Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
- Член од
- 16 октомври 2009
- Мислења
- 7.349
- Поени од реакции
- 7.606
Агностикот, од страна на атеистите, се смета за атеист, кој нема (со извинение) муда, да го подржи ставот дека Господ не постои, заради една или друга причина.Агностик е исто што и верник, без обреди и остали глупости.
Од страна на верниците, агностикот се смета за предавник, бидејќи се обидува преку повик на науката, да се придружи на секуларната природа, а и атеистите, но преку свои дефиниции и толкувања за религијата.
Агностиците, самите не следат никаква религиозна филозофија, туку сметаат дека постоењето на некаков Бог, не може да се докаже (од верниците) или отфрли (од атеистите), бидејќи самата наука , технологија, па и човековоата мисла, без разлика колку напреднуваат, не можат да го потврдат ни едното ни другото.
Јас би рекол дека агностикот не се потпира на слепа верба во нешто што никогаш нема да може да се докаже дека постои со 100% сигурност, нити да се преправаат дека знаат нешто сo 100% како ставовите кои доѓаат од атеисти .
Секако, во контекст на религија. За други работи ова може да има друг резултат.
До ДМТ
Јас се сметам за агностик/атеист мешавина. И да, од напишаното, некој може да се навреди .