...On a rainy day...

  • Креатор на темата Креатор на темата Slatka_Mala
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам ама мене баш ми е супер баш кога врне , кога е тмурно кога има виулици, некако имам посебно чуство во мене кое ме исполнува
 
On a rainy day... имам само желба за спиење... и да беше така лесно... ах...
 
па? сакате - мразите дожд, обожавате кога врне, ви расипува расположение итн...Накратко, што правите кога врне?

Хахаха прво да ти кажам дека прв пат те среќавам на форумов, а и јас имав сличен ник: *slatko malo* :)

Сеа, одговор на темата. Дали сакам дожд, зависи од тоа кај се наоѓам коа врне :) Ако сум негде излезена и ми заврне а јас сум по некои текстилни патичиња, богами не ми е омилен дождот у тие моменти :) Ама, ако сум дома, и има некое влажно неделно утро, задоволство ми е да останам у кревет уште некое време будна, па да се завиткам у џемперче и чорапчиња, да си зеам чаша млеко и да полежам уште малце :) И да, коа врне често имам инспирација за учење, најверојатно зашто не е многу погодно за шетање.
 
Сакам дожд кога сум дома и се излежувам во креветот :) Најубаво ми е тогаш да гледам некој филм или да читам книга,ама и кафе муабет со друштвото по дома во дождливите денови е убава опција :)
 
Сакам кога врне само во деновите кога ми е густо со колоквиуми и испити. Најубаво се учи кога надвор врне :)
Кога врне воглавно сакам да си останам дома, иако има моменти кога уживам да шетам по водените улици особено кога имам некои проблеми, па шетајќи со чадорот си го расчистувам хаосот во главата :D
 
Обожавам кога врне летно време.
 
Кога врне обожавам да спијам а освен тоа многу сакам да гледам филм или да читам добра книга... Инаку не би ми дошло лошо кога ке си легнам па ке си пуштам музика па уживанција ехеее.... :D
 
Сакам кога врне, а посебно летно време.Седнам на терасата, слушам музика или ги слушам капките и набљудувам.Милина.

:D :D
 
Сакам дождливо време, дождот ми носи некое посебно, смирувачко чуство. Има повеќе ситуации кои ми годат, но која ќе биде зависи од околностите.
Сакам кога врне а јас со саканиот да шетам, така убаво да не накисне, косите да ни бидат мокри, капки да се слеваат по лицето а ние да разменуваме по некој бакнеж.
Сакам кога врне сама да сум, сама да шетам со мислите мои ко демек дождот ќе ги испере, ќе ги однесе со него. Сакам целата да сум мокра а јас да шлапкам по вировите, тогаш во мене се враќа она мало девојче од пред 20 години.
Сакам кога врне и дома да сум, да го слушам дождот како удира по прозорот а јас да читам нешто, да гледам некој филм или едноставно да седам во тишина.
Едноставно го сакам дождот тогаш некако цела се разнежнувам, ме смирува и ми годи тоа чуство.
 
Најубаво се чуствувам кога врне, го обожавам дождот, има нешто во него што ме прави исполнет и прави да се чуствувам подобро...some people feel the rain, others just get wet.
 
Ако сум излезен некаде со друштво и ако заврне ме нервира али ако сум дома некако ме тера на спиење xD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom