Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе им паднал ебати дегените??милјарда споменици се поставија низ скопје,уште не научија како се реди споменик???

Епа се вртеа се вртеа околу него, полево подесно и бам, среќа малку порано сабајле беше тоа, не беше накај 3,4 попладне, колку народ има тука кај СП маркет, сеир на кило ќе беше. :)

П.С. Да ме убиете не знам зошто е овој кружен тек во Ѓорче, колку само е мала гужвата и краткотрајна што се ствара тула е ненормално ама ајде мора да се трошат пари.
 
Кружните текови се нормална и честа појава сегде..посебно западна европа.. скоро секое село секое предградие има кружен тек..подобро е да се реши сообраќајот со кружен тек ,отколку со семафор ..можеби сега не е толку фреквфентно,ама не треба сам оза сега да се мисли..Да се мислело на време за Скопје после земјотресот да се направеле широки булевари со неколку ленти и кружни текови наместо семафори сега немаше да има толку гужва, ни приближно толку гужва
 
Цитро е задолжен за односи со јавност, ќе ти објасни подетално ако треба од она што веќе го пиша погоре.
--- надополнето: Jun 11, 2011 4:43 PM ---

Ај што во минатото не се мислело океј, по таков земјотрес уште на тоа да мислиш, али што праиме со овие сега место Македонија 2014та да праат, праат Скопје 2014 и уште повеќе од провинција ќе доаѓаат, па не кружни текови, ни метро и шинобус не не спасува.
 
Цитро, ти си малку повеќе информиран за новите скулптури.

Го гледам од поодамна Димитрија Чуповски на плоштад, со глава поголема од тело (како и сите други, нели). Ама, и многу е поголем од другите кои се претходно поставени, па дури и поголем и од Ченто како што ми изгледа.

Зошто е тоа така?
 
Па не се слагам баш дека Ск 2014 е со цел да привлече провинцијалци..или пак дека ќе привлече..Суд ,театар,филхармонија,музеј и споменици му е потреба на еден град,Скопје и 200 000 жители да имаше,ќе имаше потреба од ова.. Она што ги привлекува луѓето од другите градови е потрагата по подобра работа , и градењето на станбени комплекси исто така,е грешка од тој агол..па види само во Аеродром ќе се градат три 40-катници,во Ново Лисиче цел станбен блок итн..
--- надополнето: Jun 11, 2011 5:04 PM ---
Цитро, ти си малку повеќе информиран за новите скулптури.

Го гледам од поодамна Димитрија Чуповски на плоштад, со глава поголема од тело (како и сите други, нели). Ама, и многу е поголем од другите кои се претходно поставени, па дури и поголем и од Ченто како што ми изгледа.

Зошто е тоа така?

Може му е голема главата ,ама да е поголема од телото сигурно не е :D ..Според некои пропорции главата треба да е 1/9 од висината на човек..па сега мери ти.. А за Ченто да ,го направија со голема глава прво и второ го утнаа материјалот,требаше бронза, не мермер
 
Кружните текови се нормална и честа појава сегде..посебно западна европа.. скоро секое село секое предградие има кружен тек..подобро е да се реши сообраќајот со кружен тек ,отколку со семафор ..можеби сега не е толку фреквфентно,ама не треба сам оза сега да се мисли..Да се мислело на време за Скопје после земјотресот да се направеле широки булевари со неколку ленти и кружни текови наместо семафори сега немаше да има толку гужва, ни приближно толку гужва
Не знам дали си бил во Ѓорче, но местото каде што требаше да се прави овој кружен тек е на раскрсницата кај црквата во Ѓорче, не на сегашната локација. Е сега може им се видела попогодна таа локација за споменик, па затоа решиле таму да го направат.
 
Е ајде де ама не знам што му објаснуваш на Цитро битно се гради за него. А за тоа што кружниот тек е на погрешна локација се согласувам и јас со тебе, само таму е помалку фреквентно знаеш, повеќе луѓе ќе го видат направеното ако не е на главната улица.
 
Кога ќе му го стават опашот на коњот на Ѓорче, ќе има пак свечености? Скоро недела помина и уште е без опаш...
 
Гледам многу е во мода градењето споменици,па предлагам да се направи споменик на цар Самоил и 14 илјади ослепени војници,чисто да им помине меракот за споменици, а и скулпторите да земат некој денар...
 
Епа се вртеа се вртеа околу него, полево подесно и бам, среќа малку порано сабајле беше тоа, не беше накај 3,4 попладне, колку народ има тука кај СП маркет, сеир на кило ќе беше. :)

П.С. Да ме убиете не знам зошто е овој кружен тек во Ѓорче, колку само е мала гужвата и краткотрајна што се ствара тула е ненормално ама ајде мора да се трошат пари.

Овде треба да следи моментот: Па што ако нема нозе споменикот,од кај ви прават па и пребирате.
Само оној што не бил во Ѓорче може да продава приказни за кружниот тек. ПР гледам добро си ја врши работата на темава,се разбира и од кружни текови,од материјали,поставувања....
 
Кога ќе му го стават опашот на коњот на Ѓорче, ќе има пак свечености? Скоро недела помина и уште е без опаш...

Опашот ќе му го стават во наредната предизборна кампања и тогаш ќе има уште едно свечено пуштање на споменикот во употреба, овој пат со опаш. ;)
 
Да се отселиме ние од Скопје со време, додека има место

која до 2014 година планира да постави над педесетина споменици. На подрачјето на општината Центар треба да се постават паметници на Климент Охридски, Методија Андонов Ченто, Александар Македонски, Димитрие Чуповски, Гоце Делчев и Даме Груев, цар Самоил. Плус дополнителни педесетина нови. Во општината Аеродром ќе се постави споменик на Јане Сандански, во Бутел, пак ќе се издигнат споменици на Никола Јонков Вапцаров, архиепископите Михаил и Гаврил, како и на Лиман Каба. Додека во општината Ѓорче Петров планирано е да се постави споменик на херојот по кој општината го носи името.
Бедотијата во вакви лични проекти е и форсирањето на јавањето коњи...дали сите овие културни и политички дејци само јавале коњи или се работи за умот и личните желби на градоначалниците. Во секој случај заглавивме во историјата.

што се случува со старите споменици?
Пандемија од споменици
И додека на секој чекор никнуваат нови споменици, поголем број од старите во Градскиот парк со години седат искршени. Најава за нивно реновирање има уште од претходната градоначалничка на општината Центар Виолета Аларова, но ниту таа ниту нејзиниот наследник Владимир Тодоровиќ сé уште не презеле ништо за нивно поправање
Повеќе од 15 споменици и бисти веќе десетици години стојат искршени во Градскиот парк и никој не се грижи за нивно одржување. Од општината Центар велат дека тие споменици се во надлежност на Министерството за култура, а од Министерството, пак, враќаат дека за нив треба да се грижи општината. Ниту градот не се наоѓа прозван за да ги реставрира спомениците, кои се наоѓаат токму пред нивниот нос.

Бистите на Никола Јонков Вапцаров, Коле Неделковски, Орце Николов и на уште десетина истакнати личности од македонската историја десетина години стојат во Градскиот парк искршени и обезглавени.
Ај сега како да не почнеш да веруваш во реинкарнација
 
Цитро, ти си малку повеќе информиран за новите скулптури.

Го гледам од поодамна Димитрија Чуповски на плоштад, со глава поголема од тело (како и сите други, нели). Ама, и многу е поголем од другите кои се претходно поставени, па дури и поголем и од Ченто како што ми изгледа.

Зошто е тоа така?

Се извинувам што му земам работа на Citro :)

Скуплптурата на Чуповски би ми била една од најубавите од проектот Скопје 2014 (ако е дел од Скопје 2014), под услов да не знаев како Чуповски изгледа. Некако не ми е погоден во брадата, мустаките, а и носот му е премногу шпицест (мое субјективно мислење од тоа што сум го видел еднаш во живо набрзина и од сликите). Првпат кога го ја видов скулптурата на слика и не знаев на кого е помислив дека е на Мисирков. Истото ми го кажа и еден пријател.

Колку што се сеќавам од тоа што го учев во средно, главата на возрасен човек е една осмина од целокупната висина на тој човек (глава 1, остаток од тело 7).

За Чуповски немам слика за да споредиме, но еве за Св. Климент и Св. Наум.

5826499850_7d14983931_b.jpg

Пропорцијата ми изгледа ОК според тоа правило (1 спрема 7).

Инаку се смета дека попривлечни се луѓе со размер глава-тело со нешто поголема разлика одошто нормалната 1-7 . Затоа земаат високи манекенки (жените носат потпетици), а и соодносот глава-тело на суперхероите во стриповите (пример Супермен) е 1 спрема 8 (па и 1 спрема 9).

Од друга страна пак сум читал дека на некои поголеми скулптури главите им ги прават намерно поголеми поради перспектива. Бидејќи главата на скулптурата е најдалеку од набљудувачот (што подалеку тоа помало) кога тој стои непосредно пред неа (жабја перспектива), па за да не се гледа како премала. Нз колку ова држи.

Инаку од поновите скулптури не дека сум мерел, ама некако ми стои ко да се со поголеми глави оние на Мисирков и Св. Климент (и двете на Серафимовски).
 
Кога ќе му го стават опашот на коњот на Ѓорче, ќе има пак свечености? Скоро недела помина и уште е без опаш...

Брат не ти изгледа ко еден од четворицата јавачи на апокалипсата? Најозбилно. Не верувам онаков див коњ да имал :ROFLMAO:
 
Ептен е онака див коњ. Па и Ѓорче наш ептен агресивен го направиле. Ваљда сакале преку тоа да опишат какво население живее у населбата. Покажува кон Волково, Геге а со газот накај Хром. Типична ѓорчепетровска филозофија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom