ЈА да сум на ваше место сеа матурант и да знаев низ што све поминав и уште низ што поминувам никогаш не би се заппишал на општа медицина, не дека сакам да ве плашам али факултетов е полудување најискраено
Го имате истиот поздрав и од мене, драги матуранти.
Ако веќе имате енормна желба за студии по медицина ( ќе ви треба ако се решите за истите, и тоа како ! ) , земете го Медицинскиов од УКИМ, како последна опција ( доколку сте во можност - јасно ).
Факултетот си има своја тежина, како и секој друг, прилично е напорен, ама не е ништо недостижно , се учи и се постигнува со добра организација.
Муабетот ми е дека нема никаков квалитет, се е на квантитет, трчаш од колоквиум на колоквиум, таман полагаш едни, одма спремаш други, односот на голем дел од професорите е за никаде, нема никаква мотивација за студентот , ЕКТС системот исто им е катастрофа, од денес за утре нови правила никнуваат ( повторно - на воља на професорите ).
А околу приемниве, квотиве и сл. не се замарајте, ако си имате солиден успех, секако дека ќе ве примат, ако не во регуларна, во проширена квота сигурно. Лани беше објавен конкурс за запишување 150 студенти, а примија над 200 и нешто, така да - без гајле