1. Јов никаде не вели дека животното е митско, напротив, од самиот контекст се гледа дека зборува за реално и тогаш познато животно.
2. Јов користи метафора и во таа метефора „вооружано со меч“ значи вооружано со сила. Мечот е симбол на сила и пак ќе речам јас и вие би го кажале истото, да беше оваа дискусија на друго место и да немаше субјективна страна.
3. Веднаш потоа Јов вели „Планините му донесуваат данок во храна“ (
Јов 40:20) Зарем и ова го толкувате буквално? Дека Планините имаат раце и нозе и доаѓаат кај животното и му велат: „повели 40кг лисја ДДВ“
Дарвин е основачот на Дарвиновата хипотеза, тој ги постави темелите на Дарвинизмот и во негово време многумина избрзано ја прогласија неговата хипотеза за „научна теорија“ и затоа е нормално да се цитира основачот, неговиот став кон својата хипотеза, неговите очекувања од фосилите, неговите разочарувања и сл.