Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Interesno kako poveketo od tie religii koi lukaviot ni gi nudi postoele daleku pred hristijanstvoto.

Староста од религиите смешен „доказ„ за нивата точност. Тоа што одредени религии се дури и постари од рисјанството, не ги чини тие религии „повистинити„; рисјанството се надоврза на јудаизмот, а јудаизмот има директно „потекло„ од Бог, преку старозаветните патријарси и пророци, кои постоеја и пред будизмот и пред хиндуизмот. Сите други религии имаат чисто човечко и идолатриско потекло.
 
Старотса од религиит е смешен „доказ„ за нивата точност. Тоа што одреднеи религии се дури и постари од рисјанството, не ги чини тие религии „повистинити„; рисјанството се надоврза на јудаизмот, а јудаизмот има директно „потекло„ од Бог. Сите други религии имаат чисто човечко и идолатриско потекло.
Ama i judaizmot ima poteklo od covek. :ROFLMAO:
 
А што ќе кажеш на тоа дека имало момент кога твојата религија не постоела?
 
Не е битно што не постоела под името „христијанство„, битно е дека таа религија Го има во себе предвечниот Бог, кој по Негова промисла, прво ги повика јудеите на спасените, но преку Апостолите, не повикува сите кај Него.
 
1. Евреите немаат митологија, туку Стар Завет, кој сам по себе е од Бога вдахновен. Талмудот и неговите гадотии нема да ги спомнувам.
2. Било кој може да каже било што на лично-рационална основа, без никаков духовен опит и да биде убеден дека е во право.
3. Ничија верзија за насаноткот наСветот, па ни креационистилката, не може да биде вистинита, оти е чисто човечка творба, за која немаме Божја потврда за нејзината точност. Затоа, православната Црква не поддржува нит еволуција нит креација, туку Црквата поаѓа икслучиво од Божјите вистини, кои Он ги објавува до родот човечки.

„Таму„ каде Бог нешто не поткрепува, тоа може да биде саде полувистина или во најлош случај, тешка лага.

1. Евреите имаат митологија. БУЈРУМ да си прочиташ, па да си знаеш. Таму ти се и Заветот и Талмудот
2. Шо сакаш да си каиш!
3. Како тоа „човечка творба“?!?! Дали не си читал, дали не си разбрал, што ли, ама креационизмот е буквално толкување на Библијата. Имаш ти нешто против вистините во Библијата? Викаш дека не се вистини?
 
Де бе, саде ја ли ќа одговара на форумов! Ееееее више!......:D
 
А што па се јавуваш неповикан да одговараш? :)
 
Замре мојата омилена тема :(

Дај бе креационисти напишете уште некое дебилно тврдење, ако немате нови, поставете некое прашање кое е стопати одговорено for the sake of this thread.
 
Bunk,
ајде одговори на ова прашање, кое веќе го поставив а немаше одговор: каде и како се формира новата генетска/генеричка информација, која продуцира измени кај породот во однос на родителите:
1. Кај родителите?
2. Кај породот?
3. Некаде „помеѓу„?
 
Bunk,
ајде одговори на ова прашање, кое веќе го поставив а немаше одговор: каде и како се формира новата генетска/генеричка информација, која продуцира измени кај породот во однос на родителите:
1. Кај родителите?
2. Кај породот?
3. Некаде „помеѓу„?

Јас мислам дека е отприлика 23 + 23 па малку шејк а шејк и се добива конечниот производ.
Ако се оди според вашата креационистичка логика тогаш би требало децата да се идентични како родителите, но поради мешањето на гените го добиваме тоа што го добиваме. Мендел го учевме во средна школа, земи потсети се малку.
 
Gade,

никаде не се изјаснива за креационист, а уште помалку за еволуционист. Но ,пак не гледам одговор на моето прашање, кое нит е креационстичко, а уште помалку верничко. Се обидувам да ја увидам логиката на еволуционистичкото толкување, кое очигледно дека нит на ниво од испразна тероија, нема одговор.

Значи, вака: ако родителот ја произведе (на некој чуден начин..) новата генетско-генеричка информација, која ќе предизвика „милиметарска„ промена во наредната генерација, тоа би значело дека таа тазе информација, едноставно МОРА да предизвика промена и кај родителорт, така? Инаку родителот би останал имун на влијанието од инфото кое самиот родител го создал и самиот родител ја поседува!

Ако информацијата е создадена кај родителот, а не влијае на родителот, од кај знае таа информација дека не треба да влијае на родителот, туку ќе почне да влијае на породот?
 
Абе да не навлегувам сега многу, има цела наука за тоа(генетика), ама сигурен сум дека си слушнал за доминантни гени за рецесивни гени и како одат законите за нивното наследување.Ако сите во твоето семејство имаат црна коса, тебе може да ти се роди дете со плава коса, затоа што рецесивниот ген наследен од твојата прабаба сега станал доминантен.Има за генетика многу, земи гуглај.
 
Не ми е муабетот за тоа како се мешаат гените од родителите и како се наследуваат родителските особини кај идната генерација, туку муабетот ми е: каде се формира таа нова генеско-генеричка информација, која ќе предизвика не просто наследување на особините од родителите, туку информација која ќе предизвика мала промена кај породот, така да породот би бил еволутивна стапка во однос на родителите, т.е породот би имал „нешто„ кое родителите го немаат, а тоа „нешто„ би било доказ за постоење на еволутивните процеси,
 
Не ми е муабетот за тоа како се мешаат гените од родителите и како се наследуваат родителските особини кај идната генерација, туку муабетот ми е: каде се формира таа нова генеско-генеричка информација, која ќе предизвика не просто наследување на особините од родителите, туку информација која ќе предизвика мала промена кај породот, така да породот би бил еволутивна стапка во однос на родителите, т.е породот би имал „нешто„ кое родителите го немаат, а тоа „нешто„ би било доказ за постоење на еволутивните процеси,

Например ако преживуваат потомците со подолги нозе со тек на време тој ген ке стане доминантен и преку илјадници и илјадници генерации ке имаш единки кои драстично се разликуваат од почетните, например ке имаат нозе од 2м наместо од 1м и со тоа ке се приспособени за својата околина.Нема наеднаш магија, пуф, туку тоа оди преку мноооогу генерации.
 
Bunk,
ајде одговори на ова прашање, кое веќе го поставив а немаше одговор: каде и како се формира новата генетска/генеричка информација, која продуцира измени кај породот во однос на родителите:
1. Кај родителите?
2. Кај породот?
3. Некаде „помеѓу„?

Новата информација може да настане кај родителите и да предизвика промена на особините на родителот. Оваа информација може, но не мора да биде наследена.
Потоа, информацијата може да настане „помеѓу“, односно во репродуктивните клетки на родителите - спермата и
јајце клетката. Доколку се случи ова, особината која ќе биде наследена нема да има влијание на родителот. Ова мислам дека е поверојатно поради мешањето на хромозомите и поголема делба на клетките поради што мутаците се поверојатни.
Исто така, новата генетска/генеричка информација може да настане и кај ембрионот, односно кај породот. Во текот на раниот развој делбата на клетките е поизразена и заради тоа „грешките“ се поизразени.

Ова е од она колку што знам јас за човековата репродукција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom