1. Привременото име има глупава улога да ги релативизира грчките напади во очи донесувањето на пресудата во Хаг. По пресудата, споменикот и официјално ќе се нарекува онака како што и самата скулпторка и Груевски рекоа дека се вика. И македонското Сонце ќе стои на штитовите на осумте војници, нешто што до сега се сметаше како прекршување на Спогодбата:
2. Името на нашата држава и нашиот демоним произлегуваат од името на филиповото и александрово кралство, така што лицето претставено во скулптурата е соодветно.
3. Споменикот е преголем за тој простор.
Постољето е превисоко.
Мечот кој Александар го држи во рака е смешно премал.
Стомачните всушност не се неговото тело, туку метален оклоп кој се носи во битки.
Апел од мене до сите: Да не дозволуваме сеништа од минатото да ја минираат нашата иднина.
____________________
“Сцената на апсурдот на централниот плоштад во Скопје ќе биде комплетирана со ставањето на единаесет помали статуи на скопски херои од ’историјата’ како кралот Филип на Македонија, византискиот цар Јустинијан, бугарскиот цар Самуил, кои очигледно ќе бидат претставени како “Македонци. Додека невработеноста во Македонија расте и економската криза е пред нозете на нејзиниот народ, премиерот одбира да поставува споменици, трагајќи по својот мит за ’Македонија’“
Ова парче земја има историја долга колку историјата на Елада. Освен Јустинијан, друг скопски херој нема во проектот, сите се македонски провинцијалци. Самоил имал престолнина во денешна Македонија.
А за невработеноста и посебно за економската криза, која ни била пред нозе, Елиниќаните нека си траат. Срамота е некој кој е на дното, да критикува друга држава која во такво
пропало опкружување покачува плати и пензии, намалува невработеност, и згора на се, издвојува за уметност.