, што поради неажурноста на купувачите, што и за цената која ми ја нудат
10.gif
се двоумам меѓу овие четири автомобили, пред се заради цената на одржување.

Имам мерак за BMW 5 E39 ама што големата потрошувачка особено кај дизелите (бензинот може и на плин да се направи) ме плаши и цената на деловите, па мислам дека VAG се подобри во тоа поле, а и претходно имав VW и бев презадоволен од квалитетот.

Е сега, сум слушал 300 муабети дека Голфот/А3 се далеку попоефтини за одржување само заради подвозјето. Не знам слушам цени дека 500 евра било кај А4/Пасат да смениш предница, други ми викаат дека 150 евра било (читај: багатела) итн.

Епа некој со искуство да кажи ценовно како одат серивисите за овие коли :)

Што се однесува за потрошувачка и оддржување на мотор се двоумам меѓу овие три

1.6 - 101 КС (Плин)
1.8 - 125 КС (Плин)
1.9 - 90/110КС (Дизел)

Епа бујрум...

Bump!
 
Очигледно FIAT-от ќе почека да биде продаден, што поради неажурноста на купувачите, што и за цената која ми ја нудат
10.gif
се двоумам меѓу овие четири автомобили, пред се заради цената на одржување
Имаш намера да го шитниш Фиатот??

Што се однесува за потрошувачка и оддржување на мотор 1.9 - 90/110КС (Дизел)
Аудито го има моторот со 110 кс... потрошувачката е некои 7,5/8 литри низ град без клима. Отворено е помала 5.5 - 6 литри со клима + возење 120-150 :) Ако се вози 100-110, сигурно до 5 ќе слези, мада едноставно такво возило и да сакаш неможиш да го возиш така. Напомена дека моето е quattro и има екстра диференцијал. Градската потрошувачка на обичните модели е за литар до литар и пол помала..

Околу одржувањето на моторот, цените се нормални. Стварно нешто се поскапи од Фордовите, ама не е многу.
А4 има по 7 јабучици на страна (кај мене има и напред и назад), и до сега имам сменето една. 1200 денари е една јабучица (споредено со 400 денари за Форд) што го прави доста поскап за одржување шасиски. Мада амортизацијата и лежењето на патот со 7 јабучици од страна (А4) и со 1 јабучица и 2 чаури (Ескорд/Фиеста) е неспоредливо.
 
Јас најверојатно би одел на обичниот модел што заради потрошња што поради одржување (less is better :D) шо значи очекувам градска 6-7л/100км (6,8л/100км)

Е сега, бидејќи јас ќе бидам постојано на релација БТ-СК ...изгледа повеќе ми се исплаќа да земам бензинец.

Ако ми троши 5,5-6 (со 120км/ч) и рачунај ќе стегнам клима сигурно како шо не трпам жешко изгледа поќе плин ќе ми се исплаќа бидејќи математиката иди 9 литри плин да троши со клима на 120 исто ми се фаќа нафта 5,5-6 ...

Да не правиме муабет за одржувањето...

А толку мерак имам за TDI ... ;/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom