Да, ќе го учам да се чува до брак. Ќе му објаснам кои се предностите, а кои недостатоците од таа одлука. Па сам/а нека си ги стави на кантар и нека си одлучи што е помудро.
Во протестантските цркви има цели семинари на вакви теми „Љубов, секс, врски, брак“. Не велам дека сите го почитуваат тоа, но има доста што го применуваат тоа што го учат и светоста во нивниот сексуален живот има евидентни предности во нивната општа духовна, здравствена, психичка и емоционална состојба во однос на оние кои не се „чуваат“ до брак. Тоа е моето набљудување.
Чорбаџија и моето набљудување е во друга крајност од твоето, ама поентата е дека детето нема да те послуша во овој свет. Дадов еден од најдискутираните примери на верниците и неверниците - а тоа е ,,светоста,, на сексуалниот чин.
Твоето дете нема да чека до 25 години. Биди сигурен.
Тоа било возможно во ,,тоа,, време, зошто, Сара на Авраам жена му, се омажила на нејзини 12 години.
Денес тоа се смета за педофилија.
И ако го направи овој грев, што правиме?
Јас на тоа укажувам - ќе ги лишам моите деца од ,,религиозно,, воспитување, за да можат самите да одлучат што им се допаѓа.
Секако дека ќе бидат запознаени со сите можни религии, јас немам намера да суфлирам.
Па може моето дете, ете, ќе одлучи да биде протестант (најдобрата верзија на религиозноста) и јас ќе го поддржам во тоа, сосема исто, ако реши да стане јудеист, будист, католик... Ама јас нема да му ја предодредам религијата, зошто немам намера да го крстам, сунетисам, не знам што да му направам веќе...