- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.320
- Поени од реакции
- 15.574
Анархија = Безвластие...Читам дека за некои филмов е инспирација за многу работи, пред се се истакнува бунтовноста, желбата и борбата за слобода пред се од диктатурата која е наметната, а индиректно идејата дека некој обичен човек може да направи разлика и да биде идол на многу генерации.
Ама едно не можам да сфатам. Не дека не го сакам филмов, напротив, сум го гледал неколку пати и секогаш сум уживал во него, феноменален е, ама јас не го доживувам како толку инспиративен и моќен. Од една причина. Не ми е јасно зошто толку луѓе гледаат идол во V, кога тој не се бореше за слобода, туку за анархија? А според мене, анархијата е еднаква на диктатурата. Никогаш не сум ги сфаќал поборниците на такви системи, сосема спротивни, да, ама подеднакво штетни за општеството.
Е како што вика ИОсоно, т.е. во Еквилибриум, после човековата природа си го прави своето... Едноставно, премногу сме несовршени за да си дозволиме анархија, а и никој до сега не верувам дека успеал да создаде систем наречен „анархија“, па најверојатно често се зема како синоним за рушење на едно владеење и доаѓање на друго, поизменето со надеж за подобри времиња. Мое лично мислење.
Е сега, он не се бореше за Анархија, он најпрво бараше одмазда, но патем им овозможи и на другите луѓе да се ослободат од една диктатура, затоа и кога Ив го изгледа омилениот филм на В(Грофот од Монте Кристо) кажа дека не и се допаднало тоа што Дантес премногу се посветил на одмаздата, индиректно посочувајќи дека и В се грижеше само за одмазда.