Вчера бев особено револуционерно расположен, на вчерашен ден бил роден командантот Гевара. Си реков: дај да завршам работата и да се спремам, да учествувам во протестите. Во „мирната вода што треба брег да рони“ низ улиците на Ашхабад... ова де, Скопје.
Стигнав малку порано, па си реков да одморам малку во жена парк. Разговарав со мојата поубава половина во врска со протестите (во разговорот ги спомнав настаните во 68ма, во 1980 во Полска, 1997 во Скопје, кога Филип Петровски штрајкуваше со глад и сл.)
Покрај мене помина еден млад момак, разговараше на телефон. Изгледот, како беше облечен и дикцијата прејудицираа на неговата нагласена ... „модерна машкост“. Но добро, се случува, момент лаже и сл.
Девојка ми ми кажа дека тој е еден од организаторите на протестите во Скопје. Тој бил еден од организаторите на протестите во Скопје...
тој бил...
такви биле...
Пет минути си вртев математики во главата, па неколку работи ми се разјаснија.
Се запрашав: Зошто никогаш ништо нема да се смени во Македонија?
Самиот и елаборирав:
Се додека промени бараат типци кои пијат мартини и го гледаат изгрејсонцето, броејќи ги деновите до нивниот одмор каде што ќе уживаат на јахтата со нивниот дечко/девојка (такво е времето, без разлика на полот мора да ставам коса црта) и ќе пловат по Јадранот, промените ќе изостанат. Бидејќи, на таквите ликови не им требаат промени.
Треба да им се смени нешто?
Ама ќе рече некој: овој пат е поинаку. Се протестира за смртта на младо момче.
Добро, велам јас, добро. Убиството на младичот е едно од најгрозоморните настани што некогаш мојата перцепција ги регистрирала. На денот кога соопштија дека се случило такво нешто, токму јас плачев како мало дете, откако моите виуги ја канализираа целата ситуација. Никој не би бил имун на тоа, нели?
И за тоа протести: Јас давам 100% подршка, дури и физичка.
Ама зошто ништо не се случува? Зошто се поминува само „онака„?
Некој што си ги „чупа“ веѓите, што би направил доколку ескалира ситуацијата на протестот? Би заборавил на јахтата и беемвето за да удри на цајканите?
Таквите би застанале спроти тенковите кога пролетта беше „прашка“?
Си викам„ ех бе братко, некој што излегува директно од Силуете не може да раководи со протести. Може само да се изрекламира, може само да биде задоволен што го регистрирале како “лидер“.
Ако не беше така: протестите ќе беа целодневни (бидејќи таквите не сакаат да се испечат и нивната мека кожа да биде пореметена: сепак, лифтинзи, стајлинци, пилинзи... не заебавај)
Ако беа целодневни, ќе допринесеа нешто. Не мора да бидат насилни (иако јас сум секогаш за паролата „УДРИИИ!“, ама ајде, да одиме според филозифијата на ретардираните хипици од 60тите кои не променија ништо, освен самите себе си на полошо, па ќе бидеме мирни.)
Ајде, да бидеме мирни, ама да направиме еден обрач околу ... некој објект кој има власт во државава. Никој да влезе, никој да не излезе со денови.
Тоа е протест.
Ама не може, кој ќе ги средува веѓите после тоа...
...
пеер...