Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Инаку, да не се навредат форумџиите кои се од Радишани и Маџари, ама тоа се населби кои се далеку од елитни. И двете се просечни, приградски населби кои никогаш не би ги карактеризирала како елитни. Тафталиџе, можеби да. Водно, Црниче, Трнодол... Ама Радишани - елитна населба? o_O
Ироничен е :) .
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Ете, ова сум го пропуштила. Ме интересира што прават старите во Битола, Охрид, Прилеп, Берово? Ова е најбесмислената "карактеристика на Скопје" што сум ја прочитала. Зарем старите во Битола не ги гледаат сериите? И не шетаат по Широк Сокак (или било кое место во Битола)? За другите градови не знам, еве, ќе го земам Охрид како пример зашто секое лето по 2-3 месеца имам седено, ќе ги изгледаат сериите и ќе се напикаат сите на клупите по кејот и ако седне било кој помлад од 93 години го гледаат прекорно и коментираат.
Инаку, да не се навредат форумџиите кои се од Радишани и Маџари, ама тоа се населби кои се далеку од елитни. И двете се просечни, приградски населби кои никогаш не би ги карактеризирала како елитни. Тафталиџе, можеби да. Водно, Црниче, Трнодол... Ама Радишани - елитна населба? o_O
Не ја сфаќам карактеристиката на сите форумџии, не само на Кајгана, да се зафаќаат и да полимизираат за субјективни работи и гледишта. Јас така го доживувам, мое право е и си го кажувам моето мислење.

И да,...сарказам е тоа што го пишев!
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Ок де, јас не реков ништо лично против тебе. Само го воопштив примерот. Тоа за сарказмот го пропуштив, признавам, слабо ми работи мозочето деновиве. :confused: Но, имам право моето субјективно мислење да биде спротивно од твоето субјективно, нели? :love: Впрочем, нели и за тоа служи Кајгана, и сите форуми, за дискусија на различни теми поаѓајќи од сопственото гледиште?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
На ваква тема нормално е сите да имаме субјективни гледишта и да не се согласуваме со другите ставови. Секој ќе се најде засегнат од мислењето на другиот. Јас многу пати се навредувам кога другарите ќе ме заебаваат оти сум живеел во Топанско Поле (населба во Чаир, Скопје) која според нив (врз база на стереотипи или незнам ти што) е селска населба со ниви, полјанки и слично. Тие или никогаш не биле тука или намерно провицираат, факт е дека мојата населба е најурбана населба во Скопје и постојано нешто тука се гради а за тоа не говори тоа што јас живеам тука и сум пристрасен туку фактот што 97% од градбите се згради, 3% се модерни куќи, имаме Рамстор, Веро, Тедико, Кам, 2 основни училишта, 1 средно училиште, оптички кабли од Телеком, кабловските провајдери, тениско игралиште, фудбалско игралиште, зеленило, моментално се одвива реконструкција на сите улици во населбава, целосна електрификација и канализација на територија од 1,5 км2, на површина од 1,5 км2 живееме македонци, албанци, роми, бошњаци, турци итн. сложно и без конфликти. Така да секој кој ќе тврди дека неговата населба е најдобра нека изнесе аргументи кои ќе држат вода :) Можеби малку се оддалечив од темава но мислам дека беше неопходно да се каже вакво нешто пред меѓусебно сите да се изедеме за тоа чија населба е најдобра. А за проблемот што луѓето од внатрешноста го имаат кога се доселуваат во Скопје има едно решение. Нека се прилагодат на културата што ја носи самиот град и начин на живеење па ќе видите дека никој нема да забележи дека сте од друг град/село, а вие со вашите манири кога ќе дојдете во Скопје „бодете очи“ и изнудувате негативни коментари. Факт е дека не секој може да биде Скопјанец, не е работата само да се доселиш во Скопје и да кажеш „еј видете ме јас сум Скопјанец“ туку и треба да се однесуваш како таков, а тоа е културно однесување како што му доликува на еден граѓанин од метропола со цивилизирани манири. Фрлањето ѓубре по улица, од балкон, правењето ајвар на сред улица, секнење на носот онака сочно и плукањето на секој чекор можеби се обележје на вашето село/град но во Скопје не се! Или тоа или секогаш ќе бидете цел на потсмев и нема да можете да се вклопите во Скопскиот начин на живот. Добронамерна сугестија од Скопјанец!
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
А за проблемот што луѓето од внатрешноста го имаат кога се доселуваат во Скопје има едно решение. Нека се прилагодат на културата што ја носи самиот град и начин на живеење па ќе видите дека никој нема да забележи дека сте од друг град/село, а вие со вашите манири кога ќе дојдете во Скопје „бодете очи“ и изнудувате негативни коментари. Факт е дека не секој може да биде Скопјанец, не е работата само да се доселиш во Скопје и да кажеш „еј видете ме јас сум Скопјанец“ туку и треба да се однесуваш како таков, а тоа е културно однесување како што му доликува на еден граѓанин од метропола со цивилизирани манири. Фрлањето ѓубре по улица, од балкон, правењето ајвар на сред улица, секнење на носот онака сочно и плукањето на секој чекор можеби се обележје на вашето село/град но во Скопје не се! Или тоа или секогаш ќе бидете цел на потсмев и нема да можете да се вклопите во Скопскиот начин на живот. Добронамерна сугестија од Скопјанец!
Ова не ти требаше. Плукањето, фрлањето ѓубре по улица и правењето ајвар на сред улица не се карактеристика на луѓето од провинција, туку на сељаците. Го прават и луѓе родени и пораснати во Скопје. Не е работата да бидеш роден во Скопје. Тоа е нешто што те учат родителите и се вика "општа култура и добро однесување" и нема врска со местото на потекло.
 
Добро воспитаните тоа не го прават, сељаците ги има секаде низ државава вклучувајќи го и Скопје..поентата ми беше таквите луѓе неможат да бидат ниту Скопјани, ниту Битолчани ниту Струмичани...човек кој живее во град треба да знае основни правила и бон-тон. Во постов зборував конкретно за Скопје, инаку тоа важи за секој град..
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Еве ...

Текстот доби на популарност и е објавен на Бркај Работа (клик на сликата ќе ве однесе автоматски до статијата)!

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427

На вечната тема, еве што тој има да каже. Ние, ќе оставиме читателите да ја бранат честа на Скопје или да го поддржат Михајло.
Демек некој ја нападна па треба да ја браниме..
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
На ваква тема нормално е сите да имаме субјективни гледишта и да не се согласуваме со другите ставови. Секој ќе се најде засегнат од мислењето на другиот. Јас многу пати се навредувам кога другарите ќе ме заебаваат оти сум живеел во Топанско Поле (населба во Чаир, Скопје) која според нив (врз база на стереотипи или незнам ти што) е селска населба со ниви, полјанки и слично. Тие или никогаш не биле тука или намерно провицираат, факт е дека мојата населба е најурбана населба во Скопје и постојано нешто тука се гради а за тоа не говори тоа што јас живеам тука и сум пристрасен туку фактот што 97% од градбите се згради, 3% се модерни куќи, имаме Рамстор, Веро, Тедико, Кам, 2 основни училишта, 1 средно училиште, оптички кабли од Телеком, кабловските провајдери, тениско игралиште, фудбалско игралиште, зеленило, моментално се одвива реконструкција на сите улици во населбава, целосна електрификација и канализација на територија од 1,5 км2, на површина од 1,5 км2 живееме македонци, албанци, роми, бошњаци, турци итн. сложно и без конфликти. Така да секој кој ќе тврди дека неговата населба е најдобра нека изнесе аргументи кои ќе држат вода :) Можеби малку се оддалечив од темава но мислам дека беше неопходно да се каже вакво нешто пред меѓусебно сите да се изедеме за тоа чија населба е најдобра. А за проблемот што луѓето од внатрешноста го имаат кога се доселуваат во Скопје има едно решение. Нека се прилагодат на културата што ја носи самиот град и начин на живеење па ќе видите дека никој нема да забележи дека сте од друг град/село, а вие со вашите манири кога ќе дојдете во Скопје „бодете очи“ и изнудувате негативни коментари. Факт е дека не секој може да биде Скопјанец, не е работата само да се доселиш во Скопје и да кажеш „еј видете ме јас сум Скопјанец“ туку и треба да се однесуваш како таков, а тоа е културно однесување како што му доликува на еден граѓанин од метропола со цивилизирани манири. Фрлањето ѓубре по улица, од балкон, правењето ајвар на сред улица, секнење на носот онака сочно и плукањето на секој чекор можеби се обележје на вашето село/град но во Скопје не се! Или тоа или секогаш ќе бидете цел на потсмев и нема да можете да се вклопите во Скопскиот начин на живот. Добронамерна сугестија од Скопјанец!
И јас ова го викам. Дојдоа провинцијалците и го загадија Скопје. Фала Богу дојде лето па ке се испразни, ке си одат студентите кои се најбројни во групата на провинцијалци и конечно Скопје ке заличи на вистински град од неговиот ранг а неговата чистотија на секое ќоше ке блеска како бисер.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
И јас ова го викам. Дојдоа провинцијалците и го загадија Скопје. Фала Богу дојде лето па ке се испразни, ке си одат студентите кои се најбројни во групата на провинцијалци и конечно Скопје ке заличи на вистински град од неговиот ранг а неговата чистотија на секое ќоше ке блеска како бисер.
Пффффффф :LOL:

Провинцијалците ви го валкаат градот? Хахахахахахахаха :D
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Пффффффф :LOL:

Провинцијалците ви го валкаат градот? Хахахахахахахаха :D
не-културните луѓе ми го валкаат градот (во најголем број провинцијалци што не значи дека нема и луѓе родени во Скопје кои се однесуваат сељачки).
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
не-културните луѓе ми го валкаат градот (во најголем број провинцијалци што не значи дека нема и луѓе родени во Скопје кои се однесуваат сељачки).
Значи, дел од сељаците ќе си отидат, ама другиот ќе останат, па малку тешко дека "неговата чистотија на секое ќоше ке блеска како бисер" :ROFLMAO: И не поистоветувај провинцијалци (ебате зборот) со сељаци. Множеството ''сељаци'' е пресек на множествата "Скопјани" и "Провинцијалци".
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
не-културните луѓе ми го валкаат градот (во најголем број провинцијалци што не значи дека нема и луѓе родени во Скопје кои се однесуваат сељачки).
ОК супер,...сега сите ќе си одат од Скопје и само Скопјани ќе го валкаат градот и ти ќе уживаш во локал-патриотските гомна!

Good for you!

P.S Смени си го никот во Skopjanicus!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom