Медицински и стоматолошки факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе а нешто најново што слушнав муабет денеска е дека за општа медицина ке имало приемен. Глупости нели?

Откако се воведоа матурите секоја година главен муабет беше дека демек ќе има приемен испит за општа медицина.

Не верувам дека ќе има приемни испити.
 
Сакам моето образование да го продолжам на Стоматолошки Факултет. Ме интересира колку студенти ќе примаат оваа година и дали постојат информации за приемни испити. Благодарам однапред
 
ЈА да сум на ваше место сеа матурант и да знаев низ што све поминав и уште низ што поминувам никогаш не би се заппишал на општа медицина, не дека сакам да ве плашам али факултетов е полудување најискраено
 
Сакам моето образование да го продолжам на Стоматолошки Факултет. Ме интересира колку студенти ќе примаат оваа година и дали постојат информации за приемни испити. Благодарам однапред.

Како што кажав, приемни испити нема шанса да има. Државните матури се воведоа со цел да се елиминираат приемните испите кај повеќето од факултетите.

Приемни испити постојат само на факултетите каде што треба да се докаже некој талент, на пример цртање ти треба на Архитектонски, Ликовна Уметност, свирење и пеење на факултетот за Музичка уметност. За медицински факултет ти треба талент-бубање, кој лесно се докажува со поените од матура и успех. :)

Стоматолошки имаше мала заинтересираност изминативе години, обично сите што аплицираат и ги примаат.

ЈА да сум на ваше место сеа матурант и да знаев низ што све поминав и уште низ што поминувам никогаш не би се заппишал на општа медицина, не дека сакам да ве плашам али факултетов е полудување најискраено

Не ги плаши, тешко е, ама не е до толку. ;)

Прва година е малце тешка затоашто има многу предмети, со се изборен накрај се 15 испита. Но, од нив само 5 се најбитни и најтешки односно условни се за во втора. Има и предмети што се лесни и се спремаат буквално за еден или два дена.
 
ЈА да сум на ваше место сеа матурант и да знаев низ што све поминав и уште низ што поминувам никогаш не би се заппишал на општа медицина, не дека сакам да ве плашам али факултетов е полудување најискраено

Го имате истиот поздрав и од мене, драги матуранти.
Ако веќе имате енормна желба за студии по медицина ( ќе ви треба ако се решите за истите, и тоа како ! ) , земете го Медицинскиов од УКИМ, како последна опција ( доколку сте во можност - јасно ).
Факултетот си има своја тежина, како и секој друг, прилично е напорен, ама не е ништо недостижно , се учи и се постигнува со добра организација.
Муабетот ми е дека нема никаков квалитет, се е на квантитет, трчаш од колоквиум на колоквиум, таман полагаш едни, одма спремаш други, односот на голем дел од професорите е за никаде, нема никаква мотивација за студентот , ЕКТС системот исто им е катастрофа, од денес за утре нови правила никнуваат ( повторно - на воља на професорите ).

А околу приемниве, квотиве и сл. не се замарајте, ако си имате солиден успех, секако дека ќе ве примат, ако не во регуларна, во проширена квота сигурно. Лани беше објавен конкурс за запишување 150 студенти, а примија над 200 и нешто, така да - без гајле :)
 
Може на пример да се запишеш на медицински, и втор семестар да се префрлиш на стоматолошки?
И стварно ли е тоа дека на медицинскиот немало зимски одмор, а летниот одмор почнувал од август ??
 
Може на пример да се запишеш на медицински, и втор семестар да се префрлиш на стоматолошки?
И стварно ли е тоа дека на медицинскиот немало зимски одмор, а летниот одмор почнувал од август ??

Па ако за зимски одмор ја рачунаш јануарската испитна сесија , тогаш има :D

Исто и за преку летово, јунската трае еден месец и ако успееш сите испити да ги откачиш тогаш, ќе си имаш одмор до 15ти септември, во спротивно ќе ти потрае до септемвриската испитна сесија , односно до периодот кога ќе почнеш да ги спремаш испитите за истата :)
 
Prasanje do studentite na stomatologija.. Bidejki vo avgust ke se upisuvam na stomatoloski vo SK na Kiril i Metodij, moze li da mi kazete vo prva godina koj ispit t.e. predmet e najtezok.. Mi imaat kazano deka fizika e dosta teska tocno e toa..?
 
Се влегува на стоматологија со отприлика 85 поени?
 
Луѓе некој се сеќава колку бода имаа последните примени во скопје а колку последните примени во штип на општа медицина минатата година?!
 
Луѓе некој се сеќава колку бода имаа последните примени во скопје а колку последните примени во штип на општа медицина минатата година?!
Имам читано тука дека во Скопје последниот бил со 88 поени, а за Штип не се сеќавам, мислам со 80.
 
83.462 поени.

Дали имам шанси да ме примат со овие поени на медицински смер Физиотерапефт??!!
 
Ај и тука да пишам. Колку поени имаше последниот во државна квота минатата година? :)
 
Ај и тука да пишам. Колку поени имаше последниот во државна квота минатата година? :)

Ако прашуваш за општа медицина последниот во државна квота лани беше со 96 поени.
Со среќа на сите, да се запишете уште во првиот рок за да немате секирации после што ќе биде како ќе биде, не му ја мислете премногу приватна или државна квота, нормално секој сака да заштеди, има и други давачки, ама гледајте да ве примат ако толку сакате, макар и во приватна да сте, другото ќе дојде со ред.

П.С. Колеги, ние што завршивме прва година сега, болничко згрижување т.е. праксата може да се изведе во приватна здравствена установа или мора во државна?
 
а дали знаете колку имаше последниот во приватна квота минатата година на медицински физиотерапефт???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom