Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Ти си ископлкесирана, само негативните работи ги гледаш за скопје и луѓето во него, а за убавите немаш ВРЕМЕ, олабави се малце уживај во животот и гледај ги убавите работи место негативните MWA :)

Хахахаха немам време да се оправам сега :P Се зезам.

Не ги гледам само негативните, си се изјаснив јас претходно што и како не можам да се повторувам на секое, прочитај си и сфати си. И ширење на оптимизам is really not my cup of tea, повеќе сум по реализмот MWAH
 
Ама сте вие Скопјаниве малку искомплексирани, со вакви коментари само го потврдувате општото мислење што го држат луѓево од другиве градови... или до форумов е ипак.

Ова е многу лоша генерализација и мене лично ми е навредлива.

Искомплексирани поединци има и во Скопје како и во провинција но да се генерализира од едно или две мислења е многу неозбилно за ваква дискусија. Јас лично имам повеќе негативно отколку позитивно искуство со луѓе од провинција па сепак не зборам дека не ве бива или сте некултурни.

Прекрасни луѓе има и во Скопје како и во другите градови и ако се потрудиме ќе ги најдеме а другите ќе ги оставиме да си го живает нивниот живот без предрасуди дека едно негативно искуство мора да биде репер за цела една популација (во Скопје или во провинција).
 
Само да ти разјаснам некои работи... јас имам над 20 години а војната траеше преку сила две години, така да немој да ми кажуваш дека вие успеавте да изградите спомени за само две години а ние сме мањак ради тие две години.

Ох, Господе... Никој не вика дека Скопје е бездушно, тоа само така одговараат на вашите форумски провокации затоа што знаат дека некој ќе се изнервира и ќе се расприкаже овде во одбрана на своето Скопје. Ипак прави разлика меѓу вистинско пишување и провоцирачко пишување.

А,за земјата, не сум нит патриот нит локален патриот и сум строго против територијални ограничувања ама тоа е друга тема на муабет...
--- надополнето: Jun 7, 2011 4:13 PM ---

А иначе и тебе да ти разјаснам Desire е моментално во Тетово и да, овде има време да пишува реферати.

Колку и да траеше војната, фактот дека нормалниот начин на живот нешто пред, и многу потоа беше променет. Ајде сега, ќе се објаснуваме за нешто што се подразбира. Можеше слободно да си се шеташ и да создаваш спомени? Ден денес се чувствуваат тие остатоци, а околу твојата нетериторијална филозофија нема да коментирам, зошто не е место за тоа.
--- надополнето: Jun 7, 2011 6:46 PM ---
Божеее, треба може да се правдам што правам у слободно време и зошто не го искористувам у согледување на убавините на Скопје?

Ама сте вие Скопјаниве малку искомплексирани, со вакви коментари само го потврдувате општото мислење што го држат луѓево од другиве градови... или до форумов е ипак.

Јас сум во Скопје па седам на форум :)
Не сум искомплексирана, се бранам себе и моите сограѓани, исто како што ќе те бранам тебе ако дојде некој од друга земја и те нападне. На пример, дојде некој србин и ми продава мене муда за бубрези, како не сме чинеле ние во Македонија, па посебно ете тетовчани не ги бивало. На клоци ќе го вратам од кај што дошол.
Прифаќам добронамерен совет, а не омаловажување.

И не знам дали ти или божицата кажавте за србоманскиот дијалект... да, имате србизирани зборови, сега не можам да се сетам, но сигурно ќе ги напишам, веројатно во некој друг подфорум, каде се зборува за тоа.
 
Па што правиш на форум у ова време????
Иди живеј го животот!!!!
:D:D:D
 
Па што правиш на форум у ова време????
Иди живеј го животот!!!!
:D:D:D

Не знам дали е за мене, ама не излегувам зошто спремам испити :) Од пауза на пауза за цигара седнувам на форум... :)
 
Ејјј ти многу се дрогираш бе ..... со своите џипови, ферарија, масерати, бентли фрчаат низ улиците....
Кај беше ти бе? Милано, Минхен, Лондон? или во САД да не беше?

.......Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.
Сивилото е насекаде околу мене. Градот нема дух. Вештачка творевина исполнет со лажен лицеремен интелект во форма на навидум успешен човек кој својата репутација ја креира со лажен себе-идол (малку различно од егоцентричност и нарцисоизам) за она што сте го постигнал.
Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. Yeah right!
Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).
Малото брдо, не многу поголемо до Тумбе кафе, се величи како да е Монт Блан и постојано се шират приказни до посер за тоа каааааков триумф е да се искачиш до крстот (која дебилна идеја ама ајде) и каков секс може да падне покрај патот до Видиковец или средно Водно (постојано да бидеш освелтуван од дебили со „долги“ светла...а-ха...ооуккеј...no thanks)........

Аман бе! Се што можеше да посереш за градот, посра. Кој те искомплексирал толку?
Што толку ти направил градот стварно незнам, ...те избркале од "Змија", не ти дал Боки13, те силувале женски додека чекаше 5-ка, 23-ка,15-ка,57-ка ????? ...што ти е проблемот(олесни си ја душичката)

...и уште нешто. Кај ти наплатија пиво 120 ден. во ноќен клуб бе несреќо една, па уште и Скопско(кое патем го нема во ниеден ноќен клуб) кој те прелажа, кој ти е*а мајката?

п.с.
stadion_filip_ftori_noce_3.jpg

Скопје

images
 
Со раце под глава во темната соба бдеам во таванот. Менталниот клип за тоа каков ќе ми биде животот во Скопје штотуку се одмота. Безмилосно и со презир ја погледнав Саат Кулата од мојот прозор. „Конечно ќе мрднам од градов, ќе одам некаде каде што никој кур да го боли кој сум, чиј сум, на кого сум...и ќе бидам она што навистина сум“.

The_Clock_Tower_Bitola_by_kokic.jpg

Со нетрпение го очекував знакот под мостот каде што пишуваше Добронидојдовте на влезот во Скопје.

Низ главата ми се вртеше помислата, „Живеам сега во Скопје, работам сега во Скопје,...еј фак...не е мала работа човек да се одлучи на ваков чекор“. Низ главата ми се вртеа филмови на еманципирани луѓе, желни нешто да направат во животот.

2282858-Main_square_in_Skopje-Skopje.jpg

Конечно ќе се движам во кругови како интелектуалниот труд е далеку повреднуван од оној на кого си/чиј си и како ако мрднеш само малку на интелектуално ниво (си издал збирка мочана поезија) се доживува со лицемерен крик на нискобуџетната локална телевизија, која уствари си пополнува место во емисијата „Локални дијагонали“.

Ги замислував седенките на кафе во Аја Лезет, како пијам чај Earl Grey со млеко, бидејќи во Битола ме гледаа како да сум паднал од друга планета, а не дај Боже да те земат на „удолу“ во смисла „Шо му е на чооооеко бе браааат?! (М)Ооооооре ненормалееен“.

...

Skopje_before_rain_by_The_ReaL_MF.jpg

Деновите се нижеа. Декаденцијата на градот полека, полека започна да се отвора. Морзеова азбука. Бетон, асфалт, бетон, бетон, асфалт. Сето тоа спомешано со миризба на плин, бензин и огромни количество дизел.

Стрес на секое лице. Не знам дали е до Сонцето, сињакот или нешто друго, ама брчките на лицето овде изгледаат подлабоки.

Ефектот на добро настегани сардини во смрдливите автобуси те следи на секој чекор. Веќе го научив ритамот и на тоа. 7.30 сабајле, 3.30 попладне, 11.30 навечер. Секои осум саати автобусите крцкаа од луѓе испозалепени како плакати врз гнасните прозори на 5-ка, 23-ка,15-ка,57-ка...

И тука некаде низ сиот песок од нормални луѓе ќе фрлиш поглед и ќе ги забележиш малите бисерчиња - богати луѓе со гнасен материјалистички фетиш, кои со своите џипови, ферарија, масерати, бентли фрчаат низ улиците.
Успат излегуваат пред Holiday Inn да ги мрднат своите дебели машки и ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба.

Штета што кај нас нема мали лепенки за браници на коли (bumper stickers) на кои ќе пишува „Го фатив Господ за мадиња“.

...

A0C6B5961A02F6479EB0197F9A689AA4.jpg

Ги нема седенките во Аја Лезет. Премногу сум/сме зафатени да се избориме за егзистенција или сме пропаднати во длабока меланхолија за викендот кој едвај чекаме да дојде, а кога ќе дојде ...само ја сумираме измината недела и гледаме уствари колку ни е шит животот.

Контактите замираат. Градот е голем. Кој ќе се влечка од Аеродром до Радишани, од Радишани во Капиштец, од Капиштец во Ново Лисиче.

Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.

Сивилото е насекаде околу мене. Градот нема дух. Вештачка творевина исполнет со лажен лицеремен интелект во форма на навидум успешен човек кој својата репутација ја креира со лажен себе-идол (малку различно од егоцентричност и нарцисоизам) за она што сте го постигнал.

Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. Yeah right!

Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).

Малото брдо, не многу поголемо до Тумбе кафе, се величи како да е Монт Блан и постојано се шират приказни до посер за тоа каааааков триумф е да се искачиш до крстот (која дебилна идеја ама ајде) и каков секс може да падне покрај патот до Видиковец или средно Водно (постојано да бидеш освелтуван од дебили со „долги“ светла...а-ха...ооуккеј...no thanks).

Младите „провинцијалци“ одвај чекаат да тркнат до родниот град. Студентите, кур ги боли. Нема мама, нема тато, цело друштво им е тука, шо ќе им се оди дома. Ќе дремат тука месец-два и ќе излегуваат во елитните ноќни клубови, при тоа неминовно е двочасовното чекање ред како за леб во 90-тите (читај: глумат лудило, пуштени од синџир).

6da9a7f576fc833077cd85c116d34cd0.jpg

Читај драги провинцијалецу:

Плата имаш висока во Скопје, во споредба со Битола (ова пополни го со твојот роден град). Но, те молам одбиј за кирија, сметки, живот, транспорт, окапани коски по автобуси како градски, така меѓу градски. 120 денари за шише 0,33 Скопско во Ноќен клуб, ...

Ете тоа.

Повеќе друг пат...

П.С Не одговарам на провокативни одговори на темава. Ова е јас како го гледам Скопје, ништо посебно за вас и вашето его.
DZVER BRAVO za postov
 
Ова е многу лоша генерализација и мене лично ми е навредлива.

Искомплексирани поединци има и во Скопје како и во провинција но да се генерализира од едно или две мислења е многу неозбилно за ваква дискусија. Јас лично имам повеќе негативно отколку позитивно искуство со луѓе од провинција па сепак не зборам дека не ве бива или сте некултурни.

Прекрасни луѓе има и во Скопје како и во другите градови и ако се потрудиме ќе ги најдеме а другите ќе ги оставиме да си го живает нивниот живот без предрасуди дека едно негативно искуство мора да биде репер за цела една популација (во Скопје или во провинција).

Скопје не е ништо поразличен од другите градови. Колку процентуално клошари има таму (во Битола, Прилеп, Куманово), толку има и во Скопје. Горе-доле работите нормално е да се слично, но сепак не исти. Кој доаѓа во Скопје по подобар социјален живот и мисли дека сам ќе му падне во раце, се лаже.

Е сега, она што Скопје го има, а другите градови го немаат, се две работи.

1. Многу универзитети, многу избор.
2. Најголем број на претпријатија по БРОЈ НА ЖИТЕЛИ. Ако во Скопје има 1 претпријатие на 30 жители*, во Берово таа бројка е 1 претпријатие на 312 жители.

Многу ми е одбивна конотацијата на "јас знам се". Дап, слична плата што би добивал во Битола, ќе добиваш и во Скопје. Ама ајде бе, иди вработи се таму?
Си знаат младите зашто доаѓаат овде, а си знаат и нивните родители зашто ги праќаат овде.

Кафичите на Кеј имаат 120 денари Скопско, зашто ако ви ги кажам закупнините кои ги плаќаат, ќе паднете у несвест. Впрочем, ако идеш во Њу-Јорк, на најскапото место (да, кафичите на Кеј се најскапи), ќе видиш дека таму имаат кафиња од $15. И сега, Њу-Јорк исто не ви чини?

Скопје е град, како и сите други. Не е перфектен, впрочем, не можеме да кажеме каков е. Секој од нас си наоѓа место во него, си прави да му одговара. Имам и колеги кои летото сакаат да бидат тука, зашто во нивните делови тоа е мртов период.

Плус, има едно нешто со кое сами се побивате во теориите. Ако е толку прекрасно, проспективно и добро во вашите градови, кој кур доаѓате во Скопје?
А знам дека сте дошле, затоа што го анализирате.

*Таки Фити, 2008ма
 
Сега го прочитав почетниот текст кој ми наликува како да го пишувал Букаро во адолесцентска фаза :D, и ќе кажам мое мислење околу темава од перспектива на турист, останатото се е субјективно мислам.
Негативно-Скопје споредбено со останатите градови што сум ги посетил од архитектонска гледна точка е тиња, патната инфраструктура во Скопје е тиња, јавниот превоз е тиња, историски и останати знаменитости во градот малтене ги нема.

Позитивно - Цените се релативно солидни, ако во останатите градови со 20 евра не можеш да платиш хостел во Скопје ќе ти останат и за храна, ноќниот живот е солиден, има многу убави цуци кој се промускуитетно расположени, безбедноста во глобала е солидна и луѓето се пријателски расположени. (да да точно пишува, само зборни на некој непознат јазик и ќе ти се нафрлат една сурија луѓе кој пукаат од љубезност за да ти покажат правец или поефтин хостел или тоа што го бараш).

Сеа за сега толку ми текнува, останато низ дискусија, секако ако ја има.
 
Скопје не е ништо поразличен од другите градови. Колку процентуално клошари има таму (во Битола, Прилеп, Куманово), толку има и во Скопје. Горе-доле работите нормално е да се слично, но сепак не исти. Кој доаѓа во Скопје по подобар социјален живот и мисли дека сам ќе му падне во раце, се лаже.

Е сега, она што Скопје го има, а другите градови го немаат, се две работи.

1. Многу универзитети, многу избор.
2. Најголем број на претпријатија по БРОЈ НА ЖИТЕЛИ. Ако во Скопје има 1 претпријатие на 30 жители*, во Берово таа бројка е 1 претпријатие на 312 жители.

Многу ми е одбивна конотацијата на "јас знам се". Дап, слична плата што би добивал во Битола, ќе добиваш и во Скопје. Ама ајде бе, иди вработи се таму?
Си знаат младите зашто доаѓаат овде, а си знаат и нивните родители зашто ги праќаат овде.

Кафичите на Кеј имаат 120 денари Скопско, зашто ако ви ги кажам закупнините кои ги плаќаат, ќе паднете у несвест. Впрочем, ако идеш во Њу-Јорк, на најскапото место (да, кафичите на Кеј се најскапи), ќе видиш дека таму имаат кафиња од $15. И сега, Њу-Јорк исто не ви чини?

Скопје е град, како и сите други. Не е перфектен, впрочем, не можеме да кажеме каков е. Секој од нас си наоѓа место во него, си прави да му одговара. Имам и колеги кои летото сакаат да бидат тука, зашто во нивните делови тоа е мртов период.

Плус, има едно нешто со кое сами се побивате во теориите. Ако е толку прекрасно, проспективно и добро во вашите градови, кој кур доаѓате во Скопје?
А знам дека сте дошле, затоа што го анализирате.

*Таки Фити, 2008ма

Не сфаќам каква врска има мојот цитат со напишаното, и дали тоа мене ми се обраќаш? Ако да цитирај со кои делови се согласуваш или не, вака не знам што да ти реплицирам? И јас сум од Скопје но мразам генерализации во стил сите Скопјани се дигнати или сите од провинција се сељаци.

Со постот се согласувам освен за делот за цените на кеј кои без разлика на закупнините се набиени до бесвест.
 
Лошо искочи, кога те цитирав сакав да се надоврзам на твоето - дека се согласувам за тоа дека има искомплексирани и прекрасни луѓе во сите градови. Ама после забегав во други поенти, секако дека не се однесуваше на тебе. :)
 
Така и ми личеше, се разбравме :).
 
Оф топик:
Што прави плавуша меѓу двајца Скопјани у кревет...Им Смета.. :)

Инаку Скопје Да најперспективен град во Македонија...Моментално...Друго шо да кажам лош град за живеење според мене.Ако би бирал никојпат не би го ибрал Скопје за да живеам таму..А ако морам друга прича...
 
Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.

Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).

Ете, ова сум го пропуштила. Ме интересира што прават старите во Битола, Охрид, Прилеп, Берово? Ова е најбесмислената "карактеристика на Скопје" што сум ја прочитала. Зарем старите во Битола не ги гледаат сериите? И не шетаат по Широк Сокак (или било кое место во Битола)? За другите градови не знам, еве, ќе го земам Охрид како пример зашто секое лето по 2-3 месеца имам седено, ќе ги изгледаат сериите и ќе се напикаат сите на клупите по кејот и ако седне било кој помлад од 93 години го гледаат прекорно и коментираат.
Инаку, да не се навредат форумџиите кои се од Радишани и Маџари, ама тоа се населби кои се далеку од елитни. И двете се просечни, приградски населби кои никогаш не би ги карактеризирала како елитни. Тафталиџе, можеби да. Водно, Црниче, Трнодол... Ама Радишани - елитна населба? o_O
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom