Проблемот е најголем таму каде што не се познава веднаш. Во мојот круг на луѓе, познавам мажи кои од 15 години живеат сами, па според тоа и сами се грижат за себе и не очекуваат жена им да се грижи за нив, зошто им станало природно самите да се грижат за себе. Познавам и такви, кои имаат по 30 години, и уште молат мајка им ручек да им направи.
За жал, повеќето луѓе веруваат на интуицијата, отколку на здравиот разум.
Веруваат на тетките и стрините, мајките, бабите, татковците, комшиите..
Но тоа се менува. Хедонизмот се повеќе ни навлегува, и тоа не случајно, туку плански и намерно се внесува во нашиот живот.
Само среќен човек сам со себе, може да даде љубов и среќа на некој друг.
Само среќна жена може да биде добра жена. А жена која ја исполнува улогата која другите мислат дека треба да ја исполнува, и притоа не е среќна во неа, може само да донесе немир и несреќа во едно семејство. Исто важи и за мажот. Ако тој е исфрустриран зошто жена му заработува повеќе, зошто жена му не може да прифати да биде потчинета, нема фајде од него.
Иако, мажите се повеќе се губат во ситуацијава.
Ние не сакаме да ги угнетеме, да ги малтретираме и да ги понижиме. Напротив, сакаме да бидат паметни, просперитетни, одговорни, и среќни.
Не се плашиме од брак, не верувам дека некоја од нас тука се плаши. Туку дека, принцот ќе се претвори во жаба