Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
шо збориш бе ставрно?
Да бе, вчера падна, се испокрши, па кога се враќав ноќеска од град изврзан беше и немаше нога коњот, а викаат дека и кај раката дупка имал, ама не поминав од таа страна кај раката. Не да беше тапа, без нога :D
 
T

Tetro

Гостин
Да бе, вчера падна, се испокрши, па кога се враќав ноќеска од град изврзан беше и немаше нога коњот, а викаат дека и кај раката дупка имал, ама не поминав од таа страна кај раката. Не да беше тапа, без нога :D
нареден пат на вакво нешто, сликче вади.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Можеше барем во нешто друго да се вложат парите, а не за градење.
Да можеше.. Како што збореа сите боље тие пари да му се дадеа на народот.. Што ќе направи народот со 100 евра на пример по жител?? Ќе ги испие и изеде.. Што после бе? Што ќе остане од тие пари..
Вака барем ќе има некој изглед градот ќе заличи на нешто.. Ако дојде странец да види што луѓе сме имале..

еве имаме слободни,учебници,компјутери кои самите ги искршивме.. Не тоа нечини.. Тоа не се важи работава..

Абе колку и да се даде пак е малце.. Ко што имаше една статија.Немал некој човек работа во Македонија не му се ценел неговиот труд.. Инаку сменил дечкото 3-4 работни места.. Епа да ми извиниш без работа нема пари .. наместо да се жали и да пребира може да поработи.Не одма државата е крива..
 
D

D_NazGUL

Гостин
Идејата да конечно главниот град на Република Македонија добие свое обележје кое на случајниот минувач би му ја раскажал македоската приказна отсекогаш сум ја сметал за потребна. Искрено многу ми беше мерак кога го најавија проектот. Е сега реаллизацјата и нивната идеја не се совпадна комплетно со мојата, но јбг сеа неможеме сите исто да мислиме.
На крајот од денот сепак морам да се сложам дека не требаше до толку нагло да се гради, можеби во фази да идеше тоа, а напоредно да се остваруваа и други попаметни идеи од кои народот и Македонија би имала бенефит, као рецимо незнам каде читав тоа за хеликоптери за здравството - одлична идеја (гломазно е ептен не би можеле така лесно хеликоптер да украдат нашиве).
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не знам дали е во контекст на темава, но ова ќе биде новата зграда на Водовод и Канализација (мене лично малку ми заличува на арапска архитектура)



инаку локацијата е под скопското Кале кај сегашните бараки, додека до неа ќе биде и Градска Куќа



Кога сме кај Водовод и Канализација еве и еден друг труд кој што не беше избран

 

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
За споменикот на Филип 4милиони а за на Ацо 10милиони евра ...демек овој на Филип ке е на попуст или он не е толку битен за Македонија.

Што ли сакаше да каже поетот со други зборови?
--- надополнето: Jun 18, 2011 1:56 PM ---
и нејќум да ми го закачуваат во Скопје, нека си го носат дома, во Хераклеа!!!
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Jaс го одобрувам. Еднаш се изнасмеав за одговор на оваа прашање. Вика: Зошто бе да не се гради. Во другите држави има скулптури што мочат а овде не дават на Гоце Делчев да направат споменик :LOL:
 
Член од
26 октомври 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Толку луѓе испокачија, а никако да симнат некој „од горе“.:cenzura:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Мислиш да се вложат парите во инфраструктурата како АЛБАНИЈА која не претрка?
И конечно да се мрднеме од малце погоре : НА ПРИМЕР ДА НЕ БИДЕМЕ НА ДНОТО НА ЛИСТАТА ЗА БИЛО ШТО ВО БАЛКАНОВ?
Може ли да ми кажеш колку вреди проектот Скопје 2014?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
200 милиони дека кошта е пресметка на опозицијата, земи ја пресметката на владата и извади аритметика од нив и ќе видиш колку точно вреди скопје 2014.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
200 милиони дека кошта е пресметка на опозицијата, земи ја пресметката на владата и извади аритметика од нив и ќе видиш колку точно вреди скопје 2014.
Нели гледаш дека ти пере мозок,он само за тоа е логиран на форумов, и да дроби без никакви факти и црно на бело
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Нели гледаш дека ти пере мозок,он само за тоа е логиран на форумов, и да дроби без никакви факти и црно на бело
Само прашав за тоа колку НАВИСТИНА вреди Скопје 2014, дека некој може да каже милијарда евра, зошто нели сите во Македонија сме експерти по тие прашања. Мозок тешко некој може да ми испере така да не се плашам од тоа. :) . Друго ми беше зборот. Ако целокупниот проект вреди еве некои реални 160 милиони (реална претпоставка), ако може некој да ми одговори, дали може со тие пари да се изгради патната инфраструктура во Македонија. Ако се знае дека модерен автопат без придружни елементи чини 1 милион евра по километар, а со придружни елементи и повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom