Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91
O

Omer el Faruk

Гостин
Ако во верата нема и не смее да има присилба, тогаш зошто во исламските (шерјатски) земји им следува смртна казна на оние што своеволно ќе одлучат да веруваат во некоја друга верба/религија?
Постави го прашањето на соодветна тема и ќе ти биде одговорено.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Сосема се согласувам со твојот став PurplePuma, освен за некои оф-топик детали што додаде:
- дека не е можно живеење според Библијата
- дека православниот семинар или скриптичка се репери за библискиот брак (православието не се придржува до Библијата)

Но како што велиш, овие не се тема на муабет, така што предлагам овде да ги заобиколиме. Инаку и јас се согласувам дека е лицемерно да ги учиш твоите деца за христијанската вера, а ти не си христијанин. Впрочем и темата не гласи: „Децата да се воспитуваат во некоја друга не/вера?“, туку „Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?“. Претпоставувам дека ти не си христијанка, така што не гледам причина и мотив зошто ти би ги воспитувала во христијанската вера, како што и за себе не гледам причина и мотив да ги воспитувам во Исламот.

Значи, да бидеме на јасном, не збориме за наметнување/присилување на вера, туку само за воспитување. Цврсто сум убеден дека секој родител, свесно или несвесно, намерно или ненамерно, сепак ќе ги воспитува своите деца согласно неговата вера. Под вера не подразбирам „национална религија“, затоа што има еден куп декларативни верници од типот на „православни атеисти“ или „православни агностици“, туку под вера подразбирам лични верски убедувања за духовните прашања (кој сум, од каде потекнувам, зошто постојам и каде одам), смислата и целта на животот, квалитетот на животот, моралните вредности и сл.
Едноставно природно и нормално е за еден родител да го воспитува своето деке онака како што најдобро знае и умее, доколку навистина го сака и му го мисли најдоброто. Во спротивно и тоа би било лицемерие и нељубов кон своето дете.
Па јас сум родена како православна христијанка, во семејство кое е декларативно православно. Од традиција се почитувале празници и тоа е тоа.

Сепак, основните работи нормално е да се кажат на детето - во вид на приказна, но да си го малтретирам детето да живее строго според некои канонски или шеријатски правила НЕ!

Околу од каде потекнуваме, и каде одиме, мислам дека можеш да го убедуваш детето додека е мало, големи се шансите тоа да го отфрли кога ќе потпорасне, посебно зошто во Биологија за 5 одд Чарлс Дарвин е во право. Не дека е, можеби не е. Ама, Биологијата го признава како релевантен за учење.
И тогаш твојата теорија ќе падне во вода, освен ако не планираш со своето 10 годишно дете да дискутираш околу догми.

И пак прашувам - морални вредности - дали своето дете ќе го учиш да се ,,чува,, до брак?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Ј Што се однесува до не/религиозното образование, прво не планирам да го крстам детето, а второ добро ќе пазам бабите да не му кажуваат идиотштини за Дедо Боже. Кога ќе биде доволно пораснато да може да чита со разбирање, тогаш сам нека си ги бие духовните битки...
Ги потценувате вашите деца ако мислите дека нема да бидат доволно способни да сфатат самите (покрај проповедниците и богохулниците) дали е добро да бидат религиозни или не.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И пак прашувам - морални вредности - дали своето дете ќе го учиш да се ,,чува,, до брак?
Да, ќе го учам да се чува до брак. Ќе му објаснам кои се предностите, а кои недостатоците од таа одлука. Па сам/а нека си ги стави на кантар и нека си одлучи што е помудро.
Во протестантските цркви има цели семинари на вакви теми „Љубов, секс, врски, брак“. Не велам дека сите го почитуваат тоа, но има доста што го применуваат тоа што го учат и светоста во нивниот сексуален живот има евидентни предности во нивната општа духовна, здравствена, психичка и емоционална состојба во однос на оние кои не се „чуваат“ до брак. Тоа е моето набљудување.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ги потценувате вашите деца ако мислите дека нема да бидат доволно способни да сфатат самите (покрај проповедниците и богохулниците) дали е добро да бидат религиозни или не.
Каде тоа ги потценувам?
Напротив, напишав дека ќе ги оставам сами да си ги бијат своите духовни битки. Само не сакам некоја баба на млади години да им всадува идиотски идеи...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Каде тоа ги потценувам?
Напротив, напишав дека ќе ги оставам сами да си ги бијат своите духовни битки. Само не сакам некоја баба на млади години да им всадува идиотски идеи...
Во ред, сепак, никој не треба да биде оставен сам да бие никакви битки. Напротив сугестиите од родителите (позитивни или негативни прашања и во однос на религијата) се потребни. Како родител се разбира дека ќе влијаеш најсовесно.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ги потценувате вашите деца ако мислите дека нема да бидат доволно способни да сфатат самите (покрај проповедниците и богохулниците) дали е добро да бидат религиозни или не.
Викаш постои такво нешто како “религиозни“ деца?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Околу од каде потекнуваме, и каде одиме, мислам дека можеш да го убедуваш детето додека е мало, големи се шансите тоа да го отфрли кога ќе потпорасне, посебно зошто во Биологија за 5 одд Чарлс Дарвин е во право. Не дека е, можеби не е. Ама, Биологијата го признава како релевантен за учење.
И тогаш твојата теорија ќе падне во вода, освен ако не планираш со своето 10 годишно дете да дискутираш околу догми.
Јас многу добро ќе му објаснам на детето дека и Дарвинизмот е догма ;)
Познавам многу деца на мои пријатели што отвориле дебата на час по биологија околу Дарвинизмот. Некои од професорите (ненавикнати на критичко размислување) биле изненадени и малку им давале отпор, ама потоа иако не се сложиле со нив им ставиле 5ка по биологија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Во ред, сепак, никој не треба да биде оставен сам да бие никакви битки. Напротив сугестиите од родителите (позитивни или негативни прашања и во однос на религијата) се потребни. Како родител се разбира дека ќе влијаеш најсовесно.
Многу е комплицирано ова прашање. Не се работи само за лагите на религиите, кои се меѓу побезопасните во последно време. Живееме во свет на манипулации. Не постојат повеќе факти, постојат само интерпретации. Страшно би ми било моите деца да бидат дел од масата која е секојдневно лажена и манипулирана. Ужасите на модерното постоење, како мас медиумите со рекламната машинерија, комплетниот идиотизам наречен фејсбук, каде што девојчиња од 16 години се сликаат деколтирани и со лижавче во уста како во излог во виртуелниот простор...

Човек да се замисли дали сака да има деца.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Да, ќе го учам да се чува до брак. Ќе му објаснам кои се предностите, а кои недостатоците од таа одлука. Па сам/а нека си ги стави на кантар и нека си одлучи што е помудро.
Во протестантските цркви има цели семинари на вакви теми „Љубов, секс, врски, брак“. Не велам дека сите го почитуваат тоа, но има доста што го применуваат тоа што го учат и светоста во нивниот сексуален живот има евидентни предности во нивната општа духовна, здравствена, психичка и емоционална состојба во однос на оние кои не се „чуваат“ до брак. Тоа е моето набљудување.
Чорбаџија и моето набљудување е во друга крајност од твоето, ама поентата е дека детето нема да те послуша во овој свет. Дадов еден од најдискутираните примери на верниците и неверниците - а тоа е ,,светоста,, на сексуалниот чин.
Твоето дете нема да чека до 25 години. Биди сигурен.
Тоа било возможно во ,,тоа,, време, зошто, Сара на Авраам жена му, се омажила на нејзини 12 години.
Денес тоа се смета за педофилија.

И ако го направи овој грев, што правиме?
Јас на тоа укажувам - ќе ги лишам моите деца од ,,религиозно,, воспитување, за да можат самите да одлучат што им се допаѓа.
Секако дека ќе бидат запознаени со сите можни религии, јас немам намера да суфлирам.

Па може моето дете, ете, ќе одлучи да биде протестант (најдобрата верзија на религиозноста) и јас ќе го поддржам во тоа, сосема исто, ако реши да стане јудеист, будист, католик... Ама јас нема да му ја предодредам религијата, зошто немам намера да го крстам, сунетисам, не знам што да му направам веќе...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Не ми е намерата да мудрувам, туку да споделам сопствено искуство. Голем дел од постовите фино звучат, ама се во голем дел идеализации, проекции, желби, теретски претпоставки...и добри се, ама...Од позиција на родител, можам да ви кажам дека сите има(в)ме планови и желби. Ама, кога пораснаа моиве деца, направија некои избори со кои јас не се сложувам и ми требаше време и трпение да ги разберам. Со тек на време (и дискусии), научив потполно ги почитувам и (се обидувам) воопшто да не ги напињам. Едно е сигурно: секој родител (освен ако не е ретард) прави се` што смета дека е најдобро за неговото дете. Меѓутоа, тоа не значи дека постапките и советите на родителот секогаш се исправни, или пак дека ќе бидат уважени или сослушани. Подгответе се на изненадувања. Поздрав,
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Јас многу добро ќе му објаснам на детето дека и Дарвинизмот е догма ;)
Баш фино, одлично. И јас на моите деца сум им објаснил така. Но исто им објаснив и дека религиите се митови (ни до догма не се стасани)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Баш фино, одлично. И јас на моите деца сум им објаснил така. Но исто им објаснив и дека религиите се митови (ни до догма не се стасани)
Јас, навистина, не знам како на своето 5-7-9-12 годишно дете планирате да му објасните поими како догма, мит, религија, Бог, Адам, Ева, Ное.... Децата се водат според тоа што го гледаат, и не се способни да замислат како Адам живеел 800 години (затоа од старт нема да им биде верно) итн.
Јас кога научив да читам, прво што прочитав ми беше една книга (сеуште ја имам) се вика ,,Мојата прва Библија,, и е наменета за деца. Значи ја прочитав на некои 8 години, и веднаш ми беше нелогична.
Денес сфаќам дека на сите деца им е нелогично.

Јас претпочитам ниту верско ниту антиверско воспитување.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Јас претпочитам ниту верско ниту антиверско воспитување.
Баш ме интересира како би го извел тоа.
Секое не-верско е антиверско и е дело на рогатиот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom