Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
19 јуни 2011
Мислења
22
Поени од реакции
1
Ех ме збунивте, радиометриското датирање е точно или не?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Ех ме збунивте, радиометриското датирање е точно или не?
Нормално дека е точно, а креационистов Чорбаџија just shot himself in the foot тврдејќи дека радиометриското датирање е точно до 50,000 години (што е неточно)
Јаглеродната метода не може да се користи за старости поголеми од 50-60 илјади години
А истиов човек тврди дека земјата е стара 5700 години... Од толку многу лажење почна да се буни.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прво, ме интересира како креационистите го објаснуваат потопот во приказната за Ное?
Јас сум креационист и со задоволство ќе ти одговорам на твоите прашања.
Христијаните, согласно учењето на Библијата и одредени набљудувањата низ планетата веруваат дека потпопот во времето на Ное бил глобален и ја полавил целата планета. Нека не те чуди од каде имало толкаво количество на вода. Таа е уште тука. Денес само над површината на планетава има околу 1.4 билион км кубни вода. Просечна длабочина е 4 км, а просечна надморска висина 800 м. Две третини од планетата е покриена со вода. Ако Земјата се измазни т.е. ако океанските дна се подигнат, а планините и континенталната површина да се спушти (и да се добие совршена сфера), тогаш Земјата би била преплавена со вода со длабочина од 2700 м.
Пред неколку години бевме сведоци едно Цунами што направи т.е. едно релативно мало подвижувње на две тектонски плочи колкава поплава направија, па можете да замислите што би се случило доколку се случај некои глобални тектонски поместувања и доколку целата топографија на Земјата биде изменета.

Второ, што велат креационистите за староста на земјата? Дали навистина сметаат дека таа е 6000 години стара и како тогаш ги објаснуваат фосилите стари милиони години.
1. Има некои креационисти што со некои плитки и паушални пресметки пресметуваат одредени бројки за старост на Земјата. Слични на нив пресметаа и дека судниот ден ќе биде на 21 Мај 2011, па сведоци сме дека тоа не се случи :)
Библијата едноставно не ја кажува датата кога Бог ја создал Земјата, ниту го кажува нејзиниот среден радиус, ниту нејзиниот хемиски состав итн. Едноставно Бог не сметал дека тоа е важно да ни го пренесе.

2. Не е точно дека фосилите се стари милиони години. Тие „милиони години“ заедно со еволуционите геолошки таблици ги измислија Дарвинистите бидејќи им беа неопходни „милиони години“ за да ја сместат Дарвиновата еволуција во тие временски рамки. Иако јас сметам дека ниту милијарди години не можат да ги премостат непремостливите проблеми на еволуцијата во нејзината суштина.

Трето, како ја објаснуваат огромната поддршка која ја ужива еволуцијата?
Едноставно таа се појави во време кога општеството,разочарано од озогласената небиблиска институционализирана црква, веќе долго време трагаше по материјалистичко-натуралистичка идеологија и Дарвин (заедно со неговите предходници и следбеници) тоа им го понуди: една нова филозофија (хипотеза) за можен настанот на животинските видови и човекот без потребата од Бог. Многу брзо потоа еволуцијата стана платформа за милитантен атеизам (како што е и денес). Таа брзо беше прифатена и инфилтрирана во образованието и веднаш беше прогласена за „научна теорија“, иако не го помина ригорозниот научен метод (не е експериментално потврдена), за ДНК се уште не се знаеше итн.
Сепак тоа што мнозинството научници денес веруваат во Дарвиновата еволуција тоа не значи и дека таа е вистина. Едноставно мнозинството не е репер за вистината. Како што веќе кажав, до пред неколку века мнозинството луѓе веруваа дека Земјата е рамна плоча која плови по бесконечното море носена на грбот на китови и желки, па сепак денес знаеме дека тоа не е вистина. Но тогаш сиот „научен свет“ така верувал. Ама мнозинството не е репер за вистината.

На мене како студент никогаш не ми била логична еволуцијата и нејзините објаснувања. Кучиња кои стануваат мачки, ние случајно сме настанати и ред други нелогичности. Но и многу работи околу креационизмот ми се нејасни па се надевам дека некој овде ќе ми ги разјасни.
Не само тебе, туку и на многу научници, професори и доктори по науки не само што не им е логична, туку не им е и научна, ама тоа е тоа. Секој има право да си верува во што сака. Впрочем, тоа не е единствената хипотеза околу која не се сложуваат научниците. Токму неистомисленоста, спротивните мислења и скептицизмот се поттик за напредок во науката.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Има некои креационисти што со некои плитки и паушални пресметки пресметуваат одредени бројки за старост на Земјата. Слични на нив пресметаа и дека судниот ден ќе биде на 21 Мај 2011, па сведоци сме дека тоа не се случи :)
Немам намера тебе лично да те навредам, веруј, али ако и овие се креационисти, тогаш креационизмот е сериозна дијагноза, и навистина е непријатно да се биде во такво друштво.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Јас сум креационист и со задоволство ќе ти одговорам на твоите прашања.
Navistina sum vcudoneviden od tebe, site ovie tvrdenja se stopati odgovoreni i debankirani. Sedam, te citam i si vikam dali da pocnam so razoblicuvanje na sive ovie gluposti ama si vikam pa stopati go imam napraveno toa, ne samo jas tuku i drugi clenovi i ti pak po staro teras. Nema smisla, pak istoto ke go napises a najveke me zgrozuva faktot sto iako nekolku posta nanazad tvoeto tvrdenje deka radiometriskoto datiranje ne e precizno i verodostojno bese totalno razobliceno ti povtorno za nekolku dena ke se vratis so istite gomna. Ebate manipulatorot.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Navistina sum vcudoneviden od tebe, site ovie tvrdenja se stopati odgovoreni i debankirani. Sedam, te citam i si vikam dali da pocnam so razoblicuvanje na sive ovie gluposti ama si vikam pa stopati go imam napraveno toa, ne samo jas tuku i drugi clenovi i ti pak po staro teras. Nema smisla, pak istoto ke go napises a najveke me zgrozuva faktot sto iako nekolku posta nanazad tvoeto tvrdenje deka radiometriskoto datiranje ne e precizno i verodostojno bese totalno razobliceno ti povtorno za nekolku dena ke se vratis so istite gomna. Ebate manipulatorot.
ти и никој нормален нема да му одговори, ама тоа е и најголемиот проблем овде. се појави млада неука душа и тој како искусен лешинар и се нафрли со опсежна и добро обмислена и истренирана измама. не е неговиот пост напишан за тебе и останатите со кои води дискусија, туку е најдолен манипулаторски обид да привлече нови членови во неговиот култ.

затоа, внимателно кога ќе се појават млади неуки луѓе на ваква тема (на форумов и вон него), зошто со игнорирање или неадресирање на нивните прашања (независно колку се зелени), им се даваат на тацна на подли хиени и дилери со души и кеш, како чорбаџија.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Јас сум креационист и со задоволство ќе ти одговорам на твоите прашања.
Далеку си ти од креационист, ако беше ќе ни посочеше некое твое дело или научен труд кој ја поддржува креационистичката теорија.
А ни поддржувач на креационистите не си, ниедна поддршка за креационизмот не видов. Само плукање по еволуцијата.
Она што си, Анти-еволуционист, не ти дава за право да се испоплукаш по еволуцијата, а да не дадеш ниеден, ама буквално ниеден аргумент за креаторот (Intelegent design) надвор од религиските догми и митови. Со никаков аргумент не можеш да покажеш дека еволуцијата не се случува, па дури и ден денес.
Еве и да некои методи на еволуцијата да не се точни, тоа по автоматизам не ја укинува еволуцијата, а уште помалку го „докажува“ креационизмот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јаглеродната метода не може да се користи за старости поголеми од 50-60 илјади години, затоа што времето на полураспадот на C-14 е 5730 години и после 50-60 илјади години јачината на зрачењето на примерокот е помал од шумот на вселената, што пак значи дека е невозможно да се мери.
Дури ова и да не е глупост како што е, ти тука експлицитно признаваш дека се валидни мерењата кои покажуваат 50 000 години старост. Како е воопшто возможно да се измери старост од 50 000 години во свет кој настанал пред 6000 години?

Мислам, срамота е бе Чорбаџија...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ѓубре опортунистичко.

Се прашувам дали постои некој етички кодекс на овој форум. Доколку не постои, мислам дека е време да се развие и воведе.

Де да му пишеме на Acid...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дури ова и да не е глупост како што е, ти тука експлицитно признаваш дека се валидни мерењата кои покажуваат 50 000 години старост. Како е воопшто возможно да се измери старост од 50 000 години во свет кој настанал пред 6000 години?
1. Прочитај го мојот текст уште 2-3 пати пред да заклучуваш во мое име што признавам јас, а што не. т.е. залудно ќе биде и да го прочиташ 20-30 пати доколку немаш просечни познавања по математика и атомска физика. Затоа доколку немаш, викни некој што има до тебе за да ти ги објаснува речениците една по една.

2. Јас не реков дека се валидни мерењата кои покажуваат 50 000 години старост, туку реков дека Јаглеродната метода не може да се користи за старости поголеми од 50-60 илјади години, а не дека и тие мерења се прецизни. Едноставно тој „часовник“ во ИДЕАЛНИ услови не може да оди подолу од 50 000 години заради релативно брзото полураспаѓање на изотопот на Јаглеродот (C14).
Но како што објаснив дека под „идеалните услови“ се подразбира меѓу другото и дека односот на C14/C12 во атмосферата би бил константен во сите години од моментот кога животното било живо па се до денес. Но како што видовме тој однос зависи од многу фактори така што таквата екстраполација е далеку од оправдана и затоа прецизноста на таа старосна метода, како и на сите останати, е несигурна.

3. Од каде ти е таа информација дека светот настанал пред 6000 години? :) Да не беше ти таму кога Бог го создаваше или можеби имаш некој зачуван антички календар со почетна дата на создавањето на светот? :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
3. Од каде ти е таа информација дека светот настанал пред 6000 години? :) Да не беше ти таму кога Бог го создаваше или можеби имаш некој зачуван антички календар со почетна дата на создавањето на светот? :)
Пеце на Надето ми кажа.

Твоја проценка, колку е стар светот? Така, од око?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Се прашувам дали постои некој етички кодекс на овој форум. Доколку не постои, мислам дека е време да се развие и воведе.

Де да му пишеме на Acid...
Дибек бре? Ти се дрзна да пишуваш за етички кодекс?

Ѓубре опортунистичко. - Напишано од тебе во истиои пост во кој зборуваш за етика.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Пеце на Надето ми кажа.

Твоја проценка, колку е стар светот? Така, од око?
Блазеси ти што имаш таков пријател како Пеце. Јас немам таков пријател. Јас не знам колку е стар светот, но ок сум и без таа информација.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Блазеси ти што имаш таков пријател како Пеце. Јас немам таков пријател. Јас не знам колку е стар светот, но ок сум и без таа информација.
Уште чекам на твоја проценка. Сигурен сум дека имаш размислувано на таа тема, повели просветли не...

Или пак ќе исчезнеш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom