Не доаѓам од научната фела и немам докази. Но она кое ни се сервира како „доказ„ е страотно дискутабилно и тешко прифатливо.
Секој разумен научник ќе рече дека според тековно расположивите сознанија, се завзема таков и таков став, оти порано или подоцна, ради новите сознанија, тековно прифатените ставови можат да се променат.
Од друга страна пак, сите или речиси сите научници, иамаа примено речиси идентично образование, во кое преовладуваат Маркс и неговиот историски и утописки материјализам и Дарвин и неговата идеја за бесконечното усовршување на живите битија, кои како предрасуди, не дозволуват поинаков начин на мислење од оној кој е воспоставен со образовниот систем.
Она кое е најдискутабилно, а за мене лично најсмешно, тоа е фактот дека секое „најново„ научно сознание, совршено се вклопува во тековниов светоглед. На пример, секој новооткритен био-хемиско-молекуларен процес автоматски е и еволутивен процес, или на пример, очигледниот факт дека гледано ретроспективно, методите за мерење на староста од Веслената или Земајта, набиваат се поглеми и поголеми цифри, а тие големи цифри доаѓаат како „...кец на десетка...„ на евлуционистичката потреба од неверојатно голем временски период, за да ни се случи еволуција...