Zatoa sto kako drzavjani na Republika Makedonija imaat ustavno garantirano pravo da glasaat.
Колку што знам никој не забранил на некој од дијаспората да си гласа во Македонија, седнува во авион и доаѓа и си гласа во изборното место каде е евидентиран (како што се правеше за локалните за Кичево на пример).
Зошто да има посебна изборна единица само за дијаспората? Зошто ако толку сте заитересирани да гласате на избори излегуваат само 5-600 луѓе. Зарем вашиот глас вреди 10 пати повеќе од мојот само заради тоа што носите девизи? Па и јас носам девизи од странски проекти. А што да кажат 300.000 невработени што не носат никакви пари, дали да им забраниме да гласаат, хм? Како тоа за 3 пратеници од дијаспората се трошат 25-30% од сите пари предвидени за изборниот процес, т.е. 10-15 пати повеќе од пратеник во Мкд. Зошто не излезе некој од дијаспората и да каже дека самите ќе си покриете тие трошоци, а не да чекате од жална Македонија да крати на здравство за случаи како Тамара за на вас да ви угоди?
Ај да збориме за ефектите од овие пратеници што се избрани од дијаспората, колку успеале во нивната задача, колку од дијаспората ги знаат и им се обратиле за извесни проблеми, колку лобирале за Македонија во соодветните држави/ изборни места? Што фајде од нив?
Значи не сум против да гласа дијаспората ама мора да ги исполни следниве услови:
Минимум 10.000 гласачи да излезат на едно изборно место
Трошоците за организирање на изборите да не смеат да бидат енормни како што се сега (или ако се тогаш дијаспората да си покрие)
Пратениците избрани од дијаспората секоја година да даваат отчет за сработеното, што придонеле тие за Македонија