MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Полека, полека...Сега ќе испадне дека било која промена кај породот во однос на родителите е еволутивен процес!? Простата промена на димензиите автоматски е еволуција?Например ако преживуваат потомците со подолги нозе со тек на време тој ген ке стане доминантен и преку илјадници и илјадници генерации ке имаш единки кои драстично се разликуваат од почетните, например ке имаат нозе од 2м наместо од 1м и со тоа ке се приспособени за својата околина.Нема наеднаш магија, пуф, туку тоа оди преку мноооогу генерации.
--- надополнето: Jun 9, 2011 10:49 AM ---
Све ми се чини дека премногу го „растегна„ начинот на кој и каде се појавува таа нова информација...Премногу можности, значат и премну влезни варијабли, така да тешко ќе биде да се прецизира „местото„ и начинот на кој се формира таа нова информација.Новата информација може да настане кај родителите и да предизвика промена на особините на родителот. Оваа информација може, но не мора да биде наследена.
Потоа, информацијата може да настане „помеѓу“, односно во репродуктивните клетки на родителите - спермата и
јајце клетката. Доколку се случи ова, особината која ќе биде наследена нема да има влијание на родителот. Ова мислам дека е поверојатно поради мешањето на хромозомите и поголема делба на клетките поради што мутаците се поверојатни.
Исто така, новата генетска/генеричка информација може да настане и кај ембрионот, односно кај породот. Во текот на раниот развој делбата на клетките е поизразена и заради тоа „грешките“ се поизразени.
Ова е од она колку што знам јас за човековата репродукција.