1. Се работи за одамна побиено тврдење, не го отворив линкот но претпоставувам дека се работи за "мистериозните" стапки пронајдени во Туркменистан?
Не се работи за мистериозни, туку за реални стапки. Сепак на Дарвинистите не им се веруваше и не им се верува дека диносаурсите и луѓето можат да живеат во исто време, па затоа и реалните стапки мораат да бидат и мистериозни, за да си дојде се во согласност со Дарвинистичката догма.
2. Змејови кои испуштаат оган и во исто време летаат никако не смеат да се споредат со диносауриси.
Такви се змејовите во твоите цртани филмови, а не и оние за кои што јас пишував.
Еве како на пример библискиот писател Јов, пишувајќи пред 3000 години опишува едно огромно животно кое по своите карактеристики наликува на диносаурс:
„А сега, ете, разгледај го бехемот (еврејски збор што Јов го употребил), се храни со трева како добиток, ете, неговата сила е во бедрата, а јакоста му е во мишката на мевот. Ја здрвува кренатата опашка како кедар, жилите му ги испреплетија сите бедра. Неговите коски се железни цевки, неговите зглобови се глуждови од железо. Тој е првенец на Божјото создавање, Творецот го вооружи со меч. Планините му донесуваат данок во храна, и сите ѕверови што играат по нив. Тој почива навален под лотосот, мочуришните трски и калта го кријат. Лотосовите лисја му прават сенка, тој се лади под поточните врби. Ако надојде реката, тој не се плаши: воопшто него не би го загрижило и целиот Јордан да затече во неговата уста. Кој може да го фати за очите и кој може да му го прободе носот со стрела?“
(
Јов 40:15-24, Библијата)
п.с. Во македонските преводи на Библијата бехемот е преведен како слон или нилски коњ, но тоа е произволна констатација на преведувачот и нема никаква основа во преведувањето.Патем, ниту слонот, ниту нилскиот коњ немаат опаш како Кедрово дрво, а од друга страна диносаурусите како брахиозаварот и диплодокот имале огромни опашки, што лесно би можеле да ги споредиме со кедрово дрво.
3. Уште една одамна разобличена измама.
Ти и сите Дарвинисти би сакале да е измама т.е. за вас мора да е измама, во спротивно тоа е погубно за Дарвинистичката хипотеза.
Твојот линк е од познат крајно субјективен Дарвинистички портал.
Мојот линк беше од универзитетот на Харвард (
Harvard.edu). Сосема независен и објективен сајт.
http://adsabs.harvard.edu/abs/1997PNAS...94.6291S
"Finally, when dinosaurian tissues were extracted for protein fragments and were used to immunize rats, the resulting antisera reacted positively with purified avian and mammalian hemoglobins.
The most parsimonious explanation of this evidence is the presence of blood-derived hemoglobin compounds preserved in the dinosaurian tissues."
(
Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America, Volume 94, Issue 12, pp. 6291-6296)