Да не бидам толку толерантна и прилагодлива.
Да знам да кажам „Стоп...крај!“ кога веќе навистина е доста!
Да не оставам некој да ми се качи на глава и ја злоупотребува мојата вљубеност ( подобар лек е не се заљубувај ама ајде да не претерувам :p
)
Научив дека што повеќе мазиш и пазиш некого, сета љубов и светот му го даваш дека не си веќе интересен, дури и досаден стануваш (подобро е да си кретен, чудна човечка психологија, ама кога си кретен повеќе потскокнуваат околу тебе и се трудат, не се цени посветеноста)
Да не простувам неверство. (налево круг војнички и гитла понатаму со животот)
Да не си дозволам да се заљубам до толку... И да имам резерви
Научив и дека Марфи е заебан тип , а животов е нефер- она што јас го градев и се она што јас го посакував на крајот го доби друг, не јас таа што се дадов себе си и барав малце за возврат, туку некој што не требаше ништо да прави, туку само да се појави и да добие се. Лајф ис а бич мен
И да, научив дека cuando alguien se va, el que se queda sufre mas
Во превод- Кога еден заминува, тој што останува, страда повеќе
И такаа
Уште се ова да се примени понатаму и супер ќе е