Креационизам наспроти еволуционизам

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
А колку генерации се потребни за да некој поверува во ова срање?
Никој не те тера да веруваш? Ако имаш објаснување со конкретни аргументи и докази презентирај го и ќе го прифатам.
--- надополнето: Jun 16, 2011 8:17 AM ---
Непоимливо ни е затоа што уште од мали нозе не имаат задоено во хипотезата на Дарвинизмот, уште од мали нозе не индоктринирале дека диносаурсите изумреле од некоја мистериозна комета пред. ни повеќе ни помалку, туку 65 милиони години, а демек човекот се појавил пред 3 милиони години. Човечкиот мозок работи на тој начин да кога ќе слушне конкретни бројки, речиси и да не се сомнева дека тоа се проверени факти, а всушност се работи за бројки извадени од изрежирани геолошки Дарвинистички таблици.
Чекај, како не имаат задоено со „Дарвинизам“? А Flinstones? Dinotopia? One Million Years B.C.?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Чекај, како не имаат задоено со „Дарвинизам“? А Flinstones? Dinotopia? One Million Years B.C.?
Го имаат него задоено со фундаментализам. Види какви му се постовите - манипулации, заклучоци без аргументи, полу-вистини извадени од контекст и, што е најбедно, повлекување у дувло после секое рационално разоткривање на неговите манипулации.

После 2 дена - rewind & replay.

Сите овие цитати се бар 3 пути објаснувани по страниве.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1. Се работи за одамна побиено тврдење, не го отворив линкот но претпоставувам дека се работи за "мистериозните" стапки пронајдени во Туркменистан?
Не се работи за мистериозни, туку за реални стапки. Сепак на Дарвинистите не им се веруваше и не им се верува дека диносаурсите и луѓето можат да живеат во исто време, па затоа и реалните стапки мораат да бидат и мистериозни, за да си дојде се во согласност со Дарвинистичката догма.

2. Змејови кои испуштаат оган и во исто време летаат никако не смеат да се споредат со диносауриси.
Такви се змејовите во твоите цртани филмови, а не и оние за кои што јас пишував.
Еве како на пример библискиот писател Јов, пишувајќи пред 3000 години опишува едно огромно животно кое по своите карактеристики наликува на диносаурс:

„А сега, ете, разгледај го бехемот (еврејски збор што Јов го употребил), се храни со трева како добиток, ете, неговата сила е во бедрата, а јакоста му е во мишката на мевот. Ја здрвува кренатата опашка како кедар, жилите му ги испреплетија сите бедра. Неговите коски се железни цевки, неговите зглобови се глуждови од железо. Тој е првенец на Божјото создавање, Творецот го вооружи со меч. Планините му донесуваат данок во храна, и сите ѕверови што играат по нив. Тој почива навален под лотосот, мочуришните трски и калта го кријат. Лотосовите лисја му прават сенка, тој се лади под поточните врби. Ако надојде реката, тој не се плаши: воопшто него не би го загрижило и целиот Јордан да затече во неговата уста. Кој може да го фати за очите и кој може да му го прободе носот со стрела?“
(Јов 40:15-24, Библијата)

п.с. Во македонските преводи на Библијата бехемот е преведен како слон или нилски коњ, но тоа е произволна констатација на преведувачот и нема никаква основа во преведувањето.Патем, ниту слонот, ниту нилскиот коњ немаат опаш како Кедрово дрво, а од друга страна диносаурусите како брахиозаварот и диплодокот имале огромни опашки, што лесно би можеле да ги споредиме со кедрово дрво.

3. Уште една одамна разобличена измама.
Ти и сите Дарвинисти би сакале да е измама т.е. за вас мора да е измама, во спротивно тоа е погубно за Дарвинистичката хипотеза.

4. Уште едно одамна побиено тврдење, http://www.talkorigins.org/faqs/dinosaur/blood.html.
Твојот линк е од познат крајно субјективен Дарвинистички портал.
Мојот линк беше од универзитетот на Харвард (Harvard.edu). Сосема независен и објективен сајт.
http://adsabs.harvard.edu/abs/1997PNAS...94.6291S

"Finally, when dinosaurian tissues were extracted for protein fragments and were used to immunize rats, the resulting antisera reacted positively with purified avian and mammalian hemoglobins. The most parsimonious explanation of this evidence is the presence of blood-derived hemoglobin compounds preserved in the dinosaurian tissues."
(Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America, Volume 94, Issue 12, pp. 6291-6296)
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Значи сакаш да кажеш дека сите тврдења на: астрономија, геологија, радиометрија, физика, антропологија; за староста на земјата се лажни?
Дека сите тие научници се уствари договорени намерно да ги побиваат креационистичките тврдења?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Тврдењата не се лажни, туку се непрецизни, ограничени и променливи, а што е најлошо, „мораат„ да се вклопат во постојниов маркситсичко-дарвиновски светоглед.
2. Дел од научниците се договорени да побиваат све што не е во склад со тековните референцијални системи од тековниов светоглед.
 
Според астрономите вселената е стара 13 милијарди години, според геолозите земјата е стара 4,5 милијарди години, според радиометриските мерења земјата е стара 4 милијарди години, итн...
Па не се сите ваљда овие договорени да лажат, сигурно ке се најде некоја лабараторија или истражувачко тело кое ке ги побие овие тврдења.
Само проблемот е што нема научен начин да се докаже дека земјата е стара само 6к години.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Мики бе, интелектуален диву, кој е тој Марксистичко-Дарвинистички светоглед?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики бе, интелектуален диву, кој е тој Марксистичко-Дарвинистички светоглед?
Тоа е „она„ кое е толку очигледно, што од неговата очигчедност, напросто, не си во состојба да го видиш...Трај си, ќе пораснеш и самото ќе Ти се кажит.
 
Де бре Мики, се буниш против некаков светоглед, а не знаеш да кажеш каков е тој светоглед...
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Најак момент од Мики, не ја признава теоријата на релативитетот а користи GPS, ај види му го умот. (y)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според астрономите вселената е стара 13 милијарди години, според геолозите земјата е стара 4,5 милијарди години, според радиометриските мерења земјата е стара 4 милијарди години, итн...
Па не се сите ваљда овие договорени да лажат, сигурно ке се најде некоја лабараторија или истражувачко тело кое ке ги побие овие тврдења.
Само проблемот е што нема научен начин да се докаже дека земјата е стара само 6к години.
Тија мерење се направени според тековно расположиви и прифатени методи за мерење, кои пред 100 г. биле непознаница, така? Според тоа, за едно 100 г., ќе имаме „најнови„ методи за мерење, кои ќе дадат поинакви цифри, така?

Никој не вели дека „сите„ се договрени да лажат, но добар дел од нив не велам дека лажат, туку велам дека се неверојатно убедени ви нивната самоизмама, која (самоизмама) се обидуваат да ја наметнат на цело човештво, што сега-засега, добро им успева.

Секако, има и поединци кои имаат и поинакви мислење. Пред неколку месеци гледав изјава од геолог, кој вели дека Земјава не е постара од 10 000 г,. но таа негова изјава не се совпаѓа со општо прифатената „теза„ за Земјината старост од 4,5 милј. г. Таа изјава за сепак млада Земја, не верувам дека е кажана произволно, без да е потркепена и со мерења и доказна постапка.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мики, не ти се чини дека има премногу настани во историјата за да бидат настегани во 5-6000 години?

Само прашувам, не се нервирај веднаш...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Мики бе, интелектуален диву, кој е тој Марксистичко-Дарвинистички светоглед?
Како не знаел. Знае многу добро од искуство. Тој Марксистичко-Дарвинистички светоглед е неговата бивша вера пред да прифати христијанство.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Де бре Мики, се буниш против некаков светоглед, а не знаеш да кажеш каков е тој светоглед...
Темава не е наменета за теиститие, туку за атеиститие. А ако до сега не си сфатил според кој светоглед живееш, тогаш тоа не е мој проблем.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Темава не е наменета за теиститие, туку за атеиститие. А ако до сега не си сфатил според кој светоглед живееш, тогаш тоа не е мој проблем.
Јас? Светоглед? Маркс, Дарвин?

Ех бе Мики, ти завидувам колку ти е едноставен духовниот свет во кој што живееш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom