Па не знам како би реагирала, нормално, но ако е тоа личност со која пример веќе 10 години сум во брак, и сум имала 10 години одличен брак, ја сакам таа личност.... да, ќе се жртвувам за таа личност.
Сите ние тука зборуваме хипотетички, а јас хипотетички очекувам да го сакам сопругот повеќе од сексуално задоволство. Мислам, на 20-30 години, факт е дека одржливоста на една врска се врзува со секс, но при имање на деца, дом, само несозреани луѓе би ја врзувале и одржувале таа врска врз база на секс.
Не верувам дека има мн што размислуваат како мене, и од двата пола.
Сексот е многу битен фактор за успешното функционирање на една врска и по 20 или 30 години брак но твојот став е во секој случај за поздравување.