Што научив?
Целата се вложив во таа врска, буквално се што имав и на крај останав без ништо. Не го обвинувам него, не обвинувам никого. Сакав еднаш и никогаш повеќе. Не сакам пак да се изгорам. Лошо е да сакаш и да мислиш дека те сакаат. Како малите деца што се лажат со чоколатце, така и јас млада тинејџерка се излажа на безрезервна љубов. Бла, бла, бла, бла! Лаги, лаги и исклучиво САМО ЛАГИ И ФИЛМОВИ!
Научив и со сигурност можам да изрежирам една шпанска серија! Јас и тој бевме баш тоа – шпанска серија.
Научив да не се трошам, да не им се предавам и да не им верувам безрезервно на луѓето, барем не сега.
Научив да бидам лоша! Научив да се чувам, и тоа на најгадниот начин – да бидам чудовиште без чувства и да газам се пред себе. Катастрофа...