Многу е битен е вистинската реченица.
Не е пресуден.
Затоа и потенцирав, важен е, но, не треба да биде основата за одржување на таа врска. Зошто мене барем, ми е неприродно, сексуалниот живот да си го ставам пред домот, децата.
Во дадената ситуација, би требало да бирам: да го оставам сопругот, да најдам начин да им објаснам на децата, да фрлам одличен сопатник и пријател, за да имам секс.
Или, да го изневерувам сопругот, да го повредувам уште повеќе и покрај тоа што сигурно тој нема да биде среќен со својата состојба, со самото тоа да направам нервоза и нетолерантност меѓу мене и него, и со таа нервоза да ни се уништи целото семејство, сепак, децата добро знаат каква е климата меѓу родителите.
Нормално дека секој човек сака да има добар сексуален живот, но ако приликите не му се такви, не гледам зошто тој живот би го ставила на пиедестал, за да го отфрлам сето она, што до тој момент ми значело премногу.