F
fantomX
Гостин
Челзи немал типични менаџери ни пред Абрамович, нема ни во негово време. Челзи НЕМА МЕНАЏЕРИ какви шо тебе ти паѓаат на ум, Челзи ИМА ТРЕНЕРИ НА ПРВИОТ ТИМ.Ако оваа информација ти е точна,тогаш Абрамович си тера пак по старо! Хидинк уште не седнат на клупа се знае кој играч ќе дојдел?!Тогаш Лукаку не е прво засилување на Хидинк,туку прво засилување на Абрамович. Ама тоа е, нема спас од таквата политика Роман да си пазари играчи а друг после да го јаде затоа што тој играч не се вклопил во тимот! Е тука е грешката.Затоа не ви траат менаџерите.А ако не му дадат слобода на Хидинк, и се тера со истата политика во клубот,не очекувам подолго да остани ниту потенцијално новиов менаџер.
Ама не си ти битен овде, битни се навивачите на Челзи, аман разберете: Челзи нема менаџер, никогаш и немал, сите шо поминале се чисто тренери на прв тим или head coach од англиски е добар термин. Така и ќе биди. Ако не ја разбирате разликата меѓу менаџер и тренер, разберете ја и не лупајте глупости ко овие побожниве ѓаоли.
--- надополнето: Jun 18, 2011 5:35 PM ---
Чудо кое ќе игра уште некоја сезона за Челзи.Добар ден.
Збор два за Алекс, што чудо е?
--- надополнето: Jun 18, 2011 6:33 PM ---
Гледам целиов период се врти околу Нејмар, Модрич, Лукаку, Хидинк.... , се споредни личности и работи во нашава моемнтална ситуација. Френк Арнесен замина, фала богу. Карло Анчелоти исто замина, иако то многу не меннува искрено.
Заедно со Френк Арнесен во Хамбург заминати се Ли Конгретон и уште двајца други chief scout - и чии имиња не ги знам, а не се ни битни. Хилион замина во Франција, Пивоварски или како и да се вика назад во Германија. Друга работа во т.н. фудбалски борд на клубот беа осуммина, сега се останати петмина: Брус Бак, Иугџин Тененбаум, Рон Гурлај, Дејвид Бернар и Мајк Форд. Бак е фан, Тененбаум е бизнисмен, исто и Гурлај, Бернар е администратор (бирократ) и Мајк Форд е идиот. Во нашиот „фудбалски борд“ нема ниеден фудбалски човек. Шо убо. А вие овде за Модрич ми плачите, да се плукнам во него со извинение, во време кога од корен не чини работата. Гурлај, тој е најјак, каков само договор изваде од Ливерпул за овај ролексов сомнителен, сега за Лука растур ќе напрај! Мајк Форд, слушав едно 20-минутно интервју на ББЦ радио со него - идиот. А тој е нашиот „performance director“ , вао !
Ај доста за бирократијата наша никаква, да се префрлиме на играчите. Прво едно да разграничам треба, млад фудбалер по секоја здрава логика е играч од некои 19-20 години до 22-23 години. Под 19 години се деца. Очајот на Челзи моментално е толку голем шо кога се зборува за играчи кои де факто и де јуре се членови на Челзи, а не за „идните спасители“ ко Модрич и Нејмар, главен муабет е МекЕкран. Колку ретардирано. Тој е дете, тој треба уште да игра за резервите, и за позајмица му е рано. А додека вистинските млади играчи тотално смешно се разделуваат со Челзи наместо да почни нивна интеграција во составот од 25+ играчи потребни за една добра сезона. Мансиен, Борини. Корк највпечатлив, на Твитер имаше пишано пред дуелот со Евертон, зошто не добиле помлади шанса, што би можело да се случи лошо ако тие играат во тој последен сезонски дуел? Која трагедија значи! Кој лузерски менталитет тогаш се всадува во децата на Челзи, кога еден млад играч место да е член на 25ката, тој на твитер пишува коментари шо очигледно значат комплекс на инфериорност. Страшно! А вие за Модрич и Вилкинс ми дробите овде...
Моменталниот состав:
Чех, Хиларио, Трнбул - ха. То е, стара песна, која е молба до боговите Чех да нема повреди
Тери, Алекс, Луиз, Иванович - маки. Луиз, колку и да е освеќување, се уште е непромислен бек, јас мислам дека и никогаш нема да има зрелост за последна линија, ќе и биди на средина на терен; Иванович ако оди десно => тогаш шо прајме?
Босингва, Фереира - ако не дојди нов десен бек, Босингва ќе остани, ама џабе, Иванович ќе игра; Павло легендата останува.
Ешли Кол, Ван Анхолт, Бертран - Кол паѓа; Бертран е просечен бек и можи да покрива, ама веројатно е дека ќе си оди; Ван Анхолт со минути на терен инаку џабе е се.
Микел, Есиен, Лампард, Рамирес, Бенајун, МекЕкран, Корк, Какута - овде сме голема дупка, имајќи в предвид шо Корк е аут одамна, МекЕкран нема и не треба да заигра, Лампард е заминат од минатиот април уште шампиони ко бевме, Есиен заврши со колената, Микел ако стварно е незадоволен од минутажата минатата сезона, е смрден лингур, Бенајун е Бенајун, Какута е голем прашалник. Рамирес остана, ама не е некој талент за нешто посебно. Ко шо реков, маки.
Жирков, Малуда - крилни играчи? Што е тоа - за Челзи.
Дрогба, Анелка, Торес, Калу, Стуриџ - еден мора да оди во секој случај.
Значи се на се, моментално се овде 27 играчи. Корк и Бертран заминуваат, тоа се 25 играчи. МекЕкран можи се да прај, ама нема ни до клупа да стаса, значи 24. Значи имаме еден состав од 24 играчи кој е крајно неизбалансиран, неизлуфтиран, запурен, со само тројца млади играчи во Анхолт, Какута и Стуриџ, и само петмина играчи во најдобри години во Луиз, Иванович, Микел, Рамирес и Калу. Да го земиме и Чех пошто е голман, шестмина. Значи цели 13 играчи се веќе во зрели години, од кои најмладите се со хронично заебани делови од телото.
Шо би требало? Одбрамбен еден, или централен или десен бек. Средина: еден креативец централно, десно крило. Значи тројца нови, а да си оди само еден од напѓачите. Доколку си замини и Жирков, треба и ново лево крило. А понатаму, јасно е, за секое евентуално заминување треба соодветна замена.
Ова е чисто оптимално и реално, без Лукаковци, Нејмаровци и слични копиљаци, јас да се прашувам Есиен нема да го преживеј летово во Челзи, Лампард ќе окапи на клупа, а Торес во почеток ќе игра за резерви, колку да дај некој гол за да се потсети како се даваа голој.