Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Не мора. Само со вода и сол свари ја. После одозгора малку кечап и кркај :)

А кечапот нема масло??? :pos: Мажи... :pehar:

За варење палента треба масло, инаку е за никаде. Постам за Велигден, верувај ми доста рецепти сум пробала. :pos:
 
Дајте нешто посно без зејтин зошто ќе паднам во несвест за брзо време :))

Се јави човекот што многу пости хаха
Еднаш во животот имам постено и тоа 8 годинки ко имав, ама бидејќи мајка ми пости секоја година, обично таа прави посен зелник со коприви и ореви.
Благо ти кажаа алва најчесто се јаде, ванилици.
Можеш печурки да јадеш, што друго ? Хмм , не ми текнува друго :D
 
Прв пат постам во животот и тоа се решив до крај без масло. Ама веќе компири,зелка и некоја си супа од зеленчук (се варено само со вода и сол,што во уста не се става) неможам да го јадам,ми се блуе.Навистина незнам како живеат вегетаријанците,не ми е јасно :) Па и тоа локумот гаден...ем ни алва јадам,ни пак некогаш сум јадела зеленчук и овошје.
Од толку што кукам цел свет разбра дека постам :icon_lol:
 
Мармалад имаш милион врсти, ориз како сутлијач, тоа е без масло, само вода и шеќер, убаво е. Чекај ќе ми текне што јадев првата недела.
 
Солено хич солено мисли! :)
 
Ориз и грашок како гарнир направено, плус одозгора може да ставиш пиперка и патлиџан. Може и без масло, ова го ставаш во тепсија и го печеш у рерна. Значи ориз, грашок, патлиџан, пиперка, вода, сол, бибер, вегета. Со ова иде и цвекло.
 
Солено хич солено мисли! :)

Леле ти на прва најтешкото си го одбрала...
Вари шпагети и макарони без зејтин (пази само на кесичката читај да не има јајца во нив). Потпечи ги со растителен кашкавал и топ јадење имаш..:)
 
Леле ти на прва најтешкото си го одбрала...
Вари шпагети и макарони без зејтин (пази само на кесичката читај да не има јајца во нив). Потпечи ги со растителен кашкавал и топ јадење имаш..:)

Во тестото за тестенини се става масло.
 
Во тестото за тестенини се става масло.
Не ми текнало тоа на тоа.
Леандра, земи пости со зејтин јас барем секогаш така правам кога држам пост освен последните три дена кога е задолжително без зејтин. 40 и кусур дена ќе ти се слоши од истоврсната храна зашто се едно исто ќе јадеш, ќе снемаш енергија.
А вака со зејтин можеш многу комбинации да си направиш. Имаш кечап, кифли, геврек, во суштина доста посни тестенини кои можеш да ги конзумираш. Има и посни крембанани кога стнаува збор за благо, ама треба да се потрудиш да најдеш. После тоа имаш чоколадо за кување од разни производители (на Свислион е најасално) за да не јадеш алва цело време кога шеќер ќе ти падне..:)
 
Спанаќ и ориз исто ова во тепсија :) Значи, спанаќот се обарува малку. Потоа го цедиш малку спанаќот и го ставаш во подлабога тепсија, го додаваш оризот, ставаш малку вода, зачини и потпекуваш во рерна. Не треба масло.

--- надополнето ---

Не ми текнало тоа на тоа.

Не ја срди! Штом си одлучила не чини да ја предомислуваш. :smir:
А Леандра прво да ни каже што јаде, оти јас како му завлегов на оризов...

--- надополнето ---

Свари палента без масло, остави ја да се олади. Земи модар патлиџан и обичен патлиџан, обарена брокула, кромид, сето ова исечи го на ленти. Истурија палентата во тепсија нареди се одозгора стави зачини и потпечи го малку.
 
А кечапот нема масло??? :pos: Мажи... :pehar:

За варење палента треба масло, инаку е за никаде. Постам за Велигден, верувај ми доста рецепти сум пробала. :pos:

Кечапот нема масло.........Убо си рече детето! :)
 
Во тестото за тестенини се става масло.

Од каде тоа дека има масло во тестенините? Мислиш на можни трагови од масло или навистина како ставка во подговотката има масло? Ако мислиш на трагови од растително или животинско масло тогаш таа веројатност ја имаш кај безмалку 100% полупроизводи (вклучувајќи ги и супите).
Ако веќе форсираш без масло тогаш строго само зеленчук и овошје на милион начини - печени, варени, печени, варени, печени, варени Х милион :)

Едит: кечап не се спрема со масло, така да стои како опција за „прихрана“ :)
 
А кечапот нема масло??? :pos: Мажи... :pehar:

За варење палента треба масло, инаку е за никаде. Постам за Велигден, верувај ми доста рецепти сум пробала. :pos:
Od kade pa sega vo kecapot maslo? :)
 
Спанаќ и ориз исто ова во тепсија :) Значи, спанаќот се обарува малку. Потоа го цедиш малку спанаќот и го ставаш во подлабога тепсија, го додаваш оризот, ставаш малку вода, зачини и потпекуваш во рерна. Не треба масло.

--- надополнето ---

Не ја срди! Штом си одлучила не чини да ја предомислуваш. :smir:
А Леандра прво да ни каже што јаде, оти јас како му завлегов на оризов...

--- надополнето ---

Свари палента без масло, остави ја да се олади. Земи модар патлиџан и обичен патлиџан, обарена брокула, кромид, сето ова исечи го на ленти. Истурија палентата во тепсија нареди се одозгора стави зачини и потпечи го малку.

Во тоа е проблемот,што јас цел живот јадам месо,без сирење не седнувам и не јадам салати без узо :)
Како би јадела спанаќ без јајца и кисело млеко незнам.Ми сварија гравче,само што го видов ми се кренаа цревата.Комотно можеш глава да се измиеш со него :))
Ова оризот и грашокот во рерна ќе го пробам утре.Иначе секој ден јадам варен компир,во комбинација со кисела салата која без зејтин е како трат,банани и маслинки.И секој ден се прашувам како ќе преживеам :)
 
Има некој искуство со правење на суши? Мислам со веќе спремните состојки што се продаваат во веро (алги, риба и ориз).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom