Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 јули 2010
Мислења
74
Поени од реакции
7
А кои нови ние не сме 500 милиони народ него 2 милиона во таа единица пак ке отидат истите луѓе што се во Тигрите.Кажав не ја обвинувајте целата единица за делото на еден нејзин припадник.Тигрите се формирани 1989 најстара Македонска Специјална Единица,не може за дело на еден член сите да бидат виновни.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Никој не бара распуштање, туку професионализирање, распуштање на сегашните кадри, кои се примани по принцип голем стомак, нема врат, бричена глава, лоботомизиран мозок, теретана + стероиди, партиска книшка
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Не ми е јасно како може да барате распуштање на ЕСЗ Тигар?Па знаете ли што имаат направено Тигрите за Македонија?Во 2001 во Бродец во Радуша!Само трошок ке се прави на државата.Треба да се прават психолошки тестови како што има во Волците и Ренџерите во АРМ.Не може за дело на еден член да се криви целата единица,овие денови А1 до максимум ја оцрни Единицата што не е добро затоа што не се цени тоа што го имаат направено за Македонија.За убиецот доживотна мора али не трескајте глупости со барање за распуштање на ЕСЗ и формирање на новa специјална единица,па кои луѓе ке одат во таа единица вие што само седите пред компјутер?Не него истите тие што се во Тигрите!
Стварно зошто некој од Волците не правел проблеми до сега? Треба да ги стегнат малку повеќе, да има војничка дисциплина, а не да им се даваат големи овластувања и да се понашаат ко шерифи.
 
I

Iblis

Гостин
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
И дајте, то првата точка, да се распуштат единиците тргнете ја. Стварно нема никаква логика. Глупости е то.
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
74
Поени од реакции
7
Со воведување на строги психолошки тестови ке се среди Единицата а со расформирање или отпуштање на кадри само ке загуби државата и Единицата!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Зошто и на Тигрите распуштање???Доволно е да бидат малку постегнати во смисла не секој некој да е припадник на таква единица.И задолжителна работа на психолог/психијатар во единицата.Убиството е од нивен припадник,ама не е крива целата негова единица.Криви се тие шо пуштиле чоек - машина за убивање во обезбедување на плоштад.Ама ако не добиет највисока казна,нормално дека и други од единицата ќе си земат сила да глумат лудило.На крај,луѓе сме такви сме.

А Алфите нека ги распуштат.Голема е разликата меѓу Тигрите и Алфите.И голем процент од нив,за разлика од тигрите не е соодветно образован и обучуван.

И Министерката да е малце посмирена ќе поднесеше уште одма оставка.Ради морални причини.Ама очигледно фотелјата е удобна.Не ја гласам следниот пат.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Стварно зошто некој од Волците не правел проблеми до сега? Треба да ги стегнат малку повеќе, да има војничка дисциплина, а не да им се даваат големи овластувања и да се понашаат ко шерифи.
Зошто и да сака неможе да прави...сеа ме мрзи да пишува зошто а и да пиша зошто нема да сватиш зошто познавањето за Македонските специјални единици ти е во минус.

Еве да речеме дека ќе се распуштат.
Ако утре со повтори 2001 кој ќе иде да ја брани државата ? Тогаш не треба јаки на тастатура тогаш треба спремни луѓе кој се подготвени да го дадат животот за македонија.
Воведување на строги психолошки тестови може но и немора да има.Ако познавањето за специјални единици ви 1 на скала од 0-100 ќе сватите зошто е тоа така.
Медиумиве гледам добро ве прелажале 90% од тука дека Игор вечерта бил испратен на задача од ЕСЗ,а вистината е дека таму бил испратен од некој друг да го обезбедува настаноа од Х причини никој не го спомнува неговото име :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Потребен ни е егзорцист...Премногу лоша крв...
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
74
Поени од реакции
7
Не смее и немате право да барате распуштање на ЕСЗ Тигар едноставно таа единица и е потребна на Македонија тие луѓе се вежбани и обучувани цел живот за борба со терористи,во овој момент Македонија не смее да изгуби таква единица.Кажав за убиецот мора да има доживотна казна но не смее да се обвинува цела единица или да се омаловажува затоа што тие се луѓето што во случај на војна ке ве бранат додека вие ке седите пред компјутер!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.937
Поени од реакции
45.072
Првата слика е направена од 8 часот, втората е направена од 8 за 9 пред Рамстор.
Според МВР ние во 8 часот сме биле веќе пред Рамстор и дел од групата нападнала полицаец при што му бил украден пиштолот. Напад врз полицаец и украден пиштол ние не негираме, тоа може навистина се случило, но тие кои ова го направиле немаат никаква допирна точка со толпата за која се тврдеше дека била дел од тој немил настан кој наводно се случил, ние од тоа се оградуваме и ние тоа го осудуваме !



КОГО ЛАЖЕТЕ ?!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Зошто и да сака неможе да прави...сеа ме мрзи да пишува зошто а и да пиша зошто нема да сватиш зошто познавањето за Македонските специјални единици ти е во минус.

Еве да речеме дека ќе се распуштат.
Ако утре со повтори 2001 кој ќе иде да ја брани државата ? Тогаш не треба јаки на тастатура тогаш треба спремни луѓе кој се подготвени да го дадат животот за македонија.
Воведување на строги психолошки тестови може но и немора да има.Ако познавањето за специјални единици ви 1 на скала од 0-100 ќе сватите зошто е тоа така.
Медиумиве гледам добро ве прелажале 90% од тука дека Игор вечерта бил испратен на задача од ЕСЗ,а вистината е дека таму бил испратен од некој друг да го обезбедува настаноа од Х причини никој не го спомнува неговото име :)
Кој рече да се распуштат? Јас уште претходно кажав нереално е такво барање, особено за Тигрите. Јас прашав зошто Волците кои војувале и во Ирак и во Авганистан, каде било многу полошо одколку во Арачиново, не почнат да убиваат луѓе и после да се жалат на ПВС? Според мене главниот проблем е што конкретно кај полицискиве единици се примаат сомнителни профили со криминални досиеа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.931
Поени од реакции
73.420
Не смее и немате право да барате распуштање на ЕСЗ Тигар едноставно таа единица и е потребна на Македонија тие луѓе се вежбани и обучувани цел живот за борба со терористи,во овој момент Македонија не смее да изгуби таква единица.Кажав за убиецот мора да има доживотна казна но не смее да се обвинува цела единица или да се омаловажува затоа што тие се луѓето што во случај на војна ке ве бранат додека вие ке седите пред компјутер!
Тоа е моментот поради кој се бара оставка од сите одговорни структури.
Кај се видело специјалци да обебзедуваат митинг?
Ако се користат само во војни, што мајка бараат секоја недела да обезбедуваат спортски утакмици?
Треба да се ограничи нивната употреба, они се тука да го штитат народот, а не да бидат користени како апарат на владата за да го заплашува народот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom